Економија
СДСМ: Со одговорните политики ребалансот на буџетот е со заштеда од 200 милиони евра за поголеми плати и пензии

Одговорните политики на СДСМ се рефлектираат преку ребаланост на буџетот, со кој заштедата од 200 милиони евра од непродуктивните трошоци ќе се пренамени за ублажување на последиците од најголемата економска и енергетска криза по Втората светска војна во Европа, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека она што е важно во овој ребаланс е тоа што секоја пренамена на средствата е во насока на поголема заштита на животниот стандард на граѓаните, особено ранливите категории, финансиска поддршка на ликвидноста на компаниите и повеќе субвенции за земјоделците со цел зголемено производство на храна.
Со СДСМ и во време на криза растат платите и пензиите. Просечната плата се искачи над 500 евра, минималната плата се зголеми двојно, на 18.000 денари, платите во образованието рекордно се зголемија 15 %, следува рекордно зголемување на пензиите и нова методологија за постојан раст.
СДСМ продолжува со вистинска грижа за економијата и за сите категории граѓаните, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Првото кумство на згрижувачко семејство во СОС Детско село

Прекрасно е чувството кога партнерството се развива со многу љубов, посветеност и ќе добие форма која се преточи во започнување на традиција на кумство.
Првиот кум на згрижувачко семејство во СОС Детско село е Нептун Македонија.
Настанот се одбележа во СОС Детско село каде што сите деца и згрижувачи ги пречекаа своите кумови со голема радост при што кумовите беа претставени од 20 вработени во компанијата Нептун Македонија заедно со нивниот бренд амбасадор Сашко Коцев.
Згрижувачкото семејство кое го има кумот Нептун Македонија го сочинуваат 5 деца до 14 години со згрижувачка Наташа, семејство кое со многу љубов се подготвуваше да го пречека својот кум и подготвија прекрасни цртежи кои ги подарија на вработените во Нептун Македонија.
Подарокот од кумот е изразен во финансиска донација за поддршка на згрижувачкото семејство за сите потреби кои ги имаат во една година.
Финансиската донација од кумот Нептун Македонија се акумулира преку кампањата: “НЕВЕРОЈАТЕН ПОПУСТ НА ГРИЖА, ЉУБОВ И ВНИМАНИЕ” која се спроведе во периодот од 10 до 31 мај во сите продажни објекти на Нептун Македонија. Се заблагодаруваме и на сите потрошувачи и клиенти на Нептун кои придонесуваат значително во СОС Детско село секогаш кога ќе ги посетат салоните на Нептун Македонија.
Заедно за повеќе насмевки!!
ПР
Економија
Поевтинуваат бензините и дизелот

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС, се намалува за 1,085 ден/кг и сега ќе изнесува 51,564 ден/кг.
Од 8.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 105,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 108,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 101,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 51,564 (денари/килограм)
Економија
Свечено отворање на новата поставка во Музејот на Народната банка посветена на културното наследство претставено на македонските банкноти

Денеска во Музејот на Народната банка свечено ќе биде отворена изложбата В/редности и вредности, којашто е кураторски обид за селекција, презентација и толкување на културното наследство, претставено на тековното издание на македонските книжни пари, од 1996 година до денес. Изложбата е организирана како дел од активностите со коишто Народната банка ја одбележува 30-годишнината на македонската монетарна самостојност и воведувањето на денарот како национално платежно средство.
Поставката, преку осум микроцелини, секоја посветена на засебна банкнота, го опишува и го толкува културно-историското наследство употребено како предлошка за создавање на нивниот дизајн. Поставката ги вклучува охридската Изида, златниот накит на лихнидските дами, виничката икона, боите на Шарената џамија, македонскиот афион, односно археолошкото, уметничкото, архитектонското и природното наследство на овдешните простори.
Изложбата е поддржана од страна на седум македонски музеи, коишто обезбедувајќи пристап до артефактите, овозможија да бидат претставени пред пошироката јавност како обележја на македонските пари.
На свеченото отворање ќе се обратат гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, академик Абдулменаф Беџети и професорот на Архитектонскиот факултет, Митко Хаџи-Пуља.
Изложбата ќе биде отворена за јавноста од утре, 8 јули, и ќе биде достапна за посетителите следните шест месеци, секој работен ден од 9 до 15 часот. Влезот е бесплатен.