Контакт

Економија

Синдикатот од Владата побара зголемување на платите во јавниот сектор за 14,2 проценти

Објавено пред

Синдикатите бараат 14,2 проценти да се зголемат платите во јавниот сектор и да се исплати регрес за годишен одмор.

dobivaj vesti na viber

Како што истакна претседателот на Сојузот на синдикатите, Слободан Трендафилов, по средбата во Владата, тоа што охрабрува е дека има поместување од Министерството за финансии и од Владата во поглед на нивните предлози и забелешки.

Сојузот на синдикатите смета дека со предлогот што го претставиле денеска ќе се надминат сите состојби и проблеми од изминатиот период, кои биле наталожени.

„Прифатлив е моделот од две и пол години за да добиеме методологија како во делот на минималната плата, со тоа што ќе имаме просечна плата по коефициент на сложеност по истекот на две и пол години“, рече Трендафилов.

ССМ смета дека ако од септември се случи тоа, да почне примената на општиот колективен договор за јавниот сектор, функционерските плати ќе треба да се вратат пред одлуката на Уставниот суд и зголемувањето на платите да биде како за нив така и за работниците.

Синдикатите предложиле инфлацијата, која минатата година беше 14,5 проценти, да биде основен параметар со кој ќе се зголемат платите на вработените во јавниот сектор, од најниската категорија на работно место до највисоката, претседателот на државата и сите да добијат процентуално зголемување на платите.

Трендафилов по средбата објасни дека дискусијата се одвивала во насока на тоа дали да се земе како параметар зголемувањето на минималната плата од 12,55 или, пак, колку што е зголемена просечната плата – 10,9 проценти.

В среда, како што најави, продолжуваат состаноците во Министерството за финансии, каде што ќе бидат претседателите на сите синдикати во Македонија, и во најтесен круг ќе разговараат за можното решение.

„Решението мора да важи за сите еднакво. Не можеме ние како претставници на работниците да дозволиме 78 проценти зголемените плати на функционерите да се зголемат за дополнителен процент. Нема да дозволиме функционерските плати дополнително да растат на ваков начин. Синдикатите се едногласни по прашањето, нема таков човек, нема таков синдикалец што ќе потпише општ колективен договор на нивна штета. Предлогот е да се утврди на кој начин ќе пораснат платите. Ако се случи во септември, сите вработени во државата треба да знаат за колкав процент ќе им порасне платата. Нашето барање е 14,2 проценти да се зголемат платите во јавниот сектор и да се исплати регрес за годишен одмор во целиот јавен сектор“, додаде Слободан Трендафилов.

Економија

Ограничени маржите на над 1.000 производи, одлучи Владата

Објавено пред

Владата донесе одлука со која се ограничува маржата во трговијата на големо и трговијата на мало на 102 групи на производи или на над 1.000 прехранбени и непрехранбени производи, информира на прес-конференција заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Ова како што додаде е со цел да се заштити животниот стандард на населението односно да се намалат трошоците за живот во потрошувачката кошница за храна и пијалаци и кај средствата за лична хигиена.

dobivaj vesti na viber

Како што појасни на пет отсто се ограничува маржата на основните осум прехранбени производи и тоа: леб, брашно тип 400 и тип 500, јајца, масло за јадење, млеко, јогурт и кисело млеко.

Маржа од десет отсто се ограничува за група од 55 прехранбени производи: месо и преработки од месо, шеќер, млечни производи, маргарин, путер, конзервиран зеленчук и овошје, грав, ориз и тестенини. Ограничување на 15 отсто бруто-профитна маржа, пак, ќе се применува на 39 групи прехранбени производи и средства за хигиена и тоа: свежо овошје и зеленчук, детергенти, бебешка храна, пелени, сапун, тоалетна хартија и слично.

Учесниците во трговијата се задолжени како што потенцира Ристески, сите овие производи да бидат 70 проценти застапени на рафтовите.

„Втората одлука којашто ја донесе Владата е утврдување на највисоки цени на осум групи основни прехранбени производи во трговијата на големо и мало при што како највисоки цени се утврдуваат цените што се применувале на 1 февруари 2025 година. Двете одлуки ќе стапат во сила следниот ден откако ќе бидат објавени во службен весник и ќе траат до 30 април“, информира тој.

„Нашите очекувања се дека со овие две одлуки цените на основните прехранбени производи кои се содржани во одлуката ќе се намалат во просек од 10 отсто, освен осумте прехранбени производи, за кои се очекува да останат на исто ниво односно да не се зголемуваат цените или да има минимално намалување на овие цени“, додаде Ристески.

Прикажи повеќе...

Економија

Започнува кампањата за информирање на граѓаните за jавниот повик од ИПАРД програмата 2021-2027 за мерката 1

Објавено пред

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Телото за управување со ИПАРД, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството започнуваат кампања за информирање на потенцијалните корисници по однос на можностите кои ги нуди инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД Програма.

dobivaj vesti na viber

Во рамки на кампањата, а по повод последниот објавен повик од ИПАРД Програмата 2021-2027 (ИПАРД 3) за мерката 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства, ќе се одржат инфо-денови во повеќе градови, села и населени места, каде што заинтересираните корисници (физички, правни лица, задруги, задружни правни лица итн.) ќе можат да се информираат за постапките и условите за аплицирање со цел користење на средства од оваа програма.

На 20 февруари 2025 година, инфо денови ќе се одржат во општина Новаци, со почеток од 11:00 часот во општинската сала и во општина Могила со почеток од 14:00 часот во салата на Oпштина Могила.

Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги добијат во Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Прикажи повеќе...

Економија

Од полноќ ново поскапување на горивата

Објавено пред

Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,33%.

dobivaj vesti na viber

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.02.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 73,50 ден/лит

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.02.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 74,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,802 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.02.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 47,209 ден/кг.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

„Има судии кои живеат како шеици, треба да се прочешла имотот кој го стекнале“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Деловен имот, неколку куќи, станови, градежно и земјоделско земјиште, неколку коли е дел од имотот на судиите и обвинителите во...

Македонија1 час

Утрово најстудено на Попова Шапка

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -12 степени, -9 било во Маврови Анови, -8 во Крушево,...

Свет4 часа

Трамп: Да бев претседател кога изби војната, ќе се погрижев Украина да добие се што сака

Доналд Трамп зборуваше од Мар-а-Лаго, Флорида, за денешната средба во Саудиска Арабија меѓу САД и Русија. Тој рече дека е...

Свет4 часа

Макрон: Трамп може да го рестартира корисниот дијалог со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека ќе биде домаќин на уште една средба за Украина по разговорите меѓу новата американска...

Европа4 часа

Порошенко: Канцеларијата на Зеленски ми кажа да го поддржам законот ако не сакам да се соочам со санкции

Поранешниот украински претседател и актуелен пратеник Петро Порошенко ја обвини канцеларијата на Володимир Зеленски за уцена. „Ми беше кажано дека...

Економија16 часа

Ограничени маржите на над 1.000 производи, одлучи Владата

Владата донесе одлука со која се ограничува маржата во трговијата на големо и трговијата на мало на 102 групи на...

Свет16 часа

Лавров: Ја обновуваме соработката со САД, приемот на Украина во НАТО е закана

Сергеј Лавров, министерoт за надворешни работи на Русија, кој беше дел од делегацијата во Ријад, на прес-конференцијата рече дека Русија...

Свет16 часа

Рубио по состанокот меѓу САД и Русија: Целта е да се обезбеди мир за Украина кој е прифатлив за сите страни

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека мирот во Украина е клучот за отворање економски можности со Русија. По...

Македонија17 часа

(Видео) Митева за разрешувањето на Коцевски: Јавниот обвинител покрај правна, подлежи и на општествена одговорност

На денешната седница беше разгледано мислењето од Министерство за правда по кое владата отвори сериозна дискусија, информира на прес-конференција Марија...

Свет20 часа

По четири и пол часа заврши состанокот помеѓу САД и Русија, стигаат првите реакции

Советникот за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека четири и пол часовните разговори меѓу Русија и САД...

Македонија22 часа

Коцевски: Ако се утврди дека се работи за тешка дисцилинска повреда јас самиот ќе се повлечам

Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски вели дека самиот ќе се повлече доколку се утврди дека направил тешка дисцилинска постапка, но...

Свет23 часа

Путин е подготвен за средба со Зеленски ако е потребно, рече Песков

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да разговара со украинскиот лидер Володимир Зеленски,...

Македонија1 ден

Новите методи на САД за некои се неконвенционални, но конвенционалната дипломатијата, досега, донесе повеќе војни, вели Муцунски

Во рамките на посетата на Австралија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде две интервјуа за најголемиот...

Македонија1 ден

Намалување на ДДВ за струја на 5% ќе донесе значително намалување на сметките на граѓаните, велат од СДСМ

„Прифаќање на предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ за електрична енергија од 18% на 5%, ќе донесе значително намалување...

Свет1 ден

(Фото) Се сретнаа Лавров и Рубио, во Ријад почнуваат руско-американските разговори

Американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретнаа во Саудиска Арабија пред разговорите...

Македонија1 ден

Утрово најстудено на Попова Шапка

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што биле измерени -10 степени, -6 било во Маврови Анови, -5 во Крушево,...

Македонија1 ден

ДУИ: Диспропорцијата во односот кон соседите испраќа загрижувачка порака за насоката на нашата држава

„Со жалење и сериозна загриженост го констатираме преседанот што се случи оваа година — по првпат, институциите на државата, вклучително...

Македонија1 ден

Изет Меџити на државната церемонија за 17-годишнината од независноста на Косово: „Нашата поддршка никогаш нема да се разниша”

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, присуствуваше на државната церемонија по повод 17-годишнината од независноста на Република...

Свет1 ден

(Видео) Авион се преврте на писта во Канада: „Висевме како лилјаци“

Најмалку 18 лица се повредени при превртување на авион на пистата на аеродромот Пирсон во Торонто. Меѓу повредените има и...

Свет1 ден

Човекот на Путин: Само ние и Американците ќе се сретнеме во Ријад, тоа е билатерална средба

Јури Ушаков, советник за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, по неговото пристигнување во саудискиот главен град Ријад изјави...