Економија
Сите информации на едно место: продажниот салон на „Гранд Скопје“ единствен од ваков тип во земјата
Доколку сте во потрага по нов дом и својата иднина ја гледате на најдобрата локација во Скопје, на располагање имате одлична можност – посета на продажниот салон на „Гранд Скопје“ каде, пред да се одлучите за купување нов дом, на едно место ќе ги добиете сите корисни и потребни информации поврзани со комплексот „Гранд Скопје“.
Лоциран на првиот кат во Градскиот трговски центар продажниот салон, односно Showroom на „Гранд Скопје“ е единствен од овој тип во земјава и ќе ви овозможи одблизу да се запознаете со деталите во врска со објектите што се градат во рамки на комплексот, кој никнува спроти хотелот „Холидеј Ин“.

Продажниот салон започна со работа пред 4 месеци и од самиот почеток има значаен број посетители од различни профили кои се интересираат за домување и работа на најатрактивната локација во Скопје, а, пак, персоналот од овој Showroom вели дека интересот за домување во „Гранд Ривер“ е навистина голем.
„Имаме голем број на посетители во продажниот салон, можеме да кажеме дека локацијата е дефинитивно една од главните причини поради која заинтересираните граѓани доаѓаат да го посетат нашиот продажен салон и, секако, неповторливиот поглед кој нашиот објект „Гранд Ривер“ го нуди“ – велат вработените во продажниот салон на „Гранд Скопје“.
![]()
Заинтересирани да бидат дел од „Гранд“ приказната се деловни луѓе, кои својот бизнис сакаат да го градат во срцето на Скопје, семејства со деца кои ја ценат близината до сите погодности што ги нуди локацијата на „Гранд Ривер“, самци кои сакаат динамичен живот, како и млади парови кои се заинтересирани за урбано домување во центарот на случувањата.
Но, што сè можат да дознаат потенцијалните купувачи во овој продажен салон и со какви придобивки може да се здобијат?
1. Сите информации за становите
Од љубезните вработени, како преку разговор така и преку визуелен приказ, ќе ги добиете сите информации за кои сте заинтересирани, почнувајќи од бројот на станови, нивната квадратура, ориентацијата на становите, кои станови се најмногу барани и зошто, кои материјали за градба се употребувани, каков пристап и паркинг решение е предвидено во рамки на комплексот, како и информација за дополнителните содржини во рамки на комплексот итн. Така, без да лутате и да проверувате на интернет на едно место можете да се информирате за сите детали кои за вас ќе претставуваат можеби и одлучувачки фактор при купување на вашиот нов дом.
2. Визуелна презентација
Продажниот салон на „Гранд Скопје“ нуди единствена можност преку интересна визуелна презентација да го погледнете и можното внатрешно уредување на становите, но и опкружувањето кое „утре“ ќе биде во ваша непосредна близина, како близина на модерна шопинг галерија во централниот дел на комплексот, урбан парк, простор за одмор и релаксација како составен дел од комплексот итн.
![]()
3. Информации во врска со цените и условите
Знаеме дека во индустријата на недвижности цените не секогаш се фиксни, односно цената по квадратен метар е често детерминирана од самите карактеристики на станот за кој сте заинтересирани. Оттука, станови со иста или слична квадратура можат да имаат различни цени зависно од нивната ориентација, внатрешниот распоред итн., па по деталната презентација на становите персоналот во продажниот салон – ќе ве воведе и во ценовната политика и условите за плаќање.
4. Пресметка на кредитни пакети
Во продажниот салон на „Гранд Скопје“ е достапна единствена можност за купување недвижности со кредит од банките партнери на инвеститорот на комплексот МФ Фешн. На лице место ќе бидете запознаени со поволностите што ги нудат банките, доколку сакате вашиот дом да го стекнете преку наменски кредит. Исто така, со посета на салонот голема е веројатноста да бидете запознаени и со одредени промоции или, пак, да добиете персонализирана понуда, скроена токму за вас и за вашите потреби.
![]()
5. Информации за текот на градбата.
Во продажниот салон можете да се информирате и за сите фази на изградба на комплексот, да добиете реална проценка на потребното време за изградба, но и редовно да се информирате во врска со целиот прогрес на градба.
Персоналот, а впрочем и инвеститорот, е должен да ве информира за фазите, така што со потпишување на купопродажниот договор вам ви е гарантирано навремено информирање за целиот процес.
Сепак, стан не се купува секој ден и инвестицијата во нов дом е инвестиција која е трајна и која на долг рок повеќекратно се исплаќа. Затоа, она што е навистина пресудно, пред сè, е да се направи вистинската одлука при купување нов дом, а доколку вашата одлука е стан во „Гранд Ривер“ местото каде треба да се обратите е продажниот салон на „Гранд Скопје“.
Продажниот салон кој се наоѓа на првиот кат во ГТЦ, во близина на киното „Милениум“ можете да го посетите секој работен ден од 08 до 18 часот или, пак, да се јавите на 070-355-351 и 070-233-055 и да закажете состанок во термин кој вам ви одговара.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици
Финансиски резултати за 4-тиот квартал / 12 месеци од 2025 година

*Прилагодена за ефектот на вреднување на залихите
ОКТА АД – Скопје Годишни резултати за 2025 година
Во 2025 година, глобалниот пазар на деривати беше обликуван од геополитичка несигурност и еволуирачки енергетски политики, што резултираше со повремена нестабилност на цените. Ризиците по снабдувањето поврзани со регионалните конфликти и нестабилните трговски рути беа делумно компензирани со зголемено производство од главните извозници, ублажувајќи ги ценовните притисоци во споредба со 2024 година. Намалената индустриска активност на клучните пазари го ограничи растот на побарувачката и придонесе за стабилизација на цените во втората половина од годината.
Во Југоисточна Европа, геополитичките случувања и регулаторните промени продолжија да влијаат врз пазарните услови. Во Северна Македонија, воведувањето на новиот Закон за енергетика во средината на 2025 година и тековните регулаторни прилагодувања влијаеја врз динамиката на цените и конкуренцијата. По благиот пад во 2024 година, локалниот пазар покажа знаци на закрепнување во текот на 2025 година.
Во овие услови, ОКТА успешно се справи со регионалните флуктуации во снабдувањето и силните притисоци од конкуренцијата како на домашниот така и на извозниот пазар. Компанијата ја задржа својата утврдена водечка позиција во големопродажбата, додека структурата на малопродажниот пазар остана во голема мера непроменета. Во текот на целата година, ОКТА се фокусираше на дисциплинирано комерцијално извршување, разумно управување со маржите и насочени, стратешки иницијативи.
Финансиски остварувања
Приходите од продажба за фискалната 2025 година изнесуваа 38.492 милиони денари, во споредба со 44.263 милиони денари во 2024 година, првенствено поради пониските меѓународни цени на горивата и намалениот обем на извоз. Во четвртиот квартал од 2025 година, приходите од продажба се зголемија за 5% на годишно ниво на 10.179 милиони денари.
Бруто добивката порасна на 1.324 милиони денари во фискалната 2025 година од 1.169 милиони денари во претходната година, поткрепена од поголемата домашна продажба, зголемените испораки кон Државните резерви и зголемено тргување со електрична енергија. ЕБИТДА достигна 652 милиони денари, во споредба со 501 милион денари во 2024 година, што одразува поголем домашен обем, намалена изложеност на нестабилност на цените и поголема продажба на електрична енергија. ЕБИТДА во четвртиот квартал од 2025 година изнесуваше 139 милиони денари, што е намалување од 16% на годишно ниво, главно предизвикано од нестабилноста на цените на горивата и пониските маржи на електричната енергија.
Добивката пред оданочување во фискалната 2025 година значително се зголеми на 667 милиони денари, во споредба со 238 милиони денари во 2024 година. Покрај подобрените оперативни остварувања, резултатот е одраз и на помала амортизација по еднократната забрзана амортизација во 2024 година, предвидениот поврат на Данокот на солидарност од 50 милиони денари платен во 2023 година и оптимизирано управување со готовината. Во четвртиот квартал од 2025 година, добивката пред оданочување изнесуваше 177 милиони денари во споредба со 87 милиони денари во четвртиот квартал од 2024 година.
Оперативните трошоци останаа генерално стабилни на годишно ниво. Во 2025 година компанијата продолжи да работи без долг, во континуитет со претходните години. На 29 мај 2025 година, Собранието на акционери одобри распределба на дивиденда од 182,8 милиони денари, што е еднакво на 240,00 денари по акција.
Стратегија и перспектива
ОКТА ја заврши 2025 година со пазарен удел од 67% во Северна Македонија и 29% во Косово, надминувајќи ги планираните цели за профитабилност. Компанијата останува посветена на зајакнувањето на својата лидерска позиција на пазарот, оптимално користење на продуктоводот Солун – Скопје и складишната инфраструктура, како и обезбедување долгорочна сигурност во снабдувањето.
ОКТА продолжува да ја развива својата стратегија за диверзификација, при што значајно вложува и во обновливи извори на енергија. Во текот на годината, компанијата инвестираше 63 милиони денари во проекти од оваа област и се фокусира на максимално искористување на инсталираниот соларен капацитет од 12 мегавати како и идниот систем за батериско складирање. Плановите вклучуваат понатамошно проширување на фотоволтаичните системи и решенијата за складирање.
Корпоративна оштествена одговорност
Во четвртиот квартал, ОКТА дополнително ја зацврсти својата стратешка посветеност кон одржливоста, проширувајќи ги донациите на кровни фотоволтаични системи за образовни институции во Скопје, Битола и Штип. Овие инвестиции ја подржуваат националната цел за зголемување на енергетската ефикасност и обезбедуваат мерливи еколошки продобивки преку значително намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Дополнително, компанијата спроведе иницијатива за општествена одговорност кон животната средина, организирајќи акција за пошумување во Националниот парк Јасен, во склоп на тим-билдинг програмата.
Паралелно со овие иницијативи, ОКТА продолжи да го негува и промовира националното културно наследство преку поддршка на реномираните културни фестивали и продлабочена соработка со релевантните културни институции во земјата. Годината ја заокружи со засилен фокус на вклучувањето на заедницата, акцентирајќи ја поддршката за образованието и ранливите групи преку целни донации и општествени иницијативи. За да го сподели напредокот на транспарентен начин и да ја зајакне својата улога како одговорен корпоративен лидер, ОКТА одржа брифинг за медиумите на кој ги претстави клучните достигнувања во текот на годината.
ПР
Економија
Народна банка: Макроекономските движења се во рамките на проекциите
Советот на Народната банка, на редовната седница одржана во февруари, ги разгледа најновите макроекономски показатели и Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во четвртиот квартал на 2025 година.
Според Информацијата за најновите макроекономски показатели, и натаму преовладуваат оцените за стабилен светски економски раст за периодот 2025 – 2027 година, но ризиците се надолни и главно произлегуваат од трговските и од геополитичките тензии.
„Во домашната економија, најновите показатели главно се во согласност со проекциите. Во третиот квартал од 2025 година, реалниот раст на БДП изнесува 3,8% и е малку над очекувањата, а расположливите високофреквентни податоци упатуваат на раст и во текот на четвртиот квартал. Просечната стапка на инфлација, во 2025 година, изнесува 4,1% и е близу до проекциите. Во јануари 2026 година, девизните резерви забележаа раст и се на ниво коешто, согласно прифатените меѓународни стандарди, е соодветно за одржување на стабилноста на девизниот курс. Податоците од монетарниот сектор покажуваат годишен раст на депозитите од 10% и на кредитите од 13%, во декември 2025 година, што е умерено над проекциите за крајот на годината“, соопшти НБРМ.
Според Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви, во четвртиот квартал од 2025 година, девизните резерви се зголемиле и на крајот на декември достигнале 4.925 милиони евра. Во согласност со инвестициската поставеност, околу 74,2% од девизните резерви се вложени во должнички хартии од вредност, главно во државни обврзници издадени од земји членки на еврозоната, по што следуваат монетарното злато (16,5%) и депозитите и паричните средства (9,3%).
„Сигурноста и ликвидноста во управувањето со девизните резерви се обезбедуваа преку пласмани во финансиски инструменти со висок кредитен рејтинг коишто овозможуваат брза достапност до ликвидни средства, а условите на меѓународните финансиски пазари и внимателниот и врамнотежен пристап кон инвестирањето придонесоа за поволни финансиски остварувања во 2025 година“, се наведува во соопштението од Народната банка.
Економија
Дизелот поскапува
Од ноќеска на полноќ, цените на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство ќе се зголемат за два денари, додека цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,520 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

