Контакт

Економија

Сите информации на едно место: продажниот салон на „Гранд Скопје“ единствен од ваков тип во земјата

Објавено пред

Доколку сте во потрага по нов дом и својата иднина ја гледате на најдобрата локација во Скопје, на располагање имате одлична можност – посета на продажниот салон на „Гранд Скопје“  каде, пред да се одлучите за купување нов дом, на едно место ќе ги добиете  сите корисни и потребни информации поврзани со комплексот „Гранд Скопје“.

dobivaj vesti na viber

Лоциран на првиот кат во Градскиот трговски центар продажниот салон, односно Showroom на „Гранд Скопје“ е единствен од овој тип во земјава и ќе ви овозможи одблизу да се запознаете со деталите во врска со објектите што се градат во рамки на комплексот, кој никнува спроти хотелот „Холидеј Ин“.

Продажниот салон започна со работа пред 4 месеци и од самиот почеток има значаен број посетители од различни профили кои се интересираат за домување и работа на најатрактивната локација во Скопје, а, пак, персоналот од овој Showroom вели дека интересот за домување во „Гранд Ривер“ е навистина голем.

„Имаме голем број на посетители во продажниот салон, можеме да кажеме дека локацијата е дефинитивно една од главните причини поради која заинтересираните граѓани доаѓаат да го посетат нашиот продажен салон и, секако, неповторливиот поглед кој нашиот објект „Гранд Ривер“ го нуди“ – велат вработените во продажниот салон на „Гранд Скопје“.

Заинтересирани да бидат дел од „Гранд“ приказната се деловни луѓе, кои својот бизнис сакаат да го градат во срцето на Скопје, семејства со деца кои ја ценат близината до сите погодности што ги нуди  локацијата на „Гранд Ривер“, самци кои сакаат динамичен живот, како и млади парови кои се заинтересирани за урбано домување во центарот на случувањата.

Но, што сè можат да дознаат потенцијалните купувачи во овој продажен салон и со какви придобивки може да се здобијат?

1. Сите информации за становите

Од љубезните вработени, како преку разговор така и преку визуелен приказ, ќе ги добиете сите информации за кои сте заинтересирани, почнувајќи од бројот на станови, нивната квадратура, ориентацијата на становите, кои станови се најмногу барани и зошто, кои материјали за градба се употребувани, каков пристап и паркинг решение е предвидено во рамки на комплексот, како и информација за дополнителните содржини во рамки на комплексот итн. Така, без да лутате и да проверувате на интернет на едно место можете да се информирате за сите детали кои за вас ќе претставуваат можеби и одлучувачки фактор при купување на вашиот нов дом.

2. Визуелна презентација

Продажниот салон на „Гранд Скопје“ нуди единствена можност преку интересна визуелна презентација да го погледнете и можното внатрешно уредување на становите, но и опкружувањето кое „утре“ ќе биде во ваша непосредна близина, како близина на модерна шопинг галерија во централниот дел на комплексот, урбан парк,  простор за одмор и релаксација како составен дел од комплексот итн.

3. Информации во врска со цените и условите

Знаеме дека во индустријата на недвижности цените не секогаш се фиксни, односно цената по квадратен метар е често детерминирана од самите карактеристики на станот за кој сте заинтересирани. Оттука, станови со иста или слична квадратура можат да имаат различни цени зависно од нивната ориентација, внатрешниот распоред итн., па по деталната презентација на становите  персоналот во продажниот салон – ќе ве воведе и во ценовната политика и условите за плаќање.

4. Пресметка на кредитни пакети

Во продажниот салон на „Гранд Скопје“ е достапна единствена можност за купување недвижности со  кредит од банките партнери на инвеститорот на комплексот МФ Фешн. На лице место ќе бидете запознаени со поволностите што ги нудат банките, доколку сакате вашиот дом да го стекнете преку наменски кредит. Исто така, со посета на салонот голема е веројатноста да бидете запознаени и со одредени промоции или, пак, да добиете персонализирана понуда, скроена токму за вас и за вашите потреби.

5. Информации за текот на градбата.

Во продажниот салон можете да се информирате и за сите фази на изградба на комплексот, да добиете реална проценка на потребното време за изградба, но и редовно да се информирате во врска со целиот прогрес на градба.

Персоналот, а впрочем и инвеститорот, е должен да ве информира за фазите, така што со потпишување на купопродажниот договор  вам ви е гарантирано навремено информирање за целиот процес.

Сепак, стан не се купува секој ден и инвестицијата во нов дом е инвестиција која е трајна и која на долг рок повеќекратно се исплаќа. Затоа, она што е навистина пресудно, пред сè, е да се направи вистинската одлука при купување нов дом, а доколку вашата одлука е стан во „Гранд Ривер“ местото каде треба да се обратите е продажниот салон на „Гранд Скопје“.

Продажниот салон кој се наоѓа на првиот кат во ГТЦ, во близина на киното „Милениум“  можете да го посетите секој работен ден од 08 до 18 часот или, пак, да се јавите на 070-355-351 и 070-233-055 и да закажете состанок во термин кој вам ви одговара.

ПР

Економија

Евростат: На Европejците сè потешко им е да врзат крај со крај

Објавено пред

Сè повеќе Европејци сè потешко врзуваат крај со крај поради растот на цените кои ги намалуваат нивните приходи, се наведува во извештајот на Европската статистичка служба. Уделот на граѓани кои имаат потешкотии да ги покријат основните трошоци е зголемен во вториот квартал во однос на претходните три месеци во осум од 10-те земји на Европската Унија опфатени со истражувањето, објави Евростат.

dobivaj vesti na viber

Намален е само во Словенија и Финска. Податоците до Евростат ги доставија Белгија, Бугарија, Ирска, Франција, Италија, Луксембург, Австрија, Словенија, Словачка и Финска. Според нив, најтешко било во вториот квартал во Бугарија, каде дури 39,8 отсто од испитаниците многу тешко или тешко врзувале крај со крај.

Словачка, Италија и Франција се исто така вклучени во групата земји со повеќе од 20 отсто од испитаниците кои тешко ги покриваат основните трошоци.

Нивниот удел беше најмал во Финска, и изнесуваше 11 проценти. Истражувањето покажало дека дури 40,5 отсто од Финците многу лесно или лесно ги покриваат основните трошоци. Следуваат Австрија и Франција, каде нешто помалку од една четвртина од испитаниците немале проблеми со финансирањето на основните потреби.

Прикажи повеќе...

Економија

Ковачевски: Инвестирајќи во патната инфраструктура, инвестираме во развој на економијата

Објавено пред

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, и заменик-директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Благојче Трпевски, беше на увид на делницата Дреново – Фариш и пробивање тунел на експресниот пат Дреново – Фариш. Втората делница од овој експресен пат е половина завршена и досега сите рокови се запазени. Тунелот кај Фариш, кој беше еден од најтешките делови на оваа траса, е со две цевки, од кои едната е целосно пробиена, а на другата цевка градежните работи течат со предвиденото темпо.

dobivaj vesti na viber

„Северна Македонија денес е во голем инвестициски циклус, целта на Владата е патната инфраструктура во државата да ја подигне на значително повисоко ниво бидејќи, инвестирајќи во патишта, автопати, делници, експресни патишта, инвестираме во развој на економијата во Северна Македонија. Откако успеавме да ги надминеме сите проблеми што ги носеше автопатот Кичево – Охрид, сега градежните активности таму се одвиваат со несмалено темпо, се градат и автопатите Скопје – Блаце, Гостивар – Кичево, Тетово – Гостивар, Требениште – Струга – Ќафасан, Прилеп – Битола, целата оваа патна инфраструктура ја прави Северна Македонија да биде регионално поврзана. Граѓаните веќе ги чувствуваат придобивките од новата патна инфраструктура на експресните патишта: Штип – Радовиш завршена е првата фаза од патот Штип – Крупиште. Во овој момент активно тече изградбата на експресните патишта и Градско – Дреново, Крупиште – Кочани, Ранковце – Крива Паланка. Мојата заложба како премиер е Северна Македонија да биде инфраструктурно поврзана со модерни патишта со цел регион, тоа значи стабилност, тоа значи економски напредок, а само така ќе има квалитетен живот за сите граѓани“, изјави Ковачевски.

Премиерот додаде дека во државата почнаа да се менуваат работите бидејќи оваа земја има европска перспектива, а граѓаните заслужуваат живот според европски правила и европски стандард.

Прикажи повеќе...

Економија

„ЕСМ продажба“ ги испраќа по пошта договорите за субвенционирано снабдување, поевтина струја од 1 декември

Објавено пред

„ЕСМ продажба“ ги испрати по пошта договорите за снабдување по субвенционирана цена до речиси сите јавни основни и средни училишта што поднесоа пријави и кои ги исполнуваа условите, а за чии броила „ЕВН дистрибуција“ одобри снабдување. Тече испраќањето на договорите и на правните субјекти од прехранбената индустрија и тоа за оваа категорија ќе биде завршено до крајот на утрешниот ден. Најмал број пријавени субјекти произлегуваат од водостопанската дејност, кои исто така ќе ги добијат договорите, соопштија од компанијата.

dobivaj vesti na viber

„Субјектите за кои ‘Дистрибуција’ не одобрува снабдување на нивните броила или на дел од нивните броила се известуваат телефонски од страна на ‘ЕСМ продажба’ со цел субјектите да преземат мерки во однос на причините утврдени од ‘Дистрибуција’, а кои се пречка за тоа. Напоменуваме дека бројот на таквите случаи е мал.

„ЕСМ продажба“ нагласува дека сите субјекти пријавени за дополнително снабдување по одлуката на Владата, а кои ги исполнуваат условите и чии броила се одобрени од ‘Дистрибуција’, ќе бидат снабдувани од ‘ЕСМ продажба’ од 1.12.2022, без оглед дали до тој датум ќе им пристигнат договорите по пошта или ќе им пристигнат по наведениот датум. Субјектите се веќе ставени во системот на ‘ЕСМ продажба’ и треба да ги прават своите пресметки за производниот и работниот процес врз основа на новата цена на електричната енергија што ќе ја плаќаат, а тоа е 80 е/MWh за прехранбената индустрија за основните производи и 95 е/MWh за училиштата и водостопанствата“.

Од 1 јануари 2023 година на субвенционирано снабдување ќе бидат приклучени сите субјекти што дополнително ќе се пријават во следниот период, како и оние што при првото пријавување немале комплетни документи и кои ќе ги комплетираат.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа6 часа

Шефот на НАТО: Путин сака да ја искористи зимата како оружје за војна

Русија најверојатно ќе продолжи да ги напаѓа украинската електрична мрежа, гасната инфраструктура и основните услуги за луѓето, изјави генералниот секретар...

Економија7 часа

Евростат: На Европejците сè потешко им е да врзат крај со крај

Сè повеќе Европејци сè потешко врзуваат крај со крај поради растот на цените кои ги намалуваат нивните приходи, се наведува...

Европа8 часа

Француски пратеник: „Зеленски сака да ја вовлече Европа во трета светска војна, тој е опасна личност“

Франција треба да престане да му доставува оружје на Володимир Зеленски, кој се обидува да започне трета светска војна, рече...

Топ9 часа

Приведен малолетник кој извршил обљуба врз малолетничка од Скопје

Ноќеска по полноќ, бил приведен малолетник кој се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Скопје. Имено, според полицијата, денеска...

Европа10 часа

Вучиќ од Норвешка: Ситуацијата на Косово врие, Курти се повикува на силата на западните земји

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е во посета на Норвешка, каде што денеска и утре ќе разговара со државниот врв....

Економија11 часа

Ковачевски: Инвестирајќи во патната инфраструктура, инвестираме во развој на економијата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, и заменик-директорот...

Економија13 часа

Ново намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните...

Топ14 часа

Воз прегази маж на пругата Битола – Скопје

Патнички воз прегази машко лице – пешак на железничката пруга Битола – Скопје, кај железничкиот мост на Маркова Река. Во...

Македонија15 часа

Советот на Општина Гевгелија бара разрешување на директорката на градинката поради инцидентот со 10-месечното дете

Советот на Општина Гевгелија на седницата одржана во саботата донесе заклучок со препораки до Министерството за труд и социјална политика...

Македонија15 часа

Историската комисија не преговара за црковниот статус на МПЦ-ОА

Членовите на македонскиот тим во заедничката мултидисциплинарна и експертска Комисија за историски и образовни прашања тврдат дека не преговараат за...

Свет16 часа

Зеленски до Украинците: Доаѓаат нови напади, Русите нема да се смират сè додека имаат проектили

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави доцна синоќа дека Русија сигурно ќе изврши нови ракетни напади врз неговата земја и ги...

Свет17 часа

Кличко му одговори на Зеленски: „Не сакам да се вовлекувам во политички битки“

Градоначалникот на Киев, поранешниот професионален боксер Виталиј Кличко, рече дека нема смисла да се расправа одговарајќи на критиките од Зеленски...

Македонија17 часа

СДСМ: Хаос со превозот во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ создаде катастрофа

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ го доведе во колапс јавниот превоз и создаде хаос во функционирањето на градот Скопје, обвини владејачкиот СДСМ....

Свет17 часа

Русија: Нуклеарката „Запорожје“ останува под наша контрола

Нуклеарната централа „Запорожје“ во Енергодар останува под руска контрола, соопшти градската управа. „Медиумите активно шират лажни вести дека Русија наводно...

Свет18 часа

Авион се заплетка во кабли на далновод, па над 120.000 луѓе останаа без струја во Мериленд

Мал приватен авион вчера се урна во високонапонски далноводи на 50-ина километри северно од Вашингтон. Ова доведе до голем прекин...

Македонија18 часа

Блокада на крстосницата кај „Мавровка“ поради протест на приватните превозници

Посебен сообраќаен режим утрово на булеварот Гоце Делчев и на булеварот Крсте Петков Мисирков и околните улици поради најавениот протест...

Свет1 ден

The Telegraph: Талибанците заработија милиони од Светското првенство во Катар

Талибанците заработија милиони на Светското првенство со обезбедување градежна опрема за изградба на стадион во Катар, тврди британски Телеграф. Високи...

Европа1 ден

Борел: Можно е војната во Украина да не заврши

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел оцени дека „можно е војната во Украина да не заврши, да се одолговлекува како...

Европа1 ден

Енергоатом: Русите се подготвуваат да ја напуштат нуклеарната централа во Запорожје

Шефот на украинската државна компанија за нуклеарна енергија Енергоатом рече дека има знаци дека руските сили се подготвуваат да ја...

Топ1 ден

На нива почина 63 годишен струмичанец, удрил со главата во метална шипка

На 26.11.2022 во 16.16 часот било пријавено дека на нива, атар на с. Моноспитово-Струмичко, Ј.Ј.(63) додека извршувал земјоделски работи со...