Економија
СРЕЌА ПЛУС за Александра и Александар од Пробиштип со Златна рипка вредна 500.000 денари

Александра и Александар Начеви од Пробиштип на Денот на вљубените уловија златна рипка вредна 500.000 денари. На младиот брачен пар Начеви од Пробиштип златната рипка ќе им ја оствари заедничката желба за убаво егзотично патување. Големата добивка е доказ дека кога се дарува со љубов желбите се остаруваат. Овој пат желбите ги остварува златната рипка, но не рипката од приказните, туку рипката од инстант лозот Златна рипка.
Трендот за дарување инстант лозови СРЕЌА ПЛУС донесе радост на многу свадбени прослави, родендени и други убави поводи, а овој пат донесе дополнителна среќа на Денот на вљубените.Подарените инстант-лозови на Денот на вљубените донесоа вистинска СРЕЌА ПЛУС за Александра и Александар.
Продажното место Лила лото во Пробиштип беше често споменувано во различни среќни приказни за поголеми добивки, но иако Александра и Александар често од таму купувале инстант-лозови, добивале само помали добивки, сè до сега. На 14 февруари Александар двапати одел од киоскот на плоштадот во Пробиштип, купувал различни лозови и таму ги гребел, но како и секогаш имал само помали добивки. Третиот пат, пред да замине дома, купул 11 лозови Златна рипка со намера да ги подари на сопругата за Денот на вљубените.
Токму во тие 11 лозови се криела и златната рипка на која изгребале добивка од 500.000 денари. Денес, во просториите на Државна лотарија ги запознавме Александра и Александар кои со радост ја споделија со нас среќната приказна и планот дека средствата ќе ги искористат за егзотично патување.
Ве потсетуваме дека кога дарувате, подарете инстант -озови, подарете можност за СРЕЌА ПЛУС.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Лукаревска: Од мај поврат на ДДВ од 2.100 денари-Пратениците дадоа зелено светло

Пратениците дадоа зелено светло за измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од ДДВ-то на физичките лица, напиша на социјалните мрежи Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи.
Со оваа измена, како што дополнува Лукаревска, се овозможува зголемување на прагот на поврат на дел од ДДВ-то од 1.800 на 2.100 денари за едно тромесечје.
„Првите зголемени суми, корисниците на апликацијата #МојДДВ ќе ги добијат со исплатите во мај за скенираните фискални сметки во периодот јануари – март 2023 година“, потенцира во напишаното Лукаревска.
Економија
Намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,60 % во однос на одлуката од 17.3.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 0,541 %, кај дизелот 1,152 %, кај екстра-лесното масло 1,318 % и кај мазутот има намалување од 2,660 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,077 %.
Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 1,50 денар/л, а малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, како и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 0,50 денари/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 1,649 денар/кг и сега ќе изнесува 38,130 денари/кг.
Од 21.3.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 38,130 (денари/килограм)
Економија
Бектеши: Дизелот ќе падне под 75 денари, се враќаме на цената од ланскиот февруари

Само за една недела цената на дизелот бележи намалување од 4,5 денари. Министерот за економија, Крешник Бектеши, вели дека трендот на намалување ќе продолжи и оваа недела.
„Се враќаме на цената од февруари минатата година, цената на дизелот ќе биде под 75 денари“, вели министерот Бектеши.
Бектеши очекува намалените цени на горивата да ја намалат и инфлацијата.