Економија
Успешна сезона на патеката за Peugeot Sport Customer Racing

Peugeot Sport Customer Racing ја заокружи сезоната на тркачките патеки со две места на подиумот на последната рунда при TCR Europe во Jarama. Тоа беше викенд кој беше целосно во чекор со 2020 година каде – и покрај отежнатите услови од пандемијата со Ковид-19, – натпреварувачите на Peugeot Sport продолжија да ја демонстрираат својата безгранична страст кон трките во име на брендот и да остварат неколку одлични перформанси.
И покрај одложениот почеток на сезоната, Peugeot Sport одговори и соодветно се прилагоди на промената на околностите, овозможувајќи им на своите натпреварувачи од Rencontres Peugeot Sport да се вратат на патеката што е можно побрзо и безбедно. Водени од потребата за споделување, чувство за заедништво и забава на патеката, Rencontres Peugeot Sport се состоеше од преку сто автомобили кои учествуваа на трките во Дижон, кога серијата продолжи повторно во второто коло на Val de Vienne. Сето ова покажува дека невообичаените околности оваа година не ги нарушија принципите на удобност и спортска правичност што ги направија овие две рунди успешни во 2020 година.
– Иако сезоната беше скратена, со откажани две средби во Ногаро и Магни-Курс, сепак испорача извонредна акција на теренот, што целосно го оправда доделувањето титули и награди. По завршувањето како вицешампион во 2019 година, Флоријан Бриже (JSB Compétition) ја заврши годината како севкупен победник на 208 Racing Cup, додека Вини Белтрамели (Ropars тркачки тим) преку четирите пласмани на подиумот што ги постигна минатата сезона да се најде на врвот на поредокот на јуниори. Тиери Блез (New Team Compétition) се истакна во категоријата Gentlemen Drivers. Во меѓувреме, AP Compétition (#123) со GPA го освои 208 Relais во генералниот пласман, Bresse Auto Racing (#239) ја освои категоријата Gentlemen Drivers. И на крај, Трофејот Peugeot Edurance го освои Bresse Auto Racing (#839) во делот 208 Racing Cup и Тимот Peugeot Poissy (#847) во класата 206 S16a.
На европската сцена, Peugeot 308 TCR го истакна целиот спектар на својата конкурентност и разноликост. Почнувајќи од мошне конкурентниот TCR Europe, каде што во неколку наврати JSB Compétition и Team Clairet Sport се бореа против елитата на европските автомобили трки. Вкупно пет места на подиумот им припаднаа на Jулиен Брише (една победа на трката, едно второ место и едно трето место) и Теди Клер (едно второ место и едно трето место), додека Стефан Вентаја го освои трофејот Yokohama во класата „Diamond“ доделена во Gentlemen Drivers. Во меѓувреме, Мајкл Маркусен исто така блескаше во Peugeot 308 TCR на натпреварот TCR Данска освојуваќи три места на подиумот и завршувајќи на шестата позиција во генералниот пласман.
– Перформансите на Peugeot 308 TCR го привлекоа вниманието наоколу, каде со данскиот тим Brian Madsen Sport веќе потврди дека не помалку од пет автомобили ќе учествуваат на националниот TCR шампионат во 2021 година. Австралискиот тим Garry Rogers Motorsport подеднакво одлучи да го потврди учеството на локалното првенство во ТСR, одржувајќи ги трите автомобили во добра состојба за 2021 година.
ШТО КАЖАА ТИЕ …
Olivier Fuet, Менаџер на Peugeot Sport Circuit Customer Racing
„Направивме сè што можеме за нашите натпреварувачи да можат да се вратат во колосек по многу тешкиот почеток на годината за сите нас. Бевме воодушевени што видовме толку многу среќни натпреварувачи, полни со ентузијазам! Тие ја изразија натпреварувачката страст која сите нас нè одликува и штом дозволи здравствената состојба, можевме да понудиме професионална организација и атмосфера. И за Peugeot 308 TCR и за Rencontres Peugeot Sport, работењето во оваа исклучителна сезона беше корисно за нашите тимови, и отвори можност за незаборавни искуства “.
Florian Briché, победник на „Rencontres Peugeot Sport “, категорија 208 Racing Cup
„Како возачи, ние секогаш сакаме повеќе, па очигледно дека би сакал да продолжам вака до крајот на сезоната и да можам да продолжам да се „борам“ на патеката. Земајќи го тоа предвид, сепак сум задоволен што оваа година можевме да се тркаме воопшто и сум задоволен од моите резултати! “
ПЛАСМАН НА RENCONTRES PEUGEOT SPORT
208 Racing Cup
Генерален пласман
1. Florian Briché – JSB Compétition
2. Benjamin Mosson – GPA Racing
3. Yannick Blanc – GEDI Racing
Категорија Јуниори
1. Viny Beltramelli – Ropars Racing Team
2. Colin Boreau – Boreau Team Sport
3. Florian Venturi – VTR
Категорија Gentleman Driver
1. Thierry Blaise – New Team Compétition
2. Franck Niclot – GM Sport
3. Michel Faye – GM Sport
208 Relais
Overall standings
Генерален пласман
1. #123 – AP Compétition by GPA
2. #415 – GPA Racing
3. #213 – New Team Compétition
Категорија Gentleman Driver
1. #239 – Bresse Auto Racing
2. #173 – Savoie Compet’ со GM Sport
3. #276 – ACAC LP Motorsport со GM
Трогеј Peugeot Endurance
208 Racing Cup standings
Категорија 208 Racing Cup
1. #839 – Bresse Auto Racing
2. #837 – Tим Peugeot Poissy
3. #817 – Tим Peugeot Poissy
Категорија 206 S16
1. #847 – Tим Peugeot Poissy
2. #844 – Tим RV Compétition 82
3. #840 – Тркачки клуб Bologne
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Георгиевска: За три години просечната плата пораснала за речиси 4.500 денари

За три години просечната плата пораснала за речиси 4.500 денари, платите растат и во време на пандемија и економска криза, изјави на прес-конференција пратеничката од СДСМ, Марија Георгиевска.
Таа оцени дека економските политики на Владата даваат реални и видливи резултати.
„И во време на пандемија и економска криза, не застана растот на платите во државата. Последна потврда за тоа е просечната плата за месец декември 2020 која изнесува 28.294 денари, што е за пет отсто повеќе во однос на декември 2019 година. Растот на минималната и просечната плата е врвен приоритет за СДСМ уште од првите денови на мандатот. Веднаш ја зголемивме минималната плата на 12.000 денари а потоа и на 14.500 и ја израмнивме во сите сектори.
Тоа, како и отворањето на нови работни места ја отвори спиралата на раст на платите и затоа три години по ред бележиме постојан раст на просечната плата.
Во последните три години, од крајот на 2017 кога е исплатена просечна плата од 23.850 денари до декември 2020 кога е исплатена просечна плата од 28.294 денари, бележиме раст на платите за 18,63 отсто. Односно, во апсолутна сума просечната плата од декември 2017 до декември 2020 година пораснала за речиси 4.500 денари.
Тоа е раст за повеќе од три пати споредено со периодот 2014-2017 година, последните години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога просечната плата пораснала за 6,44 отсто, осносно за 1.443 денари“, изјави Георгиевска.
Како што додаде, овие официјални податоци ја потврдуваат успешноста на политиките на Владата предводена од СДСМ кои имаат за цел да обезбедат брз економски раст и подобар животен стандард.
Економија
Новата Daikin Perfera – парапетна единица за беспрекорен домашен амбиент

Кога станува збор за правилен избор за климатизација на домот, особено е важно да изберете систем со кој ќе постигнете висока енергетска ефикасност, ќе ги намалите своите трошоци, а притоа ќе можете да си дозволите идеална атмосфера и комплетна удобност.
Без оглед на тоа дали станува збор за свежина во текот на летото или пријатност за време на зимата, на вашиот простор за живеење му треба чувство на благосостојба во текот на целата година, што ќе ви овозможи да се чувствувте пријатно и удобно.
Парапетната единица Perfera е создадена да го направи вашиот дом удобен. Стилски дизајниран преден панел и тивко работење како главни карактеристики, ја претвораат секоја просторија во вистински место за комплетна удобност.
Уникатни карактеристики за греење
Perfera овозможува максимална удобност благодарение на уникатните карактеристики во опцијата за греење:
1) Heat boost го загрева домот при стартување на климатизерот.
Поставената температура се достигнува 14% побрзо отколку кај обичен климатизер.
2) Функцијата Heat plus симулира зрачење на топлина 30 минути за да овозможи удобрно греење, а потоа се активираат претходните поставки.
3) Функцијата за затоплување на подот ја оптимизира конвекцијата со распределба на топлиот воздух од долниот дел на единицата.
Дизајнирани за паметна удобност
Изгледот на парапетната единица Perfera е функционален, но сепак стилски. Нејзиниот компактен и елегантен дизајн лесно се вклопуваат во повеќето современи ентериери, а високите перформанси ѝ овозможуваат да постигне неверојатна ефикасност.
Истовремено тивка и моќна, Perfera ви го нуди најдоброто како во опциите за греење и ладење, така и во дизајн и перформанси.
Преку мобилната апликација Daikin Residential Controller, можете да ја поврзете вашата Perfera со Wi-Fi и да управувате со климатизацијата од секаде преку вашиот смартфон, а има можност и за управување со гласовна контрола преку Amazon Alexa или Google Assistant.
Квалитет на воздух
Perfera содржи неколку филтри за да овозможи внатрешен воздух со најголем квалитет.
Flash Streamer со помош на забрзани електрони активира хемиски реакции со честичките што се пренесуваат преку воздух и ги уништува алергените, како на пример полен, бактерии и габи, ги отстранува непријатните мириси и овозможува подобар и почист воздух.
Рамномерна распределба на воздухот
Двојниот проток на воздух на Perfera парапетната единица е совршен за да создаде идеално ниво на греење. Воздухот се насочува нагоре и надолу за да спроведе подеднакво топлина.
Тивко работење
Perfera користи специјално дизајниран вентилатор кој го оптимизира протокот на воздух и создава високa енергетска ефикасност при ниско ниво на звук. За уште поголема енергетска ефикасност, Daikin исто така дизајнираше нов вентилатор кој добро се вклопува во компактните димензии на Perfera. Заедно, вентилаторот и разменувачот на топлина произведуваат врвни енергетски перформанси, сепак работат на ниво на звук што е практично нечуено.
Енергетски ефикасни
Подобрениот дизајн на Perfera ја зголемува енергетската ефикасност уште повеќе во споредба со претходните модели. Достапна со технологијата Bluevolution за повеќе да се намали влијанието врз системот и напојувана од 80% обнова на енергија од воздух и 20% струја. Технологијата со инвертор овозможува заштеда на енергија дури за 30%.
Perfera може да се користи во поставување со една внатрешна единица во поврзување со една надворешна единица, или во апликација со повеќе внатрешни единици поврзани со една надворешна единица – Multi-Split.
Прочитајте повеќе за системите на Daikin на ликот подолу: daikin.mk
(ПР-текст)
Економија
Битиќи: Две германски компании ги прошируваат своите интереси

Одржан третиот состанок на заедничкиот економски управувачки комитет помеѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија.
Соработката помеѓу двете земји продолжува да се развива, две германски компании ги прошируваат своите инвестиции, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
„СР Германија е најважниот поединечен трговски партнер и голем поддржувач на Република Северна Македонија во евро-атлантските интеграции, со кој нашата земја има интензивна економска соработка, која од година во година е сè позначителна“, посочи Битиќи.
„Продолжуваме да ги негуваме односите помеѓу двете земји. За Република Северна Македонија соработката со Сојузна Република Германија и клучна и витална, од особено значење поради големиот број остварени соработки низ годините наназад, како и поради големиот волумен на трговска размена помеѓу двете земји. Веќе имаме две добри вести од две германски компании кои планираат проширување на своето производство на територијата на Република Северна Македонија, отворајќи нови работни места и придонесувајќи за економскиот раст, што е од големо значење за двете земји“, додаде вицепремиерот Битиќи.
Копретседавачот на заедничкиот управувачки комитет, номиниран од Министерството за економија и енергетика на СР Германија, Хелге Толксдорф, на состанокот ја претставил својата визија за работата на Комитетот, посочувајќи дека истиот покрива сериозни и неверојатно важни теми за двете земји, и токму затоа неговата работа треба да биде континуирана и постојана.
Од страна на германската делегација, биле изнесени одредени новитети за потенцијални нови инвестиции.
Била посочена и програмата за практична работа помеѓу двете земји, со која кандидати од нашата држава можат да се здобијат со работно искуство во германски компании и дека истото е од особено значење за концептот на дуално образование, во кое компаниите и училиштата соработуваат.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа4 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран