Контакт

Економија

Шахпаска: Се залагаме за спас на секое работно место и поддршка на компаниите

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска се сретна со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски. На средбата се разговараше за сите предизвици со кои се соочија туризмот и угостителството во време на пандемија на Ковид-19, поддршката од страна на Владата преку економските пакети за помош и поддршка на овие гранки кои беа први на удар на пандемијата и начините на справување, како и состојбата за нејзино времетраење.

„Туризмот и угостителството се гранките што први го почувствуваа ударот од коронавирусот со оглед на тоа дека веднаш беа затворени и најдиректно ја почувствуваа загубата како последица на пандемијата. Затоа, и Владата силно се заложи во таа насока, помош и поддршка за овие гранки како најзагрозени преку пакети економски мерки, кои значеа помош и поддршка и за компаниите, но и поддршка за работодавците за спас на секое работно место“, истакна министерката Шахпаска.

Од страна на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, беше посочена поддршката на Владата во правец на актуализација на домашниот туризам и домашните производи како одлична мерка, која ги одржа туристичките капацитети во форма изминатата летна сезона, односно недостигот на странски туристи беше надоместен со домашните.

На средбата се разговараше и за можноста за оживување на детските одморалишта во државата, односно нивно повторно враќање во кондиција за сместување и екскурзии на деца и разгледување на можните опции за поголема искористеност на националните паркови во државата преку збогатување на понудата и активностите за туристите, како планинарски тури, планински велосипедизам, зип-лајнери, но и важноста на промоција на екотуризмот. Министерката Шахпаска изрази подготвеност и поддршка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во сите сегменти што се во надлежност на Министерството.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Заев со заменик-претседателката на Европската инвестициона банка: Силна поддршка во европската агенда, на стратешките регионални и домашни проекти

Објавено пред

Претседателот на Владата Зоран Заев, заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими, се сретна со заменик-претседателката на Европската инвестициона банка, Лилјана Павлова и со секторски претставници на ЕИБ.

На средбата е изразена подготвеност за натамошна поддршка на нашата држава од страна на Европската инвестициона банка, во делот на значајните стратешки и домашни проекти. Констатирано е дека досегашната соработка е само почеток на експанзивната соработка помеѓу нашата држава и ЕИБ.

На состанокот беше разговарано околу определеноста кон значителен напредок на стратешки важните проекти за државава, како што се следната фаза на патното регионално поврзување во рамките на проектот Коридор 8 и проектот Интерконективен гасовод Северна Македонија – Грција и на домашен план кон вложувања во здравствениот сектор, во делот на зелената агенда и енергетската ефикасност, водоснабдувањето. Разгледани се можности за поддршка на проекти во здравствениот сектор, за дигитализација на училиштата, во делот на зајакнувањето на институционалните капацитети и засилувањето на ефикасноста на имплементацијата на започнатите проекти, во реализацијата на Планот за економски раст. Станува збор за области каде што ЕИБ е веќе вклучена со поддршка или може да се вклучи, преку усогласување со поддршката што ќе ја добие нашата држава во рамките на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, од Европската комисија.

„Посветени сме силно на европската агенда. Унапредувањето на регионалната инфраструктура значи можност за подобро инфраструктурно поврзување на нашата држава со регионот, но и меѓу државите во регионот, што значително влијае и на унапредувањето на политичката соработка. Подеднакво важна е и поддршката што ја добиваме во делот на унапредувањето на квалитетот на живот на граѓаните дома“, рече премиерот Заев.

Министерот Бесими посочи на важноста од поддршка во делот на Планот за развој на економијата во нашата држава.

Премиерот Заев и министерот Бесими нагласија дека Владата фокусирано работи на овозможувањето услови за функционирање на граѓаните на државата во време на пандемијата, но презема чекори и за постпериодот со цел поефикасно заздравување и развој на економијата и дека во тие процеси многу значи соработката со ЕИБ.

Прикажи повеќе...

Економија

30 годишен јубилеј ТД Кадис

Објавено пред

Како една од првите приватни фирми во Република Македонија основана од семејството Каленикови, ТД Кадис денес одбележува 30 години успешна работа во бизнисот со продажба и сервисирање на автомобили.

Горди на постигнатите успеси, општествено одговорни и хуманитарно посветени продолжуваме и понатаму по истиот пат со надеж дека наскоро ќе имаме можност и да наздравиме заедно за значајниот јубилеј.

Останете безбедни и грижете се за вашето здравје.

Прикажи повеќе...

Економија

ФИТР: Македонскиот стартап-екосистем е нашиот стратешки приоритет

Објавено пред

Фонд за иновации и технолошки развој и Асоцијацијата на стартап-заедницата на Република Северна Македонија- Стартап Македонија, потпишаа меморандум за соработка, со цел спроведување и јакнење на меѓусебната соработка.

Договорот, како што се наведува, подразбира поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес, пред сè во областа на иновациската дејност и стартап-заедницата.

„Развојот на македонскиот стартап-екосистем ќе биде стратешки приоритет на ФИТР во наредниот период. Сметам дека земјата има огромен потенцијал и со заеднички и инклузивен процес, ќе ја позиционираме Р Северна Македонија како стартап хаб во регионот“, изјави Коста Петров, директор на ФИТР.

Соработката меѓу ФИТР и Стартап Македонија меѓу другото вклучува и дигитализација на стартап-екосистемот и транспарентно достапни податоци, подобрување на законската регулатива за стартап-компаниите и нивниот пристап до странски пазари.

Претседателот на Асоцијацијата, Дејан Алексовски, посочи дека државата и стартап-заедницата мора да соработуваат заедно, за да се случат реално потребните промени за подобар екосистем.

„ Со ФИТР ја продолжуваме, и со овој Меморандум интензивираме соработката во интерес на стартапите. Успешен стартап екосистем не се гради преку ноќ но ме радува дека постои волја, сериозно да се пристапи кон решавање на многуте предизвици за да се креираат, развиваат, и растат успешни стартап приказни од Македонија“, рече Игор Маџов, програмски директор на Стартап Македонија.

Портофолиото на ФИТР брои 305 стартап компании со вкупно кофинансирање од 17,3 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Во Македонија 1.100 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија 30 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 1.100 нови случаи, соопшти Министерството за...

Македонија9 часа

Мицкоски: Од комисијата има признание дека се преговара за идентитетот, Заев лажеше

Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот македонски, кој го означува нашиот идентитет,...

Македонија10 часа

Историската комисија заглави кај цар Самуил, спорна придавката македонски

Мешовитата македонско-бугарска историска комисија на 11. средба не постигна напредок во преговорите. Историчарите се обиделе да ги надминат разликите за...

Македонија10 часа

Вакцинирањето во земјата ќе почне до март и ќе биде бесплатно

Вакцинирањето против Ковид-19 ќе почне во првите два-три месеци в година, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Ќе се примаат...

Македонија10 часа

Граѓаните над 65 години први ќе ја примат вакцината против Ковид-19

Граѓаните со хронични белодробни и кардиоваскуларни болести и граѓаните постари од 65 години ќе имаат предност за вакцината против Ковид-19,...

Македонија12 часа

Холандската амбасада демантира дека Холандија го поддржува ветото

Холандската амбасада попладнево ја демантира и ја оценува како лажна вест информацијата дека Холандија го поддржала бугарското вето за Северна...

Европа13 часа

„Астразенека“ и „Оксфорд“ презентираа различни тврдења за нивната вакцина

Компанијата „Астразенека“ и Универзитетот Оксфорд дадоа спротивставени тврдења за начинот на дозирање на нивната вакцина против коронавирус, што е редок...

Македонија14 часа

Нефи Усеини не е повеќе советник во Општина Охрид

Дванаесет советници на Општина Охрид гласаа „за“ прифаќање на оставката поднесена од охридскиот светник Нефи Усеини. На наредната седница Советот...

Македонија15 часа

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против Ковид-19

Сојузот на здруженија на пензионери апелира приоритет при вакцинирањето против Ковид-19 да имаат пензионерите. „Во име на над 300.000 возрасни...

Топ15 часа

Разбиена криминална група која шверцувала дрога во македонски затвори

Криминалистичката полиција во соработка со СВР Скопје, поднесе кривична пријава против 27-годишниот А.М. од Дебар, поради сомнение за сторено продолжено...

Регион16 часа

(Видео) Силна експлозија во центарот на Белград, еден загинат и двајца повредени

Утрово, нешто пред 10 часот, се случи силна експлозија пред зградата на српската државна телевизија РТС во Белград. Едно лице...

Топ17 часа

Кавадарчанец со секира се обидел да ја убие сопругата, па загинал фрлајќи се во река

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од МВР изврши увид во куќа во селото Шивец...

Регион17 часа

Курц: Секој што ме познава знае колку сум приврзан за Балканот

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, реагираше на критиките кон него поради изјавата дека повратниците од годишниот одмор го донеле коронавирусот во...

Македонија17 часа

Македонските и бугарските историчари и денеска ќе расправаат за средновековниот и раноосманлискиот период

Македонско-бугарската мешовита комисија за историски и образовни прашања и денеска ќе расправа за средновековниот и раноосманлискиот период, по состанокот одржан...

Македонија18 часа

(Видео) Пендаровски: Здравствените производи треба да бидат достапни за сите

Здравствените производи со сертифициран квалитет треба да бидат достапни за сите, истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќање на специјалнатата сесија на...

Македонија18 часа

Градоначалниците на Битола и Гостивар се позитивни на коронавирус

Градоначалниците на општините Битола и Гостивар – Наташа Петровска и Арбен Таравари, преку социјалните мрежи известија дека се заразени со...

Регион18 часа

ЕУ и Грција ќе формираат нов прифатен центар на Лезбос

Европската комисија потпиша меморандум во кој се опишува деталниот план договорен меѓу грчките власти и агенциите на Европската Унија за...

Свет19 часа

„Модерна“: Околу 100 милиони вакцини против корона ќе бидат достапни на почетокот на годината

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека очекува да може да испорача меѓу 100 и 125 милиони дози на експерименталната вакцина...

Европа1 ден

Шведска ги отфрла препораките на СЗО, тамошните експерти велат дека маски не се потребни

Сè уште нема потреба да се носат маски во Шведска, изјави денес водечкиот здравствен службеник во оваа скандинавска земја со...

Македонија1 ден

Заев: Да профитираме од извоз на сушен цвет од канабис, а дома да ја легализираме марихуаната

Ако успее парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на Законот за опојнит дроги...

Досие