Економија
Џеф Безос за само еден ден стана побогат за 13 милијарди долари
Сопственикот на компанијата „Амазон“, Џеф Безос, во понеделникот додаде 13 милијарди долари на својата нето-вредност, што претставува најголем еднодневен скок за поединец откако постои индексот за милијардиери на „Блумберг“ од 2012 година.
Акциите на „Амазон“ пораснаа 7,9 проценти, најмногу од декември 2018 година, поради растечкиот тренд за онлајн-купувања и нарачки, со што годинава имаат раст од 73 %.
Безос (56) е најбогатиот човек во светот, a неговото богатство во 2020 година од 74 милијарди долари се зголеми на 189,3 милијарди и покрај тоа што САД влегоа во најлошиот економски пад по големата депресија. Сега тој лично вреди повеќе од гиганти како „Ексон мобил“, „Најки“ и „Мекдоналд“.
Другите технолошки гиганти исто така остваруваат добивики, делумно поради тоа што луѓето се принудени да останат дома поради пандемијата на коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23% во однос на одлуката од 22.12.2025 година.
Од 30.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 72,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 65,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,649 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,042 ден/кг и сега ќе изнесува 33,649 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,908%, кај дизелот за 1,970%, кај екстра лесното масло за 1,282% и кај мазутот зголемувањето е за 5,201%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1801%.
Економија
Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во третиот квартал од 2025 година
Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција, извести Народната банка.
На крајот на третиот квартал од 2025 година:
„На 30.9.2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4.494 милиони евра (или 27,1% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во третиот квартал од 2025 година, е намален за 106 милиони евра, или за 2,3%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67%.

Во текот на третиот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е намалена за 250 милиони евра и изнесува 8.738 милиони евра, што претставува 52,7% од проектираниот БДП за 2025 година“.
Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на следната врска.
Економија
Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители
Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари кон 663 оризопроизводители.
Исплатата се однесува за финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупувачки центри, за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година, со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта.
Министерството за земјоделство соопшти дека нивна цел останува зајакнувањето на домашното производство и поддршката на земјоделците.
Фото: pexels

