Економија
Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството тврди: Ако не ги искористевме парите, ќе ни беа одземени од ЕУ
Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој тврди дека јавната набавка на софтверска и мрежна опрема е направена во согласност со Годишниот план за јавни набавки на АФПЗРР и по планот на Владата за модернизација на институциите.
„Средствата наменети за оваа јавна набавка изнесуваат 7 милиони денари, од нив 4 милиони денари се планирани и обезбедени од Програмата за помош при транзиција за институционална надградба, средства од ИПА-фондови. Три милиони денари се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој. Доколку не ги искористевме овие средства, ќе ни беа одземени од ЕУ. Овие средства се наменети за набавка на софтверска и мрежна опрема, а со цел доопремување и унапредување на условите на Агенцијата за финансика поддршка на земјоделството и руралниот развој. За оваа набавка има добиено согласност и од Националниот совет. Огласот за реализирање на оваа јавна набавка, освен на електронскиот систем за јавни набавки, е испратен и до службеното гласило на ЕУ и се очекува да биде објавен наредните денови“, се вели во соопштението.
Според Агенцијата, со оваа набавка, која е овозможена со средства од ЕУ, треба да се забрза обработката на апликациите и барањата и по националните и по ИПАРД-програмата за да се овозможи поголема искористеност на средствата што ни се дадени на располагање. Во врска со бројот на вработени, ве информираме дека во АФПЗРР моментно работно се ангажирани 222 вработени.
„Компјутерите што се набавуваат мора да имаат гаранција од три години, а тригодишна гаранција мора да има и лиценцираниот „Виндоувс офис“ затоа што се бара максимална заштита на податоците со кои располага АФПЗРР бидејќи во оваа институција има доверливи податоци, информации за пријавените кои се корисници и на средствата што ги нудиме во националните програми, но и за ИПАРД-програмата. Оваа набавка треба да овозможи АФПЗРР со своите софтвери лесно да може да се поврзува со софтверите на другите институции со кои соработува АФПЗРР за да може апликациите на земјоделците и на бизнис-заедницата што аплицира по националните и ИПАРД-програмите бргу да се завршуваат и да се овозможи поголема искористеност на средствата што ни се на располагање.
Компјутерите што се набавуваат мора да се изведат од доставувачи што имаат сертификат за инсталација и конфигурација на опремата. Исто така, мора да бидат со најдобри можни перформанси во делот на процесорите, дисковниот и другите компоненти. Мора да поседуваат и сертификати за квалитет и сертификати што се однесуваат на информатичка опрема. Во однос на информациите за избор на најниска понуда, ве информираме дека предметот на оваа јавна набавка налагаше како критериум да биде земена најниската цена.
Во однос на гаранцијата на понудата, АФПЗРР има побарано изјава за сериозност и таа е побарана во точката 4.6 од тендерската документација. За банкарската гаранција, АФПЗРР има побарано услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен понудувач да биде гаранцијата за квалитетно извршување на договорот во висина од 10 отсто од вредноста на договорот“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

