Економија
Ажурирај и донирај – Хуманитарна иницијатива на Сава пензиско друштво
Сава пензиско друштво а.д. Скопје започна нова хуманитарна акција, заедно со своето членство. Членовите со едноставна активност – ажурирање на своите лични податоци и избор на достава на годишните известувања по електронски пат, ќе продонесат Сава пензиско друштво да формира фонд на средства за донација на опрема на Универзитетската клиника за детски болести – Скопјe.
Промоцијата на хуманитарната иницијатива ги вклучува сите членови на пензиските фондови на Сава пензиско друштво, а дополнително значи и промоција на дигиталните финансиски услуги на Друштвото, како начин за заедно да придонесеме кон зачувување на животната средина.
За членовите на пензиските фондови на Сава пензиско друштво е од особено значење личните податоци да бидат точни и навремено ажурирани во Регистарот на членови и/или пензионирани членови, како и навременото доставување на годишните известувања за состојбата на пензиската заштеда.
Членовите може да ги ажурираат своите податоци по електронски пат, а процесот е исклучително лесен и трае 3-5 минути.
Првиот начин е преку интернет-страницата на Сава пензиско друштво во делот Лична сметка, каде членовите се најавуваат со нивните корисничко име и лозинка, преземени од Годишниот извештај за пензиска заштеда. Со кликање на табот за лични податоци, се ажурираат новите податоци и дополнително се внесува кодот за потврда на ажурирањето.

Оваа опција е овозможена за: членови или пензионирани членови кои веќе претходно имаат доставено податок за важечки мобилен телефонски број или е-пошта, за членовите кои ќе ја инсталираат апликацијата Сава пензиско план или за членови кои чуваат некој постар извештај во Зелен плик (овие членови конфирмацијата ќе ја извршат со внес на бар кодот од апликацијата или од зелениот плик)
„Сава пензиско друштво а.д. Скопје како дел од заедницата има одговорност кон луѓето и животната средина. Постојано изнаоѓаме нови начини како да ги подобриме условите и пристапот до информации за сите. Преку финансиска едукација за придобивките од користењето дигитални технологии, кои понатаму влијаат и на заштита на природата, го трасираме патот кон посигурна и поубава иднина.
„Ажурирај и донирај“ е одлична можност да ги промениме нештата на подобро. Заедно со нашите бројни членови ќе ја реализираме донацијата за Универзитетската клиника за детски болести – Скопје.
И ова е само почеток, понатаму планираме оваа активност да значи и поддршка за други институции, друштва, здруженија на граѓани, секому на кого му е потребна поддршка“ – изјави Д-р Петар Талески, претседател на Управниот одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје.
Повеќе информации за хуманата иницијатива и како и вие можете да бидете дел од неа ве чекаат на: https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/azurirajdoniraj/
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

