Економија
АЛКАЛОИД АД Скопје – добитник на наградите за најтранспарентно котирано акционерско друштво и за акција на годината за 2023 година

На церемонијата за доделување на годишните награди на Македонската берза за 2023 година за котираните компании, за членките на Берзата и за другите субјекти поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност, која се одржа на 21.12.2023 година, АЛКАЛОИД АД Скопје е добитник на престижната награда за Најтранспарентно котирано акционерско друштво за 2023 година по избор на медиумите.
Признанието што го освојува АЛКАЛОИД по 11-ти пат во изминатите години ги потврдува највисоките стандарди на корпоративно управување во компанијата. Тоа е уште еден доказ за исклучителната посветеност на транспарентноста во работењето и за високиот квалитет на комуникацијата која ја одржува компанијата со сите засегнати страни (инвеститори, институции, медиуми и јавноста во целина).
Покрај ова, АЛКАЛОИД е добитник на уште една награда, и тоа за Акција на годината за 2023 година, во согласност со гласовите на пошироката јавност, врз основа на заедничката анкета на Берзата и на порталот „Фактор“. Непоколебливата решителност за транспарентно работење се рефлектира и во сите позитивни перформанси на компанијата.
Цврсто посветени на остварувањето на моделот за одржлив раст и развој на АЛКАЛОИД, притоа обезбедувајќи јасна предвидливост на очекувањата на пошироката заедница и на сите засегнати страни, овие принципи ќе останат во сржта на целокупното работење додека компанијата продолжува да ги зајакнува и да ги проширува овие аспекти во годините што следуваат.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Нова ера на безбедност: MINT Fintech Group со OneID партнерство

Во дигиталната ера кога брзината е сѐ– довербата станува клучна валута. MINT Fintech Group и OneID објавуваат нова стратешка соработка насочена кон нова заштита на корисниците од финансиски измами и дигитален идентитет кој нуди максимална безбедност.
Преку интеграцијата на OneID – платформа за сигурна дигитална идентификација – корисниците на MINT ќе добијат можност за проверка на идентитет без споделување на чувствителни податоци, преку едноставна и безбедна процедура.
Ова партнерство е повеќе од технолошко решение
„Во време кога измамите стануваат сè попаметни, ние стануваме потемелни. OneID е логичен чекор напред во нашата визија: финансиски услуги кои се не само паметни и брзи, туку и длабоко одговорни,“ изјавуваат од MINT Fintech Group.
Договорот веќе е склучен, а новата заштитна функционалност ќе биде активно достапна наскоро.
Оваа соработка е само дел од пошироката трансформација која ја води MINT: постојано унапредување на корисничкото искуство, фокус на софистицираност во секој детал и развој на платформи што ги надминуваат стандардите – и по функционалност, и по етика.
Од технолошка иновација до емпатична дигитална комуникација, MINT останува посветен на создавање финансиски екосистем кој не е само модерен – туку и хуман.
ПР текст
Економија
Комитетот за финансиска стабилност го усвои годишниот извештај: финансискиот систем е стабилен

Финансискиот систем и натаму е стабилен, а ризиците се на умерено ниво. Ова е општиот заклучок во годишниот извештај на Комитетот за финансиска стабилност за 2024 година, што го усвои на својата последна седница.
Во годишниот извештaј се наведува дека домашниот финансиски систем покажува висока отпорност на шокови и успешно се справува со тековните предизвици. Во 2024 година финансиските институции работеа во поповолно макроекономско опкружување, постигнаа солидни резултати и придонесоа кон продлабочено финансиско посредување.
Ризиците за финансиската стабилност, што произлегуваат од разните сегменти на финансискиот систем, се умерени, како и ризикот од зараза, односно прелевање на ризиците од еден во друг сегмент. Сепак, и натаму има одредени неизвесности, главно поврзани со надворешните фактори, како што се геополитичките тензии и економската фрагментација. Како мала и отворена економија, домашниот систем сѐ уште е изложен на надворешни шокови поради што е потребна постојана претпазливост.
Во тој контекст, финансиските институции и носителите на макропрудентните политики треба внимателно да ги следат состојбите заради одржување на финансиската стабилност. Финансиските регулатори ќе продолжат со координирано следење на состојбите, навремена размена на информации и доколку е потребно, ќе преземат соодветни мерки во рамките на своите надлежности. Тие располагаат со доволно инструменти за зачувување на финансиската стабилност обезбедувајќи нејзино одржување и во наредниот период.
Комитетот за финансиска стабилност е меѓуинституционално тело одговорно за спроведување на макропрудентната политика и за координација при следење на системските ризици и финансиските кризи. Него го сочинуваат претставници од сите финансиски регулатори: гувернерот на Народната банка, министерот за финансии, претседателите на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување (МАПАС) и Комисијата за хартии од вредност (КХВ), пет претставници од Народната банка и три од Министерството за финансии.
Економија
Граѓаните се жалат на зголемените сметки за струја, Регулаторната најавува мерки

По големиот број реакции на граѓаните поради зголемените сметки за електрична енергија, Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека во изминатиот подолг период работи на комплементарен сет мерки со цел зајакнување на заштитата на потрошувачите.
Меѓу нив се: месечно отчитување на броилата, како и вонредна проверка на броила по случаен избор кај некои од потрошувачите што имаат доставено приговори до РКЕ.
„Овие механизам се дел од заедничкото дејствување со ресорното министерство Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМЕС) со цел зајакнување на довербата и надминување на дилемите кај дел од јавноста – кај оние потрошувачи што се сомневаат во исправноста на мерните уреди (броилата)“, велат од Регулаторната.
Се додава дека РKE останува отворена и транспарента како и досега за предлози и идеи од граѓаните, но и експертската јавност, без разлика дали се организирани формално или неформално.
Се додава дека овој сет мерки ќе стапи во сила по завршувањето на сеопфатната експертска консултативна фаза со сите засегнати страни.