Економија
„Амазон“ забрани продажба на милион производи поради лажни тврдења во однос на коронавирусот
Платформата за онлајн продажба „Амазон“ објави дека во последниве недели забранила продажба на милион производи поради лажни тврдења дека ја лекуваат болеста предизвикана од коронавирусот, односно дека стопроцентно штитат од ваквата зараза.
„Амазон“ е под лупа на властите поради производите кои се продаваат на платформата, а за кои трговците тврдат дека нудат сигурна заштита од инфекција. Италијанските власти неделава поднесоа кривична пријава против трговците кои измамиле клиенти со вакви лажни тврдења, продавајќи заштитни маски и средства за дезинфекција по надуени цени.
„Цената на заштитните маски на интернет се искачи од еден евроцент на 10 евра, а литарски шишиња со средство за дезинфекција од седум евра во вторникот достигнаа цена од 39 евра“, рече заменичката на миланскиот обвинител, Тицијана Сицилијано.
Новинар на „Ројтерс“ поради споредба ги проверил цените на интернет-страницата, откривајќи дека трговец на „Амазон“ продавал пакет од 10 заштитни маски за 128 долари. До неодамна, просечната цена на пакет маски била 41,24 долари, според податоци кои ги објавија американските медиуми.
Дополнителните проверки во текот на денот покажале дека производот веќе не е достапен на платформата, пренесе „Ројтерс“.
„’Амазон’ не толерира надувани цени“, се вели во изјавата на портпаролката на американската компанија.
Таа се осврна на политиката на компанијата дека информациите за производот мора да бидат точни и истакна дека „Амазон“ може да ги отстрани понудите доколку утврди дека ја нарушуваат довербата на клиентите.
Сепак, од компанијата не сакале да објаснат како го утврдуваат ценовниот плафон. Од таму истакнуваат дека ги следат скоковите на цените и лажните тврдења за ефектите на производите, преку комбинација на автоматизирана и рачна анализа на понудите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

