Економија
Американската компанија „Теламон“ ќе вложи 4 милиони евра во земјава

На денешната 75-та владина седница министрите ја усвоија информацијата за предлог – договорот за доделување на државна помош на друштво за производство и трговија „Теламон Европа Македонија ДООЕЛ Скопје“.
Станува збор за нова инвестиција во земјава која изнесува 4 милиони евра. Според бизнис планот на компанијата, предвидени се 300 нови вработувања во првите 5 години. Компанијата Теламон произведува машини за спојување автоматски машини за сечење кабли, ленти, машини за пресекување и затворање. Инаку, компанијата е една од најголемите во САД и свои претставништва има на 9 локации: Индијана, Илиноис, Калифорнија, Арканзас, Охајо, Њу Џерси, Канзас и Мисури, два меѓународни капацитети во Кина и еден во Мексико. Фабриката во Република Македонија ќе биде четврти меѓународен капацитет и седиште на Теламон – Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Дурмиши-Џабаров: средбата е мост кон јужниот гасен коридор, кон пазарите во Кавказот

Министерот за економија Бесар Дурмиши, денеска оствари средба со официјална делегација од Република Азербејџан, предводена од министерот за економија Микаил Џабаров по повод одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.
„Вашата посета денес не е само дипломатски гест, туку симболичен и суштински момент. Оваа годишнина е повод за сеќавање, но и можност за визија, да ја зацврстиме и продлабочиме нашата економска и стратешка соработка,“ истакна Дурмиши.
Во рамките на разговорите беше потенциран и интересот за соработка во рамки на енергетиката, земјоделството, туризмот, фармацијата, инфраструктурата и инвестициите во мали и средни претпријатија.
Дурмиши порача дека денешната средба претставува мост кон јужниот гасен коридор, кон пазарите во Кавказот и кон една заедничка, стабилна и економски поврзана иднина.
„Убеден сум дека ова е само почеток на едно ново, посилно партнерство,“ заклучи Дурмиши.
Економија
Oхрабрува растот на извозот на земјоделски производи во првите 5 месеци, оценува Мицкоски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека според податоците на Државниот завод за статистика забележан е нагорен тренд на извозот на земјоделските производи и како Владата ќе ги задржи овие параметри на среден и на долг рок, изјави:
„Точно е тоа, имаме раст на извозот во првите пет месеци, од речиси шеесетина, близу седумдесет проценти, што е добро, охрабрувачки за земјоделците. Добро е и за државата, бидејќи e помал дефицит што се однесува до увозот на храна.
Нашиот фокус како Влада е да ги помагаме земјоделците, тие да произведуваат за да може и да извезуваат, но и да ги задоволат трпезите на македонските граѓани. Така ќе продолжиме и во иднина, со тоа што планираме тој систем на субвенционирање да биде насочен кон вистинските земјоделци. Кон оние коишто вистински произведуваат, а не кон оние малкумина коишто се обидуваат на грбот на земјоделците да профитираат. Така функциониравме и до сега, така ќе продолжиме да функционираме и понатаму.“
Економија
Во јуни годишен раст од 12,9 отсто на вкупните депозити и од 13,0 отсто на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 12,9%, којшто во поголем дел произлегува од зголемувањето на депозитите на секторот „домаќинства“.
На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 13,0% како резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор, извести Народната банка.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на линкот.