Економија
Анализа на АП: Ќе имаат ли турските царини влијание врз економијата на САД
Мала е веројатноста дека одлуката на Турција за зголемување на царините за некои американски производи, меѓу кои автомобилите, алкохолот и маслото, ќе имаат големо економско влијание врз САД, оценува новинската агенција „Асошиејтед прес“.
Агенцијата смета дека, сепак, ваквите контрамерки можат да ги влошат дополнително односите со САД, кои веќе предизвикаа валутна криза на турската лира.
Претходно денеска турската влада соопшти дека тарифите на американските автомобили ќе се зголемат за 120 отсто, а алкохолните пијалаци за 140 проценти.
„Севкупно станува збор за зголемување од 533 милиони долари, што е релативно мала сума која би значела одмазда за неодамнешните одлуки на американскиот претседател, Доналд Трамп, за двојно зголемување на царините за турскиот челик и алуминиум“, оценува АП.
Зголемувањето на царините следеше ден откако турскиот шеф на државата, Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека Турција ќе бојкотира американски производи и ќе побара нови партнери и пазари. Турската лира во последните неколку недели забележа рекордни падови, дури за 37 до 40 проценти. Падот на лирата, како што оценува АП, посебно е болен за Турција бидејќи акумулира висок долг во странските валути.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

