Економија
Ангеловска-Бежоска за „Економист“: Структурните реформи се важни за зголемување на потенцијалот на нашата економија
За забрзување на краткорочната динамика на раст и за зголемување на потенцијалот за долгорочен и одржлив раст на нашата економија, важно е и продолжувањето на структурните реформи што треба да влијаат врз квантитетот и квалитетот на човечкиот капитал, физичкиот обем на капиталот и продуктивноста. Меѓу другото, неопходно е да се продолжи со реформи во сферата на образованието, здравството и пазарот на труд заради зголемување на човечкиот потенцијал, со политики за стимулирање домашни и странски инвестиции заради повисоки капитални инвестиции, како и со политики што ќе значат повисока продуктивност, како што се поддршка на истражувањето, развојот и иновациите и подобрување на квалитетот на институциите.
Ова го истакнува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервјуто за специјалното годишно издание на британскиот магазин „Економист“, „Светот во 2020“, издадено на македонски јазик.
Во интервјуто акцент е ставен и на видувањата и оцените на Народната банка за следната година во однос на клучните макроекономски параметри, како и на ризиците што доаѓаат од глобалното опкружување. Одделно се коментираат и можните придобивки за економијата од влезот на земјата во НАТО. Притоа, осврнувајќи се на искуствата на други земји, Ангеловска-Бежоска посочува дека влезот во НАТО како гаранција за стабилноста што придонесува за повисока доверба кај инвеститорите, може да донесе многубројни придобивки за економијата, вклучително и повисок прилив на странски директни инвестиции.
Завршницата на интервјуто е посветена на Портата за иновации, што Народната банка ја отвори неодамна.
„Целта на оваа платформа е поддршка на иновациите во финансискиот сектор, кои треба да овозможат поголема понуда на технолошки понапредни финансиски услуги со многубројни предности за корисниците. Портата за иновации е намената за поактивна соработка со сите компании што нудат вакви услуги. Покрај тоа што ќе даваме насоки и објаснувања на постојните регулаторни барања преку комуникацијата остварена преку оваа платформа, ќе ја разгледуваме и потребата за евентуална промена на регулативата и за намалување на регулаторните ограничувања за влез на нови иновативни бизнис-решенија и проекти, без да се наруши интегритетот на финансискиот сектор и без прекумерно да се преземаат ризици. Овие активности се во согласност со подготовката и на новата законска регулатива за платежните услуги, која ќе создаде услови за поголема конкуренција и подобри услуги за граѓаните во делот на платежните услуги“, објаснува гувернерката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)