Економија
Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата и натаму останува ниска и стабилна
Инфлацијата и натаму останува ниска и стабилна, рече гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на презентацијата на најновите макроекономски проекции пред дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните финансиски институции. Ангеловска-Бежоска исто така посочи дека проектираниот економски раст од 3,9 % за следната година се очекува дека би бил поддржан од сите извори на растот.
Во презентацијата Ангеловска-Бежоска посочи дека и покрај шокот предизвикан од пандемијата, надворешната позиција на македонската економија е умерена, при што тековните проекции на билансот на плаќања посочуваат на раст на девизните резерви во периодот на проекција.
Гувернерката рече дека макроекономското сценарио и ризиците за него,м пред сѐ, се условени од развојот на здравствената криза во глобални рамки, односно од справувањето со пандемијата и нејзините последици врз однесувањето и очекувањата на економските субјекти.
„Проектираниот економски раст за в година очекуваме дека би бил поддржан од сите извори на раст, при што домашната побарувачка би имала позитивен придонес. Очекуваме постепено намалување на воздржаноста и зголемување на склоноста кон потрошувачка. Потрошувачката на домаќинствата би била и поддржана преку растот на расположливиот доход и солидната кредитна активност од страна на банките. Очекуваме и зголемена инвестициска активност и зголемена склоност за преземање нови инвестициски одлуки, оцена што е во согласност со натамошен раст на кредитирањето на компаниите, интензивирање на државните инфраструктурни проекти, како и со стабилизирањето на глобалната економија, раст на извозот и зголемени странски директни инвестиции“, истакна гувернерката.
На среден рок, како што беше напоменато и на состанокот, се очекува растот на економијата да продолжи, но сепак неизвесноста и ризиците и натаму се присутни.
На состанокот гувернерката се осврна на кредитната активност посочувајќи на нејзиниот досегашен солиден раст, значајно поддржан и од релаксираната монетарна политика и овозможената регулаторна флексибилност од страна на Народната банка. Во следниот период се очекува натамошно зголемување на кредитната поддршка, која и натаму ќе биде клучна за закрепнувањето на економијата, а во услови на раст на изворите на финансирање и поповолни очекувања.
Како што веќе е и соопштено, главниот надолен ризик за проекциите се поврзува со евентуалното повторно воведување строги рестриктивни мерки за спречување на ширењето на вирусот, како и евентуалното побавно справување со вирусот од тековните очекувања. Но, од друга страна, позитивен ризик се побрзиот напредок во третманот на коронавирусот, како и во развивањето вакцина се фактори на оптимистичката страна. Оттука, и во рамките на состанокот беше нагласено дека доколку заканата од коронавирусот се надмине побргу од очекуваното, зајакнатата доверба би можела значително да ја поттикне економската активност.
Презентирањето на макроекономските проекции пред дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните финансиски институции е традиционална практика, а овој пат, имајќи ги предвид околностите предзвикани од пандемијата, зпрвпат се одржа преку видеоконференциска врска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем
Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.
Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
· Кабинетски батерии
· Контејнерски батериски системи
Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
· проектирање на батерискиот систем
· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
· пуштање на батеријата во работа
· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
· 24/7 мониторинг на батерискиот систем
· одржување на батерискиот систем
· приклучување во нашата балансна група
· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/5122 809
075 277 354
ПР
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

