Економија
Ангеловска-Бежоска на конференција од високо ниво на Банката на Холандија: Геополитички тензии и долгорочни макроекономски предизвици
Тековните геополитичките случувања може да имаат долгорочни последици врз глобализацијата, а тоа неповолно да се одрази особено на помалку развиените економии. Ова го истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска која ги водеше дискусиите на панелот “Геополитички тензии и долгорочни макроекономски предизвици“, на кој учествуваа поранешниот генерален секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер и членот на Советот на Холандската централна банка, Фике Сиџбесма. Панелот каде гувернерката беше модератор е еден од двата панели на конференцијата на високо ниво „Макроекономски предизвици во свет со геополитички тензии, висока инфлација и нееднаквост“, во организација на централната банка на Холандија, на кој учествуваше и Кристална Георгиева, директорката на ММФ, гувернери и други високи претставници од централните банки на земјите членки на холандско-белгиската конституенца во рамки на ММФ, како и вицегувернерката Емилија Нацевска.
Во својот вовед, гувернерката истакна дека во последниот Извештај за глобалните ризици на Светскиот економски форум, гео-економските судири се вброени во трите најзначајни глобални ризици, заедно со кризата поврзана со трошоците за живеење, како и климатските промени. Една од главните закани која доаѓа од геополитичките тензии е глобалната фрагментација со што би се изгубиле придобивките од долгорочниот процес на глобална економска интеграција.
„Глобализацијата донесе многу придобивки. Преку растечката трговска, финансиска и технолошка интеграција, во последните четири децении зголемен e глобалниот доход, според некои проценки дури за дополнителни 10% од БДП во период од една деценија. Тоа особено се забележува кај помалку развиените економии, каде глобализацијата е движечка сила за доходовната конвергенција и извлекување од сиромаштијa на повеќе од милијарда луѓе, што се согледува од податокот за намалените нивоа на сиромаштија од 43,6% во 1981 година на помалку од 10% во 2019 година. Исто така, глобализацијата е еден од значајните фактори за постигнување забележителен пад на глобалната инфлација во периодот пред пандемијата“, рече Ангеловска-Бежоска.
Пандемијата, а оваа година и војната во Русија претставуваат значаен тест на глобализацијата. Трошоците од трговската фрагментација, спротивниот процес од глобализацијата, се проценуваат на 0,2% до 7% од глобалниот БДП, а доколку трговската фрагментација е проследена и со фрагментација на технологиите дури и до 12% од БДП. Ефектите од ова се поизразени кај економиите во развој, особено малите економии, кои се зависни од поголемите во поглед на трговија и технологија.
„Овие движења на глобално ниво се релевантни за економиите од Централна, Источна и Југоисточна Европа каде слободното движење на стоки, финансии, технологии и знаење се движечката сила на економскиот раст и на конвергенцијата“, истакна гувернерката и посочи дека трговската интеграција на оваа група земји во последните две декади влијаела на раст на БДП за дополнителни 40 процентни поени, додека финансиската интеграција придонесла за дополнителни 30 п.п. во последната деценија.
Имајќи ја предвид моменталната состојба со веќе забавената конвергенција и потребата да се одговори на најновите предизвици како што се дигиталната и енергетска трансформација на економиите, на регионот му е потребна силна интеракција и интеграција со развиените европските економии, заклучи гувернерката Ангеловска-Бежоска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)

