Економија
Ангеловска-Бежоска по повод Светскиот ден на штедењето: Стабилноста на финансискиот систем е поттик за раст на депозитите
„Домашното штедење е особено значајно за малите економии со пониско ниво на доход бидејќи од штедењето зависат инвестициите, а без инвестиции, со кои се зголемува долгорочниот потенцијал за раст, не е можно достигнување повисоки нивоа на доход. Впрочем, една од клучните причини за побавниот економски раст и забавената конвергенција во регионот во декадата пред пандемијата се токму помалите инвестиции во услови на намалено домашно штедење и намален прилив на странски капитал“, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на традиционалниот настан што го организира Македонската банкарска асоцијација (МБА) по повод Светскиот ден на штедењето – 31 Октомври.
Таа се осврна и на најновите предизвици што имаат влијание врз вкупното штедење во економиите и неговата структура. „По декада ниска инфлација и исклучително ниски каматни стапки, оваа година глобалниот амбиент ненадејно се промени. Инфлацијата значително забрза достигнувајќи историски високи нивоа, а одговорот на ова е синхронизираниот циклус на затегнување на монетарните политики. Ова во основа доведува до отежнат пристап и значително повисока цена на странските извори на финансирање, а за сметка на тоа го насочува вниманието кон домашните пазари, односно кон домашното штедење“, беше наведено во излагањето.
Во однос на трендовите на штедењето кај нас, гувернерката посочи дека пандемијата предизвикана од коронавирусот, енергетската криза и тековната војна во Украина се шокови, кои, меѓу другото, имаа неповолно влијание врз штедењето. Сепак, таа укажа дека и покрај продолжената криза, депозитите и годинава растат, што главно се должи на растот кај секторот домаќинствата. Воедно, беше истакнато дека во последниот период има знаци на зголемување на придонесот на денарските депозити и на долгорочните депозити кон растот на вкупните депозити на домаќинствата. Тоа покажува дека мерките преземени од страна на Народната банка за одржување на стабилноста, како и целните мерки за поддршка на денаризацијата, имаат ефекти врз штедењето. „Придонес кон ваквите позитивни движења има и понудата на деловните банки на нови депозитни производи со попривлечни каматни стапки, како и одржаната финансиска стабилност, при што се увидува добра капитализираност на банкарскиот сектор, со традиционално добра ликвидносна позиција и намалено учество на нефункционалните кредити под претпандемичното ниво“, рече гувернерката.
Гувернерката во своето обраќање се осврна и на важноста на финансиската едукација, со која Народната банка се заложува за јакнење на финансиската писменост на населението во земјата заради правилно разбирање на финансиските концепти во време на сè поголема дигитализација и нови финансиски услуги и веродостојно информирање при носењето на финансиските одлуки. За таа цел, се донесе и првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, која е темел за координирано дејствување на финансиските регулатори и другите општествени фактори во доменот на подигнување на финансиската писменост на граѓаните како фактор што придонесува за стабилноста на постојните, но и за поттикнување нови заштеди.
На настанот по повод Светскиот ден на штедењето се обратија и министерот за финансии, Фатмир Бесими, претседателката на МБА, Маја Стевкова-Штериева, како и директорот на Фондот за осигурување на депозити, Амир Шабани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем
Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.
Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
· Кабинетски батерии
· Контејнерски батериски системи
Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
· проектирање на батерискиот систем
· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
· пуштање на батеријата во работа
· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
· 24/7 мониторинг на батерискиот систем
· одржување на батерискиот систем
· приклучување во нашата балансна група
· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/5122 809
075 277 354
ПР
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

