Економија
Антонио Аргир унапреден на нова менаџерска позиција во НЛБ Групацијата
Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје на денешната 98. седница назначи и потврди промени во раководството на банката. По шестгодишно успешно управување со банката, актуелниот претседател на Управниот одбор, Антонио Аргир, е унапреден на нова позиција во седиштето на НЛБ д.д. Љубљана, како извршен помошник на Управниот одбор на НЛБ д.д., одговорен за управување со НЛБ Групацијата. Надзорниот одбор го именуваше Бранко Грегановиќ за нов претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, во очекување на потребните одобренија.
Антонио Аргир функцијата претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје ќе ја извршува до крајот на годината, а новата функција ќе ја преземе во јануари 2022 година. На новата позиција тој ќе биде одговорен за управување со банките членки на НЛБ Групацијата и други небанкарски членки, поддржувајќи ги сите клучни активности на групацијата во регионот.
Како што беше споменато, Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје го номинираше Бранко Грегановиќ, поранешен главен извршен директор и главен финансиски директор на НЛБ Банка Белград за нов претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје. Функцијата ќе ја преземе откако ќе ги добие сите потребни дозволи од надлежните институции и лиценцата од Народната банка на Република Северна Македонија. Дотогаш, Грегановиќ ќе ја извршува функцијата помошник на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.
„Промовирањето на Антонио Аргир на една од клучните, водечки позиции во НЛБ Групацијата и доаѓањето на Бранко Грегановиќ на чело на НЛБ Банка Скопје се дел од нашата стратешка определба за поттикнување мобилност на таленти и интернационализација на тимовите, како еден од најефективните начини за ширење на експертиза, знаење и најдобри практики низ групацијата. Веруваме дека овие промени дополнително ќе го подобрат разбирањето и соработката меѓу членките на групацијата и ќе го поддржат понатамошниот раст и развој на нашиот бизнис низ целиот регион“, истакнува Блаж Бродњак, главен извршен директор на НЛБ и претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје. „Исто така важно е да се спомене дека ова е прв пат во историјата на НЛБ Групацијата колега од една од банките членки да го трасира својот пат од кредитен референт до една од највисоките менаџерски позиции во групацијата, што не е само признание за високо професионалната работа на Антонио Аргир, туку и за успехот на НЛБ Банка Скопје. Верувам дека неговото назначување е поттик и мотивација за сите колеги од нашата групација и доказ дека со целосна посветеност и испорачани резултати сè е можно“ – додава тој.
Блаж Бродњак, Главен извршен директор на НЛБ и Претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје
„Добивањето на функција во врвот на НЛБ Групацијата за мене претставува навистина голема чест и задоволство, но воедно и огромен предизвик и одговорност. Уверен сум дека со новата функција ќе имам позитивно влијание на ниво на целата групација и можност да дадам силен придонес во реализација на нејзините стратешки цели. Ова е уште еден пример колку е вредно да се работи во групација во која се цени човечкиот потенцијал и каде секој има можност да напредува по скалилата на успехот. Новата функција на која ќе ја продолжам кариерата е исклучително признание за целокупниот успех на НЛБ Банка Скопје, кој го градевме тимски, со поддршка и посветеност на сите поранешни и сегашни вработени, на кои сум им неизмерно благодарен. НЛБ Банка Скопје денес е уште посилна и поуспешна банка, стабилна финансиска институција со огромен потенцијал за иден раст и развој, банка со исклучително квалитетен тим, талентирани и посветени професионалци и банка која заслужено го носи епитетот – најдобра банка во целата групација. Познавајќи го целиот тим и огромниот потенцијал на банката, уверен сум дека НЛБ Банка Скопје ќе продолжи да расте и да остварува уште поголеми резултати во иднина, како и да вложува во области кои се значајни за развојот на заедницата“, истакнува актуелниот претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Антонио Аргир.
Антонио Аргир е претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје речиси 6 години, започнувајќи од 1 јануари 2016 година. На таа позиција дојде како член на Управниот одбор на банката и долгогодишен директор на нејзината продажна мрежа.
Во овој период од шест години, под раководство на Аргир, НЛБ Банка Скопје континуирано постигнува одлични резултати во сите сегменти од работењето. Благодарение на јасната визија, прецизната пазарна стратегија, посветеноста на клиентите и мотивацијата на вработените, НЛБ Банка Скопје го зголеми своето пазарно учество, со што дополнително ја зацврсти својата позиција како една од водечките банкарски институции во земјата. Успешното работење на НЛБ Банка Скопје се потврдува и оваа година, кога банката, заклучно со 30.09.2021, оствари нето добивка од 27,5 милиони евра и раст на кредитите на клиентите од 7% споредено со истиот период минатата година.
![]()
Во периодот од 2016, заклучно со 30 септември 2021 година, НЛБ Банка Скопје има остварено добивка од речиси 180 милиони евра, а вредноста на акцијата на македонската берза се зголеми за 5 пати. Клиентската база е зголемена за повеќе од 180.000 клиенти и денес истата надминува 813.000 физички и правни лица. Остварен е исклучителен раст на вкупното кредитно портфолио од речиси 70% или околу 280 милиони евра, при што банката претставува лидер во растот на кредитирање на населението. Истовремено, НЛБ Банка Скопје се јавува во улога на клучен носител или учесник во сите поголеми инвестициски проекти и синдицирани заеми во државата, со што ја потврдува својата позиција на стратешки партнер на бизнисот и важна алка во развојот на македонската економија.
Како лидер во дигитализацијата и иновациите во банкарството, НЛБ Банка Скопје прва на пазарот воведе низа дигитални услуги како: мобилен паричник – NLB Pay, првиот и единствен дигитален банкарски асистент – Нела, првиот и единствен мобилен кредит. Од неодамна, таа е и првата институција во земјата која има интегрирано електронски идентитет во своето работење.
Секоја година во мандатот на Аргир, НЛБ Банка Скопје го понесува признанието ЕМЕА за „Најдобра банка“ во земјата, и продолжи да биде наградувана од реномираниот финансиски магазин „The Banker“ со престижната награда „Банка на годината“, која ја има добиено 10 пати.
Кој е идниот извршен директор на НЛБ Банка Скопје?
Успешното работење на НЛБ Банка Скопје ќе го продолжи новоименуваниот претседател на Управниот одбор Бранко Грегановиќ, кој по добивање на потребните одобренија ќе ги преземе функциите на главен извршен директор и главен маркетинг директор.
Бранко Грегановиќ, претседател на Управниот одбор
Грегановиќ, поранешен главен извршен директор и главен финансиски директор на НЛБ Банка Белград, има повеќе од 20 години искуство на високи позиции во банкарскиот и реалниот сектор. За време на неговите седум години на чело на НЛБ Банка Белград, банката обезбеди профитабилно работење и забрзан раст од 15% до 20% годишно. Така, Банката го отвори патот за преземање на една од водечките банки на српскиот пазар, Комерцијална банка, од страна на НЛБ д.д., во декември 2020 година. По аквизицијата, банките во НЛБ Групацијата имаат една од првите топ-три и системски важни позиции на сите пазари на кои работи групацијата.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска со концесионерите во Прилеп: Развојот на рударството продолжува со јасни правила, повисоки стандарди и поголема контрола
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на работната посета на Прилеп одржа заедничка работна средба со најголемите концесионери од регионот, посветена на актуелните состојби во рударскиот сектор, предизвиците со кои се соочуваат компаниите и можностите за понатамошен развој.
На состанокот присуствуваа претставници на повеќе компании кои имаат значајна улога во експлоатацијата и преработката на минерални суровини. Во отворена дискусија се разговараше за тековната динамика на работа, инвестициите во модернизација на производството, предизвиците поврзани со административните постапки, како и потребата од предвидлива и стабилна регулаторна рамка која ќе овозможи долгорочно планирање и нови вложувања.
Министерката Божиновска нагласи дека државата има јасен интерес рударството да се развива како силен економски сектор, но исклучиво со целосно почитување на законските обврски, еколошките стандарди и безбедносните правила.
„Партнерството со компаниите е важно, но уште поважно е довербата на граѓаните. Затоа развојот мора да оди паралелно со одговорност, транспарентност и засилен надзор“, истакна Божиновска.
Концесионерите ја поздравија иницијативата за почести директни средби со институциите, оценувајќи дека ваквиот пристап овозможува побрзо решавање на отворените прашања и подобра координација во секторот.
На средбата беше потенцирана и потребата од засилен инспекциски надзор на терен, при што беше нагласено дека отворањето на новата канцеларија на Државниот инспекторат во Прилеп ќе придонесе за поефикасна контрола, еднакви услови за работа и дополнително зајакнување на стандардите во индустријата.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на континуиран дијалог со индустријата, со цел создавање стабилна деловна средина, одржлив економски раст и јасни придобивки за локалните заедници.
Економија
(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места
Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за државна помош се околу 17 проекти, со вкупна вредност од над 650 милиони евра. Очекува дека овие проекти ќе обезбедат помеѓу 4.500 и 5.000 нови директни работни места, а најголемиот дел од нив годинава ќе започнат со производство, што ќе ја зголеми и вредноста на бруто-домашниот производ.
„Во овој момент работиме на овие 17 проекти само преку ТИРЗ, а има и проекти кои што ги работиме а кои што се надвор од ТИРЗ, како што е инвестицијата на Алказар во Источна Македонија, која што е во фаза на одобрение за градба. Очекувам некаде на пролет и на терен да започне реализирањето на оваа инвестиција, која што е во вредност од половина милијарда долари“, кажа Мицкоски.
Тој посочи дека земјоделството доживува позитивен пресврт и станува сериозен економски столб. Во четвртиот квартал од минатата година извозот на земјоделски производи бил повеќе од двојно поголем од увозот, со износ од околу 12,5 милијарди денари, додека за целата година извозот достигнал над 450 милиони евра, во споредба со околу 200 милиони увоз.
Премиерот истакна дека Владата ќе продолжи да ги поддржува вистинските земјоделци и дека новата програма ќе ја насочи поддршката кон оние кои реално произведуваат и придонесуваат, додека ќе се спречи злоупотреба на субвенциите.
Економија
(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани
Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме силна динамика, државата овозможува навремена логистика и со средства и во делот на експропријацијата и силната динамика ќе продолжи во следниот период за до крајот на 2029 година да возиме по овој автопат, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.
Тој денеска заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, времениот вршител на работите во Амбасадата на САД, Никол Варнс, заменици министри, пратеници, градоначалници и директорот на ЈПДП Коце Трајановски извршија увид во изградбата на автопатот Гостивар-Букојчани.

„Работиме доста интензивно на оваа секција 2, односно на автопатот кој што оди од Гостивар до Букојчани, кој што од другата страна треба да се поврзе на автопатот Гостивар до Тетово, а во долната страна треба да се поврзе со автопатот кој ќе се гради од Букојчани до Кичево. Оттаму се поврзуваме на автопатот до Охрид и Струга кој веќе е во прогрес, така што ова е целиот автопат кој што оди на западното крило на Коридор 8, автопат кој што треба да го поврзе целиот овој регион, да донесе голем економски бенефит, повеќе бизнис и многу повеќе туристи” изјави вицепремиерот Николоски.



Тој истакна дека експропријацијата е завршена речиси 90 % што е за успех, а финансирањето е навремено што директно значи и навремена реализација на овој проект. Дополнително како што потенцира, градежништвото има историски раст од 21 %.
„Она што ми е драго е тоа што градежништвото расте, во третиот квартал минатата година растот беше од 21 %, што не е запаметено во независна Македонија и така ќе продолжиме во периодот што е пред нас. Обврските што ги имаше државата се веќе завршени, околу 90 % од експропријацијата е завршена, до сега исплатени се околу 470 милиони евра што за буџет како Македонија е огромна сума. Исто така целата логистика државата ја дава и останува компаниите да си ја завршат работата. Драго ми е што стоиме на мост што е 40 метри висок, ова е добро за македонските градежни компании и оние што ќе се занимаваат со градежништво во иднина, тука се вклучени Градежниот факултет, Архитектонскиот факултет и следните генерации да можат на конкретни и живи проекти да учат” истакна Николоски.


Упати благодарност до премиерот Мицкоски за подршката што ја дава за овој проект и најави силна динамика и крајот на 2029 година да биде завршен овој автопат без отстапки од рокот. Додаде дека интензивно се работи и на автопатите од Тетово до Гостивар како и автопатот од Прилеп до Битола.

