Економија
Анѓушев: Владата ќе го поддржи развојот на текстилната и кожарската индустрија
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев денеска оствари работна посета на Штип при што се сретна со менаџментот на текстилната компанија Албатрос како и со сопствениците на фабриката Актива, која работи во градежниот и метало-преработувачкиот сектор.
Вицепремиерот истакна дека преку спроведувањето на мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестициите и мерките донесени на последната седница на економско – социјалниот совет, силно ќе го поддржи развојот на текстилната и на кожарската индустрија, затоа што растењето и развојот на оваа индустрија е во интерес на Република Македонија.
„За да текстилната и кожарската индустрија одат напред, потребни се неколку работи. Прво, важно е да се зголеми нивото на автоматизацијата и технологијата на работа, за што државата ќе помогне со новиот закон на којшто дадовме амандман и поволности да кожарската и текстилната индустрија добијат поврат на инвестицијата, без задоволување на критериумите како другите индустрии. Тоа е многу важно. Исто така, во законот и во мерките кои се предвидени преку Фондот за иновации и технолошки развој, се отвора простор за правење нови колекции, како и изградба на развојни центри во делот на текстилот“, посочи заменик претседателот.
Со цел да може текстилните компании да ги искористат своите потенцијали до максимум, владата ги олесни критериумите за аплицирање за стимулативните мерки од Планот за економски раст, мерка за којашто менаџерите од оваа индустрија веруваат дека ќе ги направи поконкурентни.
„Со Законот за финансиска поддршка на инвестициите, посебно со усвојување на амандманот за олеснување на критериумите за аплицирање, ќе можат да се користат средства за што наидовме на големо разбирање и поддршка од Владата. Со тоа домашните компании ќе имаат пристап до овие фондови и тоа ќе има позитивен ефект на текстилната индустрија“, истакна Маријана Перковска, претседателка на текстилниот кластер.
Вицепремиерот ја посети и компанијата Актива којашто е успешен пример за домашен добавувач на Ван Хоол, странска компанија која работи во технолошко индустриската развојна зона во Скопје. Бизнис моделот на оваа македонска компанија е добар пример којшто треба да се следи и применува и кај другите производствени компании. Од 2000 година, кога оваа компанија броеше само 50 вработени, со годишен приход од околу 1 милион евра, со стратешкиот развој денес има 450 вработени и годишен приход од околу 30 милиони евра.
Претставниците на компанијата ги претставија своите планови за понатамошен развој, при што вицепремиерот потенцираше дека преку мерките од Планот за економски раст, сега и фирми каква што е Актива, успешни компании со домашен капитал, ќе може да аплицираат за директна финансиска поддршка од државата.
Притоа, тој посочи дека со овие мерки ќе се овозможи поврат во висина од 10% од инвестициите кои ќе ги реализира компанијата, дополнителни 10%, доколку со тие инвестиции се овозможи зголемена конкурентност на нови пазари. Дополнително, во насока на растот на платите на вработените во индустријата и поттикнување на нови вработувања, Владата ќе овозможи поврат од 20% од исплатена нето плата повисока од 18.000 денари, за нововработените лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)

