Економија
Анѓушев: Коментарите за продажба на ЕДС што се врзуваат во политички контекст се неосновани и неточни
Процесот на продажбата на компанијата ЕДС, иако станува збор за 100 % приватна компанија, беше извршен потполно транспарентно, при што јавноста беше правовремено известувана за продажбата уште oд самиот почеток, реагираа преку соопштение од Кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, на денешната прес-конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„На процесот на продажба претходеше проценка на компанијата извршена од три реномирани меѓународни ревизорски куќи (Ernst & Young, Baker Tilly, Grant Thornton), по што беше формирана цената за продажба. Сите коментари за продажба на ЕДС што се врзуваат во политички контекст се апсолутно неосновани и неточни, односно истите претставуваат потполни невистини“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Анѓушев.
Во однос на средствата што се исплатени за купопродажба на компанијата, ВМРО-ДПМНЕ повторно креира произволни тврдења, кои се далеку од вистината, се вели во соопштението и се додава „дека 90% од компанијата ЕДС беше лична сопственост на Кочо Анѓушев, додека останатите 10% беа во сопственост на групацијата ‘Фероинвест’. Согласно со позитивните законски прописи кога се продава удел во компанија што е во лична сопственост на физичко лице, купопродажната цена се префрла на лицето кое е сопственик на уделот“.
Од Кабинетот на Анѓушев велат дека очигледен е обидот на ВМРО-ДПМНЕ, наместо со идеи, со гола политика и лажни конструкции да се обиде да го наруши угледот и да се обиде да ги контаминира политиките на Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

