Економија
Анѓушев на средба со министерот за сојузни, европски и меѓународни работи на Северна Рајна-Вестфалија, Стефан Холтхоф Пфортнер
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, оствари средба со со министерот за сојузни, европски и меѓународни работи на Северна Рајна-вестфалија, д-р Стефан Холтхоф Пфортнер, кој реализира дводневна посета на Република Северна Македонија.
Анѓушев посочи дека Сојузна Република Германија е една од земјите што даваат најголема поддршка во политичките и реформските процеси што се случуваат во Република Северна Македонија, како и најзначаен трговски партнер на нашата земја. Тој додаде дека членството во НАТО и добивањето датум за отворање преговори со ЕУ се многу важни за земјата, пред сè, затоа што се тоа реформски процеси со кои се обезбедува повисоко ниво на владеење на правото, како и стабилност на земјата. Економски раст и развој не е возможен без владеењето на правото и стабилна и сигурна држава, а токму во таа насока Владата продолжува со евро-атлантските интегративни процеси и со спроведувањето реформи во сите области. Вицепремиерот Анѓушев воедно ги презентира и резултатите во економијата во однос на спроведените економски политики, при што истакна дека економските ндикатори во изминатите две и пол години се на многу повисоко ниво во однос на периодите претходно.
„Изминатите две и пол години, паралелно со политичките процеси, бевме фокусирани и на креирање и имплементација на економските политики, со кои ќе обезбедиме побрз и одржлив раст на економијата. Политиките се поставени на здрави основи и се базирани на поддршка на реалната економија. Како резултат на тоа сите економски индикатори бележат позитивни стапки на раст. Расте домашниот бруто-производ, во 2019 бележиме раст од 3,6 отсто, што е значителен ако се знае дека само пред 8 квартали економијата беше во негатива. Растат извозот, индустриското производство, просечните плати, а паралално се намалува невработеноста. Само со поддршка на реалната економија, економијата ќе продолжи да расте, а тоа ќе влијае и на подигнување на животниот стадард на граѓаните“, потенцира Анѓушев.
Министерот за сојузни, европски и меѓународни работи на Северна Рајна-вестфалија, д-р Стефан Холтхоф Пфортнер, рече дека СР Германија ќе продолжи со поддршката на Северна Македонија и дека со недонесената одлука за добивање датум за почнување преговори е направена историска неправда, која се надева дека ќе биде поправена најбргу што може.
Храбрите одлуки во изминатите две години, спроведените реформи и надминатите предизвици се прашања од стратешко значење за иднината на државата и за граѓаните во Република Северна Македонија, заклучија вицепремиерот Анѓушев и министерот Пфортнер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

