Економија
Анѓушев-Петерс: Македонија и Белгија ја зголемуваат меѓусебната економска соработка
Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, за време на вториот ден од службената посета на Кралството Белгија во Брисел оствари средба со својот белгиски колега, вицепремиерот и министер за економија и вработувања во белгиската влада, Крис Петерс.

На средбата Анѓушев посочи дека Владата на Република Македонија интензивно работи на раст и развој на економијата преку имплементирање мерки за поддршка на стопанството.
„Креиравме сет мерки за поддршка на стопанството, кои се транспарентни и исти за сите компании. Целта ни е да привлечеме нови реномирани странски компании да инвестираат во Република Македонија, веќе постојните компании да вложат во технолошки развој и иновации и да развиваат нови производи, како и да ја зголемиме соработката помеѓу домашните и странските компании. Крајна цел на Владата е да ја поддржи и поттикне конкурентноста на компаниите, да се создаде поволна бизнис-клима, која ќе овозможи одржлив економски систем, кој ќе биде од полза на граѓаните, компаниите и на Република Македонија на долг рок“, подвлече Анѓушев.
Соговорниците заклучија дека трговската размена помеѓу двете земји континуирано се зголемува и во 2017 година достигна 334 милиони долари, што е зголемување од речиси 300 отсто од 2013 година кога изнесуваше 115 милиони долари.
Белгија е 10-ти трговски партнер на Македонија, во 2017 во однос на 2016 обемот е зголемен 15 отсто, а особено значајно е што Белгија е една од ретките земји со кои Република Македонија остварува суфицит во трговската размена. Како добра основа за интензивирање на меѓусебната економска соработка беше посочен и договорот за одбегнување на двојно оданочување помеѓу двете земји, кој стапи во сила на 1 јануари 2018 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

