Економија
Анѓушев: Факторингот како механизам мора да се искористи, имаме сериозен проблем со ликвидноста на компаниите
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, и заменик-министерката за финансии, Ширет Елези, при отворањето на Регионалната конференцијата за факторинг ги истакнаа можностите и поволностите што оваа услуга ги нуди за компаниите, како и заложбите на Владата за внесување на овој механизам.
Анѓушев посочи дека како алтернативен начин на финансирање, факторингот може да влијае и значително да ја подобри ликвидноста на компаниите.
„Факторингот е блиску поврзан со ликвидноста на компаниите, односно тоа е механизам како компаниите преку факторинг можат да ја подобрат својата ликвидност. Овој механизам во нашата држава не е развиен заради неинформираноста и тоа што нема компании што ја нудат оваа услуга, а е блиско поврзано и со ризикот. За потенцијалите на оваа услуга зборува фактот дека околу 10 отсто од бруто домашниот производ во Европската Унија се средства што се опфатени со факторинг, односно големината или средствата што компаниите ги користат врз основа на механизмот факторинг се околу 10 отсто од бруто домашниот производ. На пример, во Словенија тоа се 3% од БДП на Словенија или 1,2 милијарди евра на годишно ниво, додека, пак, кај нас тоа се мери во промили или е незначително“, истакна вицепремиерот.
Според него, актуелната состојба во нашето стопанство отвора широк простор за факторинг-механизмот.
„Кај нас ситуацијата е таква што од една страна не го користиме овој механизам, а од друга страна имаме сериозен проблем со ликвидноста на македонските компании и затоа ценам и верувам дека има доволно простор за ова да се подобри“, потенцираше Анѓушев.
На отворањето на Конференцијата за факторинг свое обраќање имаше и заменик-министерката за финансии.
„Пристапот до финансии, особено за малите и средни претпријатија, е едно од горливите прашања на кои Владата на Република Северна Македонија е сериозно посветена.
Во Законот за финансиски друштва, ќе се направат измени во делот кој се однесува на факторингот. Ќе се дефинира содржината на договорот и ќе се утврдат видовите на факторинг. Со тоа ќе се зајакне правната сигурност на овие договори, а на банките, финансиските друштва и самите корисници на услугата, ќе им се помогне да го разберат и препознаат факторингот како алтернативен начин на финансирање“, образложи заменик-министерката Ширет Елези.
Двајцата владини претставници порачаа дека државата е одлучна да го искористи овој потенцијал и на фирмите да им овозможува пристап до ликвидни средства без дополнително задолжување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

