Економија
Арсовска: Креиравме економски политики за земјите од Г20, кои се глобално применливи
Претседателот на Сојузот на стопанските комори на Македонија, Данела Арсовска, како меѓународен експерт е дел од интернационалната советодавна група за подготовка на економските политики и препораки за лидерите на владите на Г20, земјите што се најсилни економии во светот.
Меѓународната советодавна група од почетокот на годината работи на подготовка на економските политики и препораки, а денес на е-конференцијата таа ги финализира. Нејзини членови се и Томас Донохју, претседател и извршен директор на Американската стопанска комора, и Еверет Ајсенштат, потпретседател на „Џенерал моторс“ од САД.
Финалниот документ содржи четири клучни препораки за зајакнување на довербата во глобалниот систем за трговија и инвестиции. Покрај Арсовска, членови на меѓународната експертска група, која го креира овој финален сет мерки за економски политики, се и лидерите на деловните заедници на САД, Кина, Германија и на Франција.
„Со цел ублажување на последиците од пандемијата и враќање во колосек кон глобален економски просперитет, во согласност со прецизно утврден стратешки план, ќе се имплеметира мултирателарен систем за олеснување на трговијата и на инвестициите за развој. Второ, ќе се посвети особено внимание на воспоставување контролиран раст на е-трговијата преку посебни договори со особено внимание за потребите на микро, малите и средните компании, односно за претприемачите. Трето, олеснување на пристапот до финансирање на трговијата и поддршка на извозот на услуги во секторите поврзани со туризмот, кои се најзагрозени во моментот, поттикнување иновации и развој на дигитални технологии. Четвртата препорака се однесува на промоција на одржлива трговија и инвестиции со акцент на имплементација на нови технологии преку трговски политики компатибилни со правилата на Светската трговска организација, а со цел да се постигне транзиција кон одржлив економски развој. Потенцираме и дека препораките не се насочени само кон владите на земјите од Г20, туку и глабално бидејќи нивната имплементација може да даде поефикасна поддршка на приватниот сектор за време на криза, заштита на економијата и подготовка за идните предизвици“, изјави Арсовска.
Таа истакна дека е неопходна соработка на приватниот и јавниот сектор за да се создаде деловен амбиент кој поттикнува зголемување на интегритетот и довербата во институциите дејствувајќи во насока на постигнување економскиот просперитет.
Претседавачот на советодавната група за изготвување на предлог-политиките за трговија и инвестиции за Г20, Лубна Олајан, истакна дека ова е можност да се промовираат и да се поттикнат препораки за политиките што промовираат глобална посветеност кон мултилатерализам и либерализација на трговијата како клучни столбови за промовирање фер и отворена меѓународна трговија и инвестиции.
„Една од главните цели на советодавната група за трговија и инвестиции оваа година е да обезбеди препораки за Г20 за имплементација на политики што ќе ги поттикнат земјите членки на оваа група да понудат поголема поддршка и помош за сите компании, но особено на малите и средните претпријатија, најпогодени погодени од актуелната криза. Ова тело треба да се осврне на здравствената и економската координација, трговијата, вработувањето и туризмот како врвни приоритети најпогодени од Ковид-19. Меѓународната трговија и глобалните синџири на снабдување може да бидат дел од решението за оваа криза доколку тие се користат правилно. Г20 мора да спроведе акција преку соработка за правилно решавање на оваа светска пандемија. Соработката е клучна за усогласување на страните и единствениот начин да се затвори финансискиот јаз со цел да се постигнат целите за одржлив развој на Обединетите нации“, потенција Олајан и додаде дека трговијата и инвестициите се темелите за глобалниот просперитет.
Во 2015 година Арсовска учествуваше на самитот на Г20 во Анталија, Турција. Од оваа година таа е член на меѓународната група експерти за трговија за подготовка на економските политики и препораки на петнаесеттиот самит на лидери на влади на Г20, чија главна задача е да обезбедат препораки за унапредување на економската активност, која има клучна улога во постигнувањето на силен, одржлив и балансиран раст на светско ниво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

