Економија
Арсовска на Самитот на „Економист“: Услов за инвестиции е владеење на правото
Бизнис-делегација на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), предводена од претседателот Данела Арсовска е во Белград, на дводневниот 7. Самит: ЕУ и Југоисточна Европа – Одржлива обнова на Балканот, кој е во организација на реномираниот лондонски „Економист“.
Самитот обедини релевантни говорници, го отворија премиерот на Србија, Ана Брнабиќ, и вицепремиерот Ивица Дачиќ, додека претставници на НАТО, Европската комисија, влади на земјите на Југоисточна Европа, министри, амбасадори, директори на меѓународните финансиски организации, дискутираат на најактуелните теми во моментов за Балканот.
Акцент на овогодишниот Самит е подобрување на економската и регионална соработка, проширување на ЕУ и Западен Балкан, деловна клима, дигитализација, енергетска ефикасност, развој на услови за економски развој на регионот.
Арсовска го отвори панелот посветен на економијата, заедно со Бојан Марковиќ, претставник на ЕБОР, Eрика Теоман – Бреннер, претставник на Австриската организација за промоција на трговијата Advantage Austria, како и Гаетано Масара, претседател на Tungsram, дискутираа за тоа што следи за бизнисот и економијата во регионот, важноста од економска стабилност, можностите на регионот настапувајќи како единствен пазар и приближување кон ЕУ, како и за зајакнување на довербата на инвеститорите.
„Земјите од Југоисточна Европа повеќе или помалку имаaт слични предизвици, но најголемиот заеднички предизвик што ги обединува е одржливиот пат кон економски развој, а во таа насока добрососедските односи и политичка стабилност на регионот се дел од клучните услови. Воспоставувањето заеднички регионален пазар од над 20 милиони ќе го направи регионот поконкурентен, но и секоја од државите поединечно. Обединет пазар значи нови работни места, намалување на трошоците, побрз проток на стоки и луѓе и повеќе инвеститори во Западен Балкан.
Од друга страна, довербата на инвеститорите е поткопана, што е уште еден голем предизвик за нашите земји. Сите се соочуваме со истите предизвици кои се и дел од барањата на Европската Унија кои мора да се регулираат, а тоа се проблемите со владеење на правото, корупцијата и нетранспарентна и брза промена на легислативата. Справувањето со овие клучни предизвици е услов за подобрување на деловната и инвестициската клима, истакна Арсовска во своето обраќање и додаде дека неопходно е поголемо искористување на расположливите фондови со цел да се изгради силна економска мрежа како единствен пазар што ќе го зајакне регионот и ќе го приближи до ЕУ.
На сесијата беше поентирано дека сега е моментот засилено да се имплементираат структурните економски реформи за поттикнување на инвеститорите и враќање на нивниот интерес за регионот.
Овој самит е еден од клучните настани во организација на „Екомомист“ како светски бренд, кој годишно организира настани на ниво на светските лидери кои дискутираат за стратешки политички и економски прашања. Минатата година Самитот на ЕУ и Југоисточна Европа се одржа во Подгорица, а претходно во Виена, Букурешт и други европски центри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

