Економија
(Видео) Арсовски: На годишно ниво граѓаните ќе заштедат цели 36 денари за струја
СДСМ ги потценува граѓаните и си поигрува со нивната интелигенција. Намалувањето на цената на електричната енергија од само 0,1 отсто е доказ како Зоран Заев го подразбира подобрувањето на стандардот на граѓаните кои што го ветуваше. Сите оние кои плаќале струја по 3.000 денари со „огромното достигнување“ на Зоран Заев и со „подобреното работење“ на ЕЛЕМ, ќе плаќаат по 2.997 денари, односно за цели 3 денари помалку. На годишно ниво, со ваквиот успех на Владата на Заев, граѓаните ќе заштедат цели 36 денари, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, да не беше трагично ќе беше смешно. „Меѓутоа, пред неполни две години, истиот Зоран Заев и истиот СДСМ побараа намалување на електричната енергија за цели 30%. Нивниот аргумент беше дека цената на регионалните берзи била ниска и Регулаторната комисија морала да го земе предвид тој факт и да донесе одлука со која што би се намалила цената на струјата за една третина. Послушниците на Заев, тогаш се подбиваа со одлуката на комисијата која што ја намали цената за 0,33% или тројно повеќе од тоа што е намалена сега“, рече Арсовски.
Тој додава дека цената на електричната енергија на регионалните берзи е приближно иста како што била во јуни 2016 година. Згора на тоа ЕЛЕМ се пофали со намалување на трошоците и зголемување на профитот на компанијата. Оттаму, отворено се поставува прашањето зошто Зоран Заев сега не го исполни ветеното, односно не го реализира тоа што го бараше во 2016 година?
„Граѓаните прашуваат, зошто Зоран Заев не ја намали струјата за 30% како што ветуваше пред да дојде на власт? Каде одат парите кои СДСМ им ги зема на граѓаните? Дали граѓаните ги плаќаат сомнителните милионски тендери за ископ на руда за РЕК Битола? Колку пари ги чинат граѓаните струмичките камиони кои секојдневно влегуваат и излегуваат од РЕК Битола? Колку од овие пари завршуваат во семејството Заеви кои биле сопственици на овие камиони за кои што претходно јавноста можеше да види од нашите прес конференции? Колку од овие пари завршуваат во фирмите донатори на СДСМ како што е Делукс Ауто од Куманово? Уште колку тендери за набавки на возила или скапи неспособни советници ќе плаќаат граѓаните од нивните пари? Време е да се стави крај на лагите, расипништвото и неспособноста на оваа власт. Зоран Заев може да обезбеди подобар живот, но може само за Вице и за криминалниот картел на власт и затоа Зоран Заев мора веднаш да си замине“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

