Економија
Арсовски: СДСМ за една и пол година ја задолжи државата за 357 милиони евра
Криминогената и неспособна власт на СДСМ ја зацрни економијата во Република Македонија. СДСМ, откако е на власт, нема реализирано ниту еден единствен проект, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на денешната прес-конференција.
Како што рече тој, единствениот и најголем проект на Владата е задолжување на граѓаните.
„За жал, во моментот Македонија е презадолжена држава и граѓаните тонат во долгови. Откако дојде СДСМ на власт, сè повеќе се задолжува, а ништо не се реализира од предвиденото и СДСМ нема ниту еден единствен проект реализирано. Откако СДСМ е на власт, а тоа е од 2017 година, долгот пораснал од 4.787.000.000 евра на 5.144.000.000 евра, односно за една и пол година долгот пораснал 357.000.000 евра“, посочи Арсовски и додаде дека со 357 милиони евра нема реализирано ниту еден видлив проект.
Тој воедно запраша каде одат овие пари.
„Вкупниот јавен долг, заклучно со завршувањето на третиот квартал за 2018 година, изнесува 5.144.400.000 евра, што е 48,2 отсто од БДП. Од него, на надворешниот јавен долг отпаѓаат 3.512.000.000 евра, а на внатрешниот 1.632.000.000 евра. Со тоа е надмината психолошката граница од 5 милијарди евра и веќе државата се движи кон 50 отсто долг. Не само долгот што се движи кон 50 отсто, туку и со ревидираната фискална стратегија за 2019 – 2021 година од Министерството за финансии на Тевдовски јавниот долг во 2020 се очекува да достигне 54,5 отсто од БДП“, истакна партискиот портпарол.
Арсовски додаде дека послаба и поочајна економска политика и кадровски капацитет што ја води државата на економски план досега немало и порача дека што побргу си замине оваа власт, толку ќе биде подобро за граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

