Економија
А1 Македонија e најголемиот оператор со најбрза мобилна мрежа
Најдобрата понуда во мобилната телефонија со неверојатни 100GB мобилен интернет месечно, богато конвергентно портфолио, најсовремени телефони и супериорна услуга на најбрзата мобилна мрежа се само дел од поволностите што ги добиваат корисниците на А1 Македонија во септемвриската промоција.
А1 Македонија со гордост ја одбележува втората година од воведувањето на А1 брендот на македонскиот пазар со приматот – најголем мобилен оператор со најбрз мобилен интернет и со најголем број корисници во мобилната телефонија, потврдено со извештајот од Агенцијата за електронски комуникации.
Во овој период А1 Македонија ги реализираше и продолжува да ги реализира ветувањата кон корисниците за слободна и неограничена комуникација преку најсовремена мрежа и да ги креира најдобрите понуди за мобилни и фиксни услуги, како и нивна комбинација во конвергентни услуги кои овозможуваат мобилни и интернет услугии телевизија на фиксна локација и тоа по најповолни услови.
Инвестициите од над 30 милиони евра насочени во изградба на сопствена најсовремена мобилна мрежа на корисниците им овозможуваат најбрз, квалитетен и стабилен пренос на податоци, како и најсовремена мобилна комуникација и повици соултра висок HD квалитет. Понатаму, постојаното вложување во проширувањето на фиксната мрежа за интернет и телевизија овозможува пристап преку кабелска и оптичка мрежа до над 270 илјади домаќинства со супербрз стабилен интернет и најквалитетна телевизија на пазарот со интерактивни функционалности.
“Изминатите две години за А1 брендот значеа постојан раст, период кој иако исполнет со бројни предизвици, стана синоним за технолошки развој во кој постојано ја предизвикуваме иднината со посветено креирање најдобри производи и услуги кои на корисниците им овозможуваат повеќе вредности и тоа со најповолни услови. Посветеноста кон постојано градење доверба со нашите корисници го докажуваме со континуирана надградба на сопствената мрежа што резултира со стабилна и најбрза мобилна интернет конекција, неопходна во секојдневната комуникација и поттикнување на дигиталниот начин на живеење.”, изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.
Оттука, септемвриската промоција А1 Македонија ги пресретнува потребите за брза и неограничена комуникација и за првпат на македонскиот пазар корисниците добиваат неверојатни 100GB мобилен интернет месечно во тарифниот модел A1 Neo M+ кој доколку не се потроши се зачувува и понатаму може да се размени за дополнителни бенефити преку
апликацијата Мојот А1. Дополнително, корисниците може да одберат смарт-телефон по одлична цена, како на пример, Samsung Galaxy A12 по цена од 189 ден./месечно или Xiaomi Redmi 9T по цена од 149 ден./месечно.
А1 го збогати и A1 Combo портфолиото кое нуди единствена флексибилност на интернет, телевизија и мобилни услуги со можност за креирање на ТВ-програмската шема. A1 Combo корисниците секогаш добиваат и дополнителна субвенција за набавка на уред. Така, со најпопуларната комбинација A1 Net M + TV M со две мобилни линии A1 Neo M+ корисникот добива можност да одбере 4K HDR, Xiaomi 4S 43’’ телевизор со андроид оперативен систем за 0 денари.
„Нашето големо А1 семејство кое брои над милион корисници е модерно и динамично, секогаш подготвено за предизвици и да живее нови искуства. Горди сме што и овој пат придонесуваме за непречена комуникација на секој поединечно и за целото семејство. Продолжуваме понатаму со засилена динамика, иновативност и посветеност уште поинтензивно да ја обликуваме сегашноста и да ја предизвикаме иднината со најсовремени дигитални решенија кои ги ставаме на располагање на нашите корисници“, потенцира Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија.
Повеќе информации за септемвриската промоција можете да најдете на www.a1.mk
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
СДСМ: Кратењето 40 милиони евра субвенции за земјоделците Трипуновски го претставува како „реформа“
Владата на Мицкоски ги намали субвенциите на земјоделците за огромни 40 милиони евра. Денеска Трипуновски сака ова кратење на субвенциите за 2026 година да го престави како некаква мала реформа, велат од СДСМ.
„Во 2024 година за субвенции се исплатија 140 милиони евра, сега во буџетот се предвидени само 100 милиони евра. Кај тутунот, субвенцијата за прва класа е намалена од 100 на 80 денари по килограм, што претставува директен удар врз тутунопроизводителите. Со зголемувањето на минималните површини за лозарство, овоштарство и поледелските култури, неколку илјади земјоделци за прв пат од 2004 година наваму ќе останат без денар субвенции. Дали за „реформа“ Трипуновски и владата на Мицкоски го сметаат елиминирањето на илјадници земјоделски семејства од системот на државна поддршка? Што е следно, дека и најголемиот криминален скандал со ИПАРД Програмата ќе го прогласат за „реформа“?“, прашуваат од СДСМ.
Од партијата обвинија дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ги оставила земјоделците и без европска помош и со намалени субвенции.
„Оваа влада не ги крати парите за тендери туку ги кратат субвенциите од кои живеат земјоделците. 161 тендер за една фирма, 51 тендер за втора, 74 тендери за трета, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку пошта, 9 милиони евта за фирма со двајца вработени. Не се крати тука ништо, како колачи се делат тендери. Нема пари за субвенции, нема пари за минимална плата од 600 евра, има пари само за криминални тендери, нов авион и за луксузирањата на Мицкоски и неговите министри“, велат од СДСМ.
Економија
Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, средствата ќе одат кај вистинските земјоделци
На владина седница е усвоена новата Програма за директни плаќања за 2026 година, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
„Како новина, односно како мала реформа, направено е минимално зголемување на површините што се услов за користење на субвенциите, со цел да ја зголемиме домашната продукција на храна“, истакна министерот Трипуновски.
Тој нагласи дека сериозен акцент ќе биде ставен на теренските контроли што ќе ги спроведуваат надлежните институции, со цел средствата да завршуваат кај вистинските земјоделци.
„Минатата година беше потпишан Меморандум за соработка, со кој инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство се ставени на располагање на Платежната агенција, за да се спречи одлевање на државни средства кај лица кои досега користеле субвенции, а не обработувале земјоделска површина“, појасни Трипуновски.
Според него, дел од производството земјоделците ќе треба да го докажат преку предавање во преработувачки или откупувачки центри.
„Сето ова се става во законска рамка за да се следи нивото на производство и на тој начин да се потврди дека површините навистина се обработуваат“, додаде министерот.
Трипуновски ги отфрли обвинувањата од опозицијата, посочувајќи дека нема кратење на субвенциите, туку воведување дополнителни услови поврзани со реалното производство.
„Реформите што ги спроведуваме имаат цел да постават јасен правец на движење во наредниот период. Субвенциите треба да бидат насочени кон луѓето што навистина работат и произведуваат. Ова е чекор кон зголемување на домашното производство“, истакна министерот.
Економија
Поскап бензин од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69% во однос на одлуката од 9.2.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,599%, кај дизелот за 0,154%, кај екстра лесното масло за 1,247% и кај мазутот намалувањето е за 1,530%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3576%.
Од 17.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,883 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 ден/кг и сега ќе изнесува 33,883 ден/кг.

