Економија
А1 Nova – прво 5G тарифно портфолио
А1 Македонија со големо задоволство ја информира јавноста дека го збогатува продуктното портфолио во мобилната телефонија за резидентните корисници и ги претставува уникатните тарифи – A1 Nova. Со А1 Nova портфолиото компанијата оди чекор понапред во креирањето понуди со уште повеќе вредност за своите корисници со цел подготвени да ги искусат вистинските можности на револуционерната 5G технологија.
A1 Nova е првото тарифно портфолио во понудата на А1 Македонија креирано да одговори за вистински 5G искуства и истото вклучува неограничено количество мобилен интернет и содржи шест тарифни модели креирани според потребите на корисниците.
“Како компанија која е докажан вистински партнер на своите корисници во обезбедувањето понуди и услови за користење на напредните технологии, ја креиравме А1 Nova која ќе им овозможи на корисниците да бидат подготвени за придобивките од новата 5G технологија во која континуирано инвестираме, ја развиваме и усовршуваме. Горд сум што дури и пред официјалното доделување на 5G фреквенциите во земјата, лансираме продуктно портфолио со кое А1 корисниците освен што добиваат уште повеќе вредност, добиваат и можност подготвени да ја дочекаат новата технологија, а во меѓувреме да ги користат придобивките на најбрзата мобилна мрежа во земјата”, изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.
Со A1 Nova M тарифата корисниците покрај неограничените национални повици и СМС пораки, добиваат можност и за неограничено сурфање на најбрзата мобилна мрежа во земјата, потврдено од страна на АЕК и со Speedtest® на Ookla®, глобален лидер за мобилна и широкопојасна мрежна интелигенција. Сите корисници на оваа тарифа имаат ексклузивна можност, секој месец преку апликацијата Мојот А1 да изберат по еден бесплатен пакет кој вклучува 5GB интернет во роаминг или 100 минути за разговори кон странство, согласно нивните потреби. Дополнително, сите корисници кои ќе склучат нов договор или ќе го обноват постојниот во А1 Nova М, добиваат можност да набават веќе 5G компатибилен смарт телефон Xiaomi Redmi Note 10 5G со месечен надоместок од само 99 денари во месечната претплата. Со A1 Nova, корисниците добиваат екстра понуда и можат да уживаат во уникатните бенефити и да бидат подготвени за огромните придобивки што ги носи новата 5G технологија.
Новата 5G мрежа ќе овозможи поголема брзина и поголем капацитет, помала латенција и поголема мрежна покриеност во преносот на податоци за кои корисниците веќе и сега имаат реална потреба.
За потсетување, A1 Македонија, кон крајот на 2019 година успешно ја заврши првата фаза на тестирање на 5G технологијата во лабораториски услови, а во октомври 2021г. постави 5G мрежа во центарот на Скопје за финално тестирање, каде беше достигната брзина од 1Gbps за пренос на податоци, реализирано на мобилен телефон кој поддржува 5G мрежа.
Новата генерација технологии, 5G, е веќе воведена во компаниите членки на А1 Телеком Групацијата и тоа во Австрија, Хрватска и во Бугарија.
Повеќе информации можете да видите на www.A1.mk
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

