Економија
Бектеши: Годинава Македонија ќе ја посетат еден милион туристи
Министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека во согласност со податоците на Државниот завод за статистика во врска со зголемувањето на бројот на туристи, очекува годинава да биде остварена целта од еден милион туристи со 3 милиони ноќевања, кои ќе ја посетат земјава.
„Само во јуни годинава во земјата престојувале 102.327 туристи, кои оствариле 243.175 ноќевања, а заклучно со јуни влегле 433.361 турист, односно имаме 923.855 остварени ноќевања“, истакна Бектеши.
Во периодот јануари – јуни 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен 16,4 проценти – кај домашните туристи има зголемување од 9,3 проценти, а кај странските зголемување од 19,8 отсто.
Според министерот, учеството на туризмот во БДП се очекува да биде околу 3 проценти со оглед на тоа што проекцијата до 2020 е тоа да биде 4 отсто, а овој континуиран раст на бројот на туристи автоматски ќе значи и поголем девизен прилив.
„Ова е знак дека се движиме во вистинска насока, а политиките се одлично поставени. Влезот на Република Македонија во НАТО ќе значи и отстранување на последната бариера што честопати е споменувана од странските туристи кои ја заобиколуваат нашата земја, а тоа е прашањето за поголема сигурност и безбедност. Но, тоа ќе значи и засилени инвестиции во туристичката инфраструктура, што секако ќе придонесе за развој на туристичкиот сектор“, потенцира Бектеши.
Тој додаде дека земјите од регионот, кои се дел од НАТО или ЕУ, веќе го почувствувале значењето од членството во насока на засилен економски развој вклучувајќи и развој на туристичкиот сектор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

