Економија
Бектеши: И во време на криза носиме мерки за предвидлива и подобра бизнис-клима за инвеститорите
Владата на Северна Македонија како висок приоритет го има поставено развојот на економијата. Одржлив економски развој, базиран на знаење, иновации, интернационализација е клучен. Фокус на политиките е поддршка на конкурентноста на македонските компании, чиј развој треба да се базира на диверзификација на производството кон производи со повисока додадена вредност, инвестиции во технолошки развој, иновации и интернационализација, рече министерот за економија, Крешник Бектеши, во своето обраќање на бизнис-настанот SUBEX – Suppliers Balkan Expo, кој се одржува во организација на Македонско-германското стопанско здружение.
Министерот истакна дека Северна Македонија и покрај светската криза, се обидува да не се скратат мерките за поддршка на бизнисот, пред сè, оние што се извозно ориентирани, но и мерките за привлекување странски инвестиции.
„Северна Македонија прави големи напори со институциите да овозможи најдобри услови за работа на македонскиот пазар. Најважно од сè е компаниите што ќе решат да инвестираат во Северна Македонија да имаат предвидлива бизнис-клима. Во насока на понатамошна поддршка на развојот на индустријата, диверзификација на производството и зголемување на извозот, Владата нуди поголем сет мерки, како мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестициите, мерки преку програмите на Министерство за економија за поддршка на преработувачката индустрија и МСП, мерки од Фондот за иновации и сл. Следни активности во кои е вклучено Министерството, а треба да имаат позитивно влијание врз понатамошна поддршка и поттик на фирмите во нивниот раст и развој, се паметната специјализација, чиј фокус е на соработка, наука и бизнис во поддршка на истражување, развој и иновации во согласност со потребите на бизнисот и извозна стратегија како стратешка рамка за поддршка на фирмите во извозна спремност и извозна промоција“, посочи министерот Бектеши.
Министерот потенцира дека од аспект на индустријата таа се соочува со сериозни предизвици предизвикани од економските, здравствените и енергетските промени и нестабилноста на светскиот пазар. Но, тоа значи и нова можност за привлекување инвеститори во нашата земја и вклучување во нови синџири на доставувачи.
„Нашата преработувачка индустрија учествува со 14 % во БДП, 19 % во вработувањето и 11 % во бројот на активни компании. Преработувачка индустрија учествува со 94 % во вкупниот извоз. Македонската економија во изминатиот период бележи значителен пораст на извозот и покрај, ковид-кризата во 2020 година, како и кризата со воениот конфликт во Украина во 2022 година, кои имаа негативни ефекти врз извозот. Имено, во периодот од 2011 до 2021 година извозот на стоки бележи просечна стапка на раст од 10 %, а извозот на услуги исто така расте со просечна стапка од 10 %. Истовремено, релативното учество на извозот на добра и услуги како процент од домашниот бруто-продукт (БДП) бележи зголемување од 47,1% во 2011 година до повеќе од 61 % во 2021 година, што претставува значителна позитивна тенденција. Околу 50 % од вкупниот извоз доаѓа од фирмите од ТИРЗ, а како за илустрација, доминантни извозни производи на домашните компании се производи од текстилната индустрија, облека, примарно земјоделство и прехранбена индустрија, руди и базични метали“, рече министерот.
Бектеши рече дека благодарение на процесот за дуално образование, кој се спроведува со поддршка на бизнисот, компаниите ги добиваат квалификуваните кадри што им се потребни.
„Во завршна фаза е новата стратегија за паметна специјализација, која ќе биде прва ваква во Северна Македонија. Ги идентификувавме главните сектори, кои ќе бидат вклучени во стратегијата и тие сектори ќе бидат поддржани“, рече министерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

