Економија
Бектеши: Работиме на подобрување на законодавството за поголема заштита на потрошувачите
Основната цел на нашата политиката за заштита на потрошувачите е унапредување и заштитата на правата на потрошувачите преку подобрување на законодавството, подобра информираност и едукација на потрошувачите, остварување на правото за спогодбено решавање на споровите, како и зајакнување на соработката помеѓу институциите. Министерството за економија како надлежно министерство за заштита на потрошувачите ги следи политиките на Европската Унија и предложи мерки и инструменти во Програмата за заштита на потрошувачите за периодот 2019–2020 година, со кои се опфатени поголем број институции, кои, покрај ресорното министерство, им даваат поддршка на граѓанските организации за информирање, едукација, советување и алтернативно решавање спорови со потрошувачите, истакна министерот за економија, Крешник Бектеши, на денешното доделување на сертификатот „Фер со потрошувачот“.
Вкупно 45 компании денеска добија сертификат „Фер за потрошувачот“ за компании со јасно дефинирани правила за заштита на безбедноста и здравјето на потрошувачите, со фер пазарни практики и спогодбено решавање поплаки и спорови, како и кои ја штитат приватноста на потрошувачите и се грижат за влијанието на производите врз животната средина.
На овој начин, како што потенцира Бектеши, Министерството ги спроведува своите законски надлежности, а тоа е јакнење на граѓанските организации да ги штитат правата на потрошувачите.
Претседателката на Организацијата на потрошувачи, Маријана Лончар-Велкова, истакна дека сертификацијата означува дека компаниите се грижат за производите, за услугите, дека имаат фер практики кон потрошувачите, односно дека се грижат потрошувачите да бидат задоволни, а исто така дека обрнуваат внимание на производите да не бидат штетни за животната средина.
„Денес завршуваме еден циклус на сертификација и почнуваме нов, во кој и други компании ќе ни се придружат заеднички да создаваме амбиент за задоволни потрошувачи преку примена на фер практики“, истакна Лончар-Велкова.
Сертификатот се издава од сертификациско тело, кое е креирано од трите организации (Организацијата на потрошувачите (ОПМ), „ЗБК креација“ и асоцијацијата „Зенит“) со повеќегодишно искуство при заштита на потрошувачите и унапредување на конкурентноста на македонската економија.
Цената за сертификација е формирана според големината на компанијата. Министерството за економија преку Програмата за конкурентност, иновации и претприемаштво надоместува 50 отсто од трошоците за сертификација на мали и средни претпријатија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Новата Ford Puma Gen-E финалист на европскиот натпревар AUTOBEST 2026!
Ford Puma Gen-E е избрана за финалист на престижниот избор AUTOBEST 2026 – признание што ја потврдува визијата на Ford за иновативна, ефикасна и достапна мобилност.
Како нова електрифицирана генерација на омилениот кросовер, Puma Gen-E комбинира динамичен дизајн, напредни технологии и практичност создадена за секојдневието. Со фокус на одржливост и паметни решенија, моделот нуди возбудливо искуство во градот и надвор од него, без компромис во удобноста и перформансите.
Ова признание од AUTOBEST е уште една потврда дека Ford Puma Gen-E поставува нови стандарди во својата класа.
👉 Вашиот глас е важен!
Поддржете ја Ford Puma Gen-E и гласајте во изборот AUTOBEST 2026 на https://autobest.org/.
AUTOBEST е еден од најрелевантните и највлијателни европски автомобилски избори, основан со цел да ги претставува интересите на реалните возачи низ целиот континент. Жирито на AUTOBEST го сочинуваат реномирани автомобилски новинари од повеќе од 30 европски земји, кои заедно претставуваат над 90% од европскиот автомобилски пазар.
Финалистите и победниците на AUTOBEST се сметаат за репер во европската автомобилска индустрија, а самото учество во финалната селекција претставува значајно признание за квалитетот и визијата на еден модел.
(ПР)
Економија
Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со грантовите во вкупен износ од 25 милиони евра
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина, изјави:
„Да работиме, практично Инова агенцијата, околу овозможување и обезбедување грантови за компаниите, посебно во делот на енергетската трансформација. Имав и таму едно многу интересно обраќање. Да, за енергетската трансформација, но треба да сме многу внимателни. Затоа што не сум сигурен, а тоа се сложија и голем број од учесниците на тие панели, дека со таа енергетска трансформација, ние можеме на долг рок да генерираме базна енергија којашто е потребна на индустријата за потребите на самата индустрија. Тоа треба да се одвива чекор по чекор, затоа што секоја избрзана постапка може да направи штета по индустријата и по државата. Но, колку за информација за компаниите, некаде околу 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра и наскоро ќе има и за тоа објава во јавноста и јавен повик.“
Економија
Комисија за заштита на конкуренцијата: Лани се изречени казни во вредност од над 53 милиони денари
Комисијата за заштита на конкуренцијата информира дека во текот на 2025 година се изречени казни за повреди на одредбите од Законот за заштита на конкуренцијата и за повреди на одредбите од Законот за забрана на нефер трговски практики, во вкупна вредност од 53.044.555,00 денари.
„Со овие санкции, Комисијата испраќа јасна и недвосмислена порака дека картелските договори, забранетите договори, злоупотребата на доминантна позиција, непријавените концентрации и нефер трговските практики нема да се толерираат. Казните имаат изразена превентивна улога и претставуваат ефикасен механизам за одвраќање од идни повреди на пазарните правила“, велат од Комисијата.
Од таму најавуваат дека ќе продолжат со активен надзор и доследна примена на законските овластувања, со цел обезбедување фер и транспарентни пазарни услови, еднаков третман на економските оператори и ефективна заштита на конкуренцијата и интересите на потрошувачите.

