Економија
Бектеши: Со четвртиот пакет-мерки ќе бидат опфатени најсиромашните
Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска се обрати на 4-тата Меѓународна конференција за бизнис и информатичка технологија која ја организира Универзитетот на ЈИЕ во Скопје. Министерот во своето обраќање се осврна на кризата што ја предизвика пандемијата предизвикана од Ковид-19 врз македонската економија, и ефектите кои ги дадоа трите пакета мерки коишто го донесе Владата за поддршка на граѓаните и на економијата.
„Првиот и вториот пакет-мерки ги донесовме брзо, навремено и реагиравме веднаш со цел да им помогнеме на најпогодените сектори во економијата и најпогодените граѓани, да го зачуваме секое работно место и да спречиме оваа криза да предизвика поголеми штети врз економијата. На почетокот на летото како што се продлабочуваше кризата, го донесовме и третиот пакет-мерки. Тој имаше главна цел, преку финансиска инекција, преку директна поддршка на граѓаните и на стопанството да ја рестартираме економијата“, кажа министерот Бектеши.
Министерот во своето обраќање информираше дека бизнис-секторот позитивно одговори на креираните мерки. Тоа според него го покажува податокот што од вкупно 500 милиони евра предвидени за поддршка на економијата досега се реализирани и исплатени околу 140 милиони евра од кои приближно 40 милиони евра беа исплатени за граѓаните, а 100 милиони евра како финансиска поддршка беа исплатени за фирмите.
Целта на овие мерки за бизнисот беше преку задржување на ликвидноста на стопанството да се обезбеди неговото нормално функционирање и да се поттикне економската активност – фирмите можат да ги сервисираат своите редовни обврски, но и да преземаат инвестициски активности што е од големо значење за надминување на кризниот период.
Министерот информираше дека во моментов интензивно се работи на подготовка четвртиот пакет економски мерки.
„Четвртиот сет мерки е нашиот приоритет. Од првиот ден на новата Влада имаме консултации со сите чинители со цел да креираме мерки кои најбрзо и наједоноставно ќе можат да бидат искористени и реализирани. Со четвртиот пакет-мерки ќе целиме да помогнеме и на секторите во кои претходно и можеби немаше дадено помош. Со четвртиот пакет-мерки ќе бидат опфатени најсиромашните, со цел да ја зголемиме нивната потрошувачката моќ, но и на компаниите за да даваат плати. Ќе продолжиме со помошта за платите во најпогодените сектори. Четвртиот сет мерки ќе биде значајно поголем пакет-мерки бидејќи ќе опфати повеќе категории на граѓани, но и ќе биде сет мерки што ќе се реализира до крајот на оваа година“, потенцираше министерот.
На 4-тата меѓународна конференција за бизнис и информатичка технологија свое обраќање за здравствено економската криза предизвикана од пандемијата имаше и ректорот на Униврзитетот на ЈЕИ, академик Абдулменаф Беџети, како и министерот за финансии, Фатмир Бесими.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

