Економија
Бектеши: Ќе се укине забраната за извоз на брашно, резерви храна има доволно
Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави дека ќе се укине забраната за извоз на брашно. Тој рече дека од почетокот на пандемијата на коронавирусот земјава немала проблеми со снабдување со брашно.
„Од почетокот на оваа пандемија Северна Македонија немаше големи проблеми со снабдување брашно за граѓаните, ниту со зголемување на цените на брашното. Ние донесовме одлука за замрзнување на цената на основните прехранбени продукти, со што овозможивме да се заштитат граѓаните од ценовни шокови. Сакам да ја информирам јавноста дека во согласност со сите податоци што ги имаме, оваа индустрија работи одлично и во моментот има доволно резерви брашно, особено кога Србија повторно дозволи извоз на пченица. Во таа насока Министерството за економија работи на измена на уредбата со која беше забранет извозот на пченица и брашно во други земји и повторно да биде дозволен. Со тоа се овозможува оваа индустрија повторно да може да ги извезува своите производи“, информира министерот Бектеши по состанокот со мелничарите.
Претседателот на здружението на мелничко-пекарската индустрија, Горан Малишиќ, истакна дека во почетокот на кризата предизвикана од коронавирусот се создаде зголемена побарувачка на брашното, со самото тоа се зголемија и цените на пченицата на светско ниво и во опкружувањето. Но, тој истакна дека нема потреба од создавање паника кај граѓаните бидејќи има доволно резерва кај граѓаните.
„Резервите се доволни, нема потреба за паника, извозот на пченица од Србија во регионот е дозволен и нема проблем со транспортот. Имавме мала правна блокада со уредбата што ја донесе Владата, но, еве, во разговор со министерот добивме уверување дека тоа ќе се реши“, истакна Малишиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

