Економија
Бесими на настан во организација на УКИМ: преку таргетирани мерки во борбата против сивата економија до одржлив раст на економијата
„Унапредување на процесот на мерење, следење и детектирање на сивата економија, стимулативни активности за формализација на сивата економија, јакнење на свеста за сивата економија и јакнење на даночниот морал, зајакнување на инспекциските служби, унапредување на законската регулатива, како и спроведување мерки во делот на Царинската управа каде што ќе бидат опфатени и производите од е-трговијата“, се 6те приоритети таргетирани со Акцискиот план за сузбивање на сивата економија на Министерството за финансии, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими на настан „Неформалната Економија – причини, предизвици и потенцијални решенија“, во организација на катедрата за економија УКИМ.
Министерот притоа потенцира дека веќе се преземаат мерки со чијашто реализација се таргетираат конкретните приоритети за намалување на сивата економија.
„Преминот од неформален во формален сектор, би ја намалил нелојалната конкуренција, би создал услови за рамноправен натпревар меѓу бизнисите, би го зајакнал даночниот морал и би повлекол зголемување на бруто домашниот производ. Ова кажува колку е важно преземање итни мерки и акции за сузбивање на неформалната економија“ потенцира министерот.
Притоа како една од поважните мерки, министерот ја издвои изготвената Студија за утврдување на клучните причини за постоење на неформалната економија, која воедно ги мапира потребите за промени, дава препораки за превенција, како и индикатори за мерење на застапеноста на неформалната економија. Самата студија е од големо значење ако се има предвид дека согласно истата ќе се базираат понатамошните чекори кои треба да се преземат при справувањето со оваа негативна појава“, потенцира министерот Бесими и додава дека Министерството за финансии и останатите институции во следниот период детално ќе ги анализираат препораките дадени во Студијата и ќе работат на изнаоѓање ефикасен начин за нивно спроведување.
Во рамки на Акцискиот план воедно се спроведува и кампањата „Внеси боја во сивата економија“ која започна минатата година, а чија цел е да ја подигне свеста за последиците од нерегистрираните економски активности врз квалитетот на животот на секој граѓанин, како и да поттикне нивно намалување. За оваа цел беше лансирана и веб страната vnesiboja.mk со што кампањата доби и едукативна улога со тоа што граѓаните сега можат да се информираат што претставува сивата економија, како може да ја препознаат истата и кои се последиците од нејзиното поддржување.
На настанот учесници беа деканот на Економски факултет, Предраг Трпески, професорите Борче Треновски и Билјана Ташевска, заменик на претседателот на Владата за политики за добро владеење Славица Грковска, заменик-постојан претставник на УНДП Сања Бојаниќ, директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и главниот државен ревизор Максим Ацевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

