Економија
Бислимоски: Ако се прифатат барањата на ЕВН, МЕПСО и на „Електродистрибуција“, струјата ќе поскапи 4,72 отсто
Барања за промени на цените од 1 јануари во Регулаторна комисија за енергетика досега поднеле АД МЕПСО за пренос на струја, Електродистрибуција за дистрибуција на електричната енергија и „ЕВН хоме“ за универзално снабдување, а ако РКЕ ги прифати сите нивни барања, цената на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи ќе се зголеми четири проценти или 4,72 % ако се пресмета и враќањето на ДДВ-то од пет на десет отсто.
Во следните неколку дена РКЕ ќе ги разгледа сите барања на компаниите и ќе донесе одлука дали ќе ја покачи цената за овој процент или ќе има помала корекција на цената во однос на периодот од јули до декември 2022.
„Досега барања поднесоа АД МЕПСО за пренос на струја, Електродистрибуција за дистрибуција на електрична енергија и ‘ЕВН хоме’ за универзално снабдување на струја. МЕПСО, имајќи предвид дека денеска ќе биде тендерот за електрична енергија, оди со цена за набавка на загуби до 220 евра за мегават-час и во своите калкулации побарал зголемување на цената за пренос на електрична енергија од 29,75 отсто.
Количините за технички загуби на струја во дистрибутивната мрежа се обезбедени од ЕСМ за цена од 110 евра за мегават-час и врз основа на тоа „ЕВН дистрибуција“ бара намалување за нејзината услуга од 2,8 %.
„ЕВН хоме“ за првите шест месеци од 2023 распиша тендер за набавка на електрична енергија, на кој единствен понудувач е АД ЕСМ, со цена од 56 евра за мегават/час. Потребите за увоз на струја се за домаќинствата и малите потрошувачи. Ова е зголемување од 16,67 отсто во однос на претходната цена.
Но, со фактот што нема увоз на струја и, дополнително, што трошокот за обновливи извори е префрлен на слободниот пазар за да им се помогне на тие компании таму, просечната набавна цена на регулираниот пазар за малите потрошувачи и домаќинствата во споредба со претходната одлука има зголемување од пет проценти. Уште од сега можам да потврдам дека трошокот за дистрибуција на електрична енергија ќе биде намален, а блоковите ќе останат исти засега“, рече Бислимоски на прес-конференција.
Тој ја искористи можноста да им се заблагодари на луѓето во ЕСМ и на вработените во ТЕЦ „Неготино“ затоа што производствен капацитет од 1979 година, по 43 години, успеале да го активираат и денеска да работи со двата котла.
Орце Костов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

