Економија
Бочварски: Издвоивме 186 милиони денари од буџетот на Министерството за транспорт и врски за капитални проекти во општините
Од буџетот на Министерството за транспорт и врски за оваа година распределуваме 186 милиони денари за реализација на капитални проекти во општини во Република Северна Македонија, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, при денешната работна посета на општина Штип.
Тој потенцира дека Владата се фокусира на поддршка на општините за да се подобри квалитетот на урбаното живеење. За таа цел, истакна министерот, на послeдената седница на Владата било одлучено преку буџетот на Министерството да се распределат овие средства во вид на капитални дотации.
„Владата на вчерашната седница ја усвои информацијата за распределба на капитални дотации за општините како поддршка за подобрување на квалитетот на живеење. Општина Штип добива 9 милиони денари за изградба на конзоли за пешаци на реката Отиња. Со проектот се предвидува изградба на конзоли за пешаци, со што ќе се ослободи сегашниот тротоар на потегот од мостот на црквата ‘Св. Никола’ сè до мостот кај судот. Со тоа добиваме уште една коловозна лента и двонасочен проточен сообраќај. Со овој проект и со платформата за паркирање го решаваме сообраќајниот систем во тој дел од градот. Продлжувме во отворена и блиска комуникација со сите општини и во тесна соработка ќе придонесеме за подобрување на квалитетот на живот за граѓаните“, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
За општина Штип ова е трјано решавање на досегашниот сообраќаен метеж, истакна в.д. градоначалникот на оптшина Штип, Јане Миланов.
„Со изградба на конзолите за пешаци ќе ги ослободиме тротоарите, со што ќе добиеме две ленти за сообраќај. Со тоа ќе го решиме сообраќајниот метеж што го имаме со години. Се работи за средства од 9 милиони денари, кои заедно со средствата што ќе ги одвои Општината ќе се овозможи фазно да се реализира овој проект. На тој начин добиваме сообраќајница со две ленти“, изјави в.д градоначалникот на општина Штип, Јане Миланов.
.На новинарско прашање за изградба на браната на Отиња, министерот Бочварски потенцира дека јавниот повик е завршен и дека пет компании имаат доставено понуди. Во наредниот период ќе се врши евалуација на понудите и до крај на годината или почетот на следната година ќе се избере изведувач, истакна министерот Бочварски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.
Економија
Отворен Економскиот бизнис форум помеѓу Северна Македонија и Словачка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје, заедно со министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, го отвори Економскиот бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Словачката Република, на кој присуствуваа голем број домашни и словачки компании.
„Настанот, организиран од двете министерства со вклученост на повеќе економски институции, беше одлично посетен од претставници на стопанските комори и бизнис-заедницата. Присутните имаа можност за директни средби и вмрежување со словачките компании од секторите енергетика, градежништво, здравство и медицина, туризам, ИКТ, трговија и други услужни дејности“, соопштија од Министерството.
Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува потврда не само на политичката блискост меѓу двете држави, туку и на заедничката верба во силата на економското партнерство.
„Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е нејзино јадро. Силните политички односи мора да бидат придружени со силни економски темели“, нагласи Муцунски, изразувајќи благодарност до словачките партнери и компании за нивното присуство, кое, како што посочи, претставува знак на доверба.
Тој истакна дека Северна Македонија нуди стабилност, отвореност и предвидливост како основа за инвестирање, при што континуираното усогласување со европското законодавство претставува заложба за транспарентност и правна сигурност. Посебно ги нагласи потенцијалите во автомобилската индустрија, производството на компоненти, ИКТ-секторот, обновливите извори на енергија и агробизнисот.
Министерот посочи дека достигнувањата на Словачка во автомобилското производство, иновациите и енергетската транзиција создаваат природна основа за продлабочување на партнерството преку заеднички инвестиции, интеграција на синџирите на снабдување и трансфер на технологии.
Во рамки на форумот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и словачката агенција SARIO, со што се отвора дополнителен простор за директна институционална соработка и заедничка промоција на економските потенцијали.
Муцунски истакна дека Владата останува цврсто посветена на поддршка на бизнис-заедницата преку дипломатската мрежа, институциите за промоција на инвестиции и механизмите за олеснување на трговијата, со цел идентификување нови можности и отстранување на административните пречки.
Форумот, како што беше оценето, претставува конкретен чекор кон продлабочување на економската соработка и создавање нови можности за инвестиции, иновации и одржлив раст во интерес на двете држави.
Економија
Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево
По поплавите во Кичево што доведоа до евакуација на околу 250 луѓе од 63 домаќинства, компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност преку донација на средства за лична хигиена за лицата кои се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“.

Пакетите, кои содржат основни производи за секојдневна хигиена, како и вода и храна се наменети за најзагрозените домаќинства со цел да им помогнат полесно да се справат со последиците од природната непогода.


Со оваа хуманитарна иницијатива, компанијата испраќа силна порака за солидарност и поддршка во моменти кога заедништвото е најпотребно, останувајќи доследна на својата општествено одговорна мисија.
(ПР)

