Економија
Бугарите што беа заинтересирани за „Фени“ излегоа од доверители
Како што се исплатуваат побарувањата кон доверителите на „Фени индустри“, така се губи интересот на компаниите кон кавадаречкиот комбинат. Од листата доверители со исплатување на вкупните побарувања излезе и бугарската компанија „Енекод“ откако и таа го продаде своето побарување на „Еуроникел“, подружница на швајцарски ГСОЛ.
До скоро време, пред да им се исплатат побарувањата, „Енекод“ ја брануваше јавноста со изјави за намери да го преземе „Фени“. Уште пред да се објави стечајот, „Енекод“ се „самопрогласи“ за сопственик на „Фени“, но кога од трите банки доверители им беше даден услов да се платат платите на вработените, „Енекод“ со писмо ги извести банките дека не се во можност да ја направат исплатата.
На последното Собрание на доверители, „Енекод“ заедно со другата бугарска компанија „Минстрој“ побараа отфрлање на планот за реорганизација, сопирање на стечајот и впаричување на имотот на „Фени“. Исто така, сопственоста на „Енекод“ е поврзана и со „Минстрој“, бугарската компанија која спротивно на законот и правните процедури, сè уште бара да се запре целиот процес за рестартирање на „Фени“ и да се ликвидира, нешто на што остро се спротивставуваат вработените на „Фени“, а експертите велат дека ликвидацијата е најлошото што може да му се направи на „Фени“ и сите што зависат од кавадаречкиот комбинат.
Во моментов, најголем инвеститор во „Фени индустри“ останува ГСОЛ со своето локално претставништво „Еуроникел“, кој со отворањето на стечајната постапка ги откупи сите побарувања и стана единствен доверител. Исто така, оваа компанија стана и закупец на комбинатот во периодот додека да се заврши стечајната постапка со цел да се спречи понатамошно напластување на долговите и „Фени“ побрзо да се врати во оперативен, производен модул. ГСОЛ го рестартира производството, ги зголеми платите на вработени и редовно ги исплаќа, ја стекна довербата на претходните компании партнери и го враќа „Фени“ на европските пазари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Поволности за потрошувачки кредити во Халкбанк – што треба да знаете?
Понекогаш човек знае точно што сака да направи, да вложи во нешто важно, да го олесни секојдневието, да поддржи нечија идеја или да создаде поголема удобност во својот дом. Но, исто така знае дека најтешко е да се најде финансиско решение што е стабилно, предвидливо и фер. Во вакви моменти, вистинска разлика прават понудите што носат јасни правила, фиксни услови и чувство на сигурност.
Токму таква е понудата со сет поволности за Промо потрошувачки кредити на Халкбанк кој е наменет за примателите на плата и пензионерите со примања во Банката.
Примателите на плата можат да аплицираат за кредит до 2.500.000 денари, со кредитна способност до 50% од месечните примања. Каматните стапки се фиксни, 5% за отплата до 95 месеци и 5,7% за отплата до 120 месеци, што значи дека месечната обврска останува непроменета во текот на целиот период. Во кредитот е вклучено и осигурување CPI или комбинација Живот + Незгода, како дополнителna безбедност ако се појават неочекувани ситуации.
Пензионерите имаат пристап до посебно прилагодени услови како што е кредит до 600.000 денари, фиксна камата од 5%, кредитна способност до 40% од месечната пензија и рок на отплата до 120 месеци. Овие услови се креирани со цел да создадат сигурност и рамнотежа, без оптоварување на месечниот буџет.
Трошоците се јасно дефинирани и познати уште на почеток, а задолжителното осигурување е дел од вкупната пресметка што дополнително го штити клиентот.
Промотивниот период им дава можност на клиентите да ја искористат стабилноста што оваа понуда ја нуди во време кога фиксните услови се особено вредни. Со вакви производи, Банката продолжува да создава практични и достапни решенија што се усогласени со секојдневните потреби на граѓаните.
ПР
Економија
Гувернерот Славески: Финтек-иновациите ја обликуваат иднината на македонскиот финансиски сектор
Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на Конференцијата за европска економска интеграција (CEEI 2025) – Финансиската иднина на ЈИЕ: финансирање на растот и иновациите, во организација на Народната банка на Австрија, којашто се одржува во Виена, истакна дека финтек-иновациите значително го олеснуваат пристапот до финансии за граѓаните и за малите и средните претпријатија, ја намалуваат цената на трансакциите и поттикнуваат развој на нови дигитални услуги.
Народната банка веќе создаде платформа за поддршка на финтек-инвестициите, Портата за иновации и Работна група за финтек, како и Стратегија за периодот 2023 – 2027 година, со цел да овозможи поддршка за иновативните компании и компаниите во зародиш (стартап). Законот за платежни услуги и платни системи е усогласен со рамката на ЕУ, овозможувајќи поефикасни и поевтини плаќања и лиценцирање на пет платежни институции и три даватели на електронски пари досега.

Гувернерот Славески посочи дека македонските банки активно инвестираат во дигитализацијата, вклучувајќи биометриска идентификација, технологии во облак и вештачка интелигенција, а соработката со финтек-компаниите расте. Народната банка работи и на регулативни мерки за заштита од онлајн измами и од злоупотреба на личните податоци, како и на подигање на финансиската и дигиталната писменост.
Гувернерот истакна дека довербата во домашната валута е клучот за развојот на локалните пазари на капитал, додека регионалната интеграција и приближувањето кон ЕУ и еврозоната може да донесат пониски трошоци за финансирање, поголема доверба и зголемени инвестиции.
Народната банка и во иднина ќе ги поддржува иновациите во финансискиот сектор, обезбедувајќи стабилност и услови за одржлив економски раст.
Економија
Сетек го отвора Black Friday со рекордни попусти!
СЕТЕК, водечката технолошка компанија со долгорочно лидерство на македонскиот пазар, официјално го стартува најголемиот шопинг настан во годината Black Friday, со досега највисоки попусти и ексклузивни понуди.
Black Friday во Сетек носи вистинска шопинг еуфорија: голем избор, огромни попусти и до 70% и атрактивни понуди на стотици производи од водечките светски брендови.
Купувачите можат да изберат врвна техника од сите категории: бела техника, телевизори, ИТ-опрема, лаптопи, мобилни телефони, гејминг опрема, мали домашни апарати, уреди за климатизација и други производи за модернизација на домот, канцеларијата или деловниот простор.
Со оваа кампања, СЕТЕК уште еднаш ја потврдува својата позиција како прва и најсигурна дестинација за купување техника во периодот на најголемите шопинг активности во текот на годината.
Промотивниот период трае до 1 декември, а сите продажни салони низ државата, заедно со онлајн продавницата www.setec.mk работат со зголемен капацитет за да одговорат на големиот интерес.
Веб-страницата е дополнително оптимизирана за побрзо прегледување и полесно пребарување за време на Black Friday викендот.
„Black Friday е еден од најзначајните настани за нашите клиенти, кои секоја година очекуваат силни попусти и пријатно шопинг искуство. Нашиот тим вложува значителни ресурси за да обезбедиме уште поквалитетна, поконкурентна и попристaпна понуда. Горди сме што континуирано ги надминуваме очекувањата на нашите купувачи“ истакнуваат од компанијата.
Со повеќе од 30 години присуство на пазарот, СЕТЕК е препознаен како еден од најголемите и најреномираните лидери во продажба на технички производи со врвни технологии.
Компанијата нуди напредни услуги креирани да им овозможат на купувачите подобра информираност, сигурност и премиум корисничко искуство, меѓу кои:
• програма за лојалност
• кешбек можности
• премиум достава
• флексибилни опции за кредитирање
• континуирана техничка поддршка
И оваа година Сетек со Black Friday, уште еднаш го зацврстува својот статус како најдоверлив партнер за избор на техника нудејќи уникатна комбинација од висок квалитет, одлични цени и професионална услуга.
ПР

