Економија
Васко Ковачевски: Бараме начин да обезбедиме поевтина струја за стопанството

„Во изминатиот период како држава правиме интензивни подготовки да го зголемиме производството на електрична енергија. 100-процентно ја произведуваме целата енергија која е потребна за граѓаните и малите потрошувачи наместо само 60 %, колку што пропишува законот, сè со цел „ЕВН хоме“ да не мора остатокот да го набавува по берзански цени бидејќи тоа ќе удри врз домашниот буџет на секој граѓанин“, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски.
Тој додава дека во меѓувреме, заедно со Владата, бараме начин како да им помогнеме на стопанството и на институциите, односно да се набават повеќе ресурси: јаглен, мазут и природен гас за да се вклучат дополнително и некои од другите капацитети за таа енергија да ја произведеме и да им ја понудиме на бизнис-секторот и на институциите сè со цел да му помогнеме и на слободниот пазар, каде што цените се неколкукратно поголеми од цените на регулираниот пазар што ЕСМ го снабдува.
„Ние се подготвуваме за грејната сезона. Премиерот Ковачевски, министерот Бектеши и јас како претставник на АД ЕСМ имавме интензивни разговори во рамките на иницијативата ‘Отворен Балкан’ со земјите членки Србија, Албанија и Македонија, но и со Црна Гора и Босна и Херцеговина, кои бараат членство, за тоа како да најдеме начин заеднички да ја менаџираме и подобриме ситуацијата со производство и снабдување со електрична енергија“, истакна Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Нова специјализирана продавница за Корејска убавина K-Beauty- Зегин во срцето на Скопје

Новоотворената специјализирана продавница за корејска козметика во рамките на компанијата Зегин е место каде негата на кожата се среќава со безвременската убавина.
K-Beauty-Зегин нуди персонализиран пристап за сјајна кожа преку уметноста на корејската козметика.
Инспирирана од вековни ритуали и усовршена со најсовремени иновации, корејската козметика го редефинира модерното искуство за нега на кожата – воздигнувајќи го секојдневниот момент на уживање. Секој производ е прецизно изработен со уникатни ботанички екстракти, клинички докажани активни состојки и сензорни текстури дизајнирани да ја негуваат кожата и да го разбудат сјајот.
Философијата на корејската козметика лежи во верувањето дека убавината е ритуал на самопочит и почит кон природниот ритам на кожата кој дава трансформативни резултати.
Специјализираната продавница K- Beauty- Зегин се наоѓа на бул Партизански Одреди бр.59 спроти Симпо и работи од понеделник до сабота од 08-21 часот.
Ерата на сјај започнува сега!
(ПР)
Економија
Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53 % во однос на одлуката од 15.05.2025 година.
Од 17.5.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,529 (денари/килограм)
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,293%, кај дизелот за 1,021%, кај екстра лесното масло за 4,381% и кај мазутот зголемувањето е за 0,382%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,2495%.
Економија
Средба на Ангеловска-Бежоска и директорката Суперти: СЕПА е историски исчекор, сега банките треба да се подготват

„Пристапувањето кон СЕПА претставува историски напредок на патот кон Европската Унија и потврда за реформите коишто ги предводеше Народната банка за исполнување на високите европски регулативни барања и стандарди во доменот на плаќањата. Народната банка и натаму посветено ќе работи на одржувањето на макроекономската стабилност, како и на надминувањето на предизвиците во сите области на делување заради овозможување усогласеност со европските стандарди.“
Ова беше посочено на состанокот меѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорката за Западен Балкан при Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европската комисија, Валентина Суперти, на кој присуствуваше и Зулфи Исмаили, амбасадор и шеф на Мисијата при ЕУ.
На состанокот се зборуваше и за натамошните активности во доменот на пристапувањето кон СЕПА со што им се овозможува на нашите банки, и покрај тоа што не сме членка на ЕУ, да пристапат до европските платежни системи. Сепак, за користење на придобивките од СЕПА треба да се надминат и сегашните предизвици. Притоа, гувернерката посочи дека централната банка заедно со банкарскиот сектор посветено работи на обезбедување целосна подготвеност за интегрирање во СЕПА до октомври 2025 година, што е првиот можен датум за влез на банките од земјите од Западен Балкан. Во соработка со меѓународните партнери, централната банка и натаму ќе го поттикнува и ќе го олеснува овој премин, обезбедувајќи техничка поддршка и регулаторен надзор за непречен и ефикасен процес на интеграција на банките.
На состанокот, гувернерката Ангеловска-Бежоска ја запозна директорката Суперти со последните макроекономски показатели коишто упатуваат на зајакната макроекономска стабилност, како и зајакната стабилност на банкарскиот систем.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска и директорката Суперти искажаа заемно задоволство од спроведувањето на проектните активности на Народната банка со поддршка од ЕУ за усогласување со највисоките европски стандарди и регулативи и изразија цврсти заложби за продлабочување на соработката.