Економија
(Видео)Митева: Деспотовски да ги објави договорите за државна помош во ТИРЗ
„Tрет ден молк од Јован Деспотовски за катастрофалните резултати кои Македонија ги бележи последните пет години на полето на странските инвестиции. Новите факти кои денес ќе ги објавиме се однесуваат на Извештајот објавен од ДЗР каде се нотираат многу работи за кои очекуваме конкретни одговори“, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
„Донесените уредби по кои се доделува индивидуалната помош на корисниците на ТИРЗ и на индустриските зони не содржат транспарентни критериуми за висината на доделување на државната помош, со вклучени индикатори за мерење на ефектите од нејзиното доделување, давање приоритети, не постои ниту пропишан систем на контрола и оцена на исплатливоста на инвестициите. Со извршената ревизија констатирано е дека доделувањето на државната помош се врши со преговарање од страна на вклучените надлежни државни органи со склучување на поединечен договор со секој корисник. Тука се поставува прашањето дали лично Деспотовски како директор на надлежната Дирекција е вклучен и заслужен за секој договор што го преговара и што е причината за стравот да ги објави тие договори?“ вели Митева.
Таа вели дека „прашањето на кое Деспотовски треба да одговори се однесува на тоа колку од овие нови работни места се од компании кои Деспотовски ги донел во Македонија или, пак, кои се компаниите со најголеми просечни плата и што има Деспотовски конкретно и практично направено, со кои јасни мерки за ова се да случи. Одговорот е ништо“.
„Во Извештајот на ДЗР е нотирано дека од страна на Дирекцијата преземени се почетни активности за изработка на нов Закон за ТИРЗ чија цел е реорганизација на начинот на вршење на дејностите во ТИРЗ и доделување на државната помош. Тука, пак, Деспотовски треба да одговори како можат да се воведуваат нови пристапи и концепти за зоните, а во позадина да има само ‘почетни активности’ за изработка на нов Закон за зоните?“ напомена Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

