Економија
(Видео) Анѓушев: Планот за економски раст ќе поттикне реален развој на стопанството
Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, учествуваше и се обрати на „Самитот на мали земји – нови трендови на бизнисот“, во организација на Стопанската комора на Македонија. Тој истакна дека во насока на поинтензивен економски раст Владата работи на создавање и одржување добри односи со сите земји, за развивање на меѓусебната економска соработка и подобрување на можностите на македонските компании за подигнување на конкурентноста.
„Постојат три можности за овозможување повисоки стапки на раст на домашниот бруто-производ, како што се зголемување на домашната потрошувачка, зголемување на извозот и инвестиции во капитални проекти. Знаеме дека има можности за подобрување на домашната потрошувачка, но тие се лимитирани и токму во таа насока Владата се одлучи растот на БДП да се поттикне преку стимулирање на извозот и со повисоки инвестиции на државата во капитални проекти, како што се изградба на патишта и железница, со особен фокус на Коридорот 8, како и изградба на енергетска инфраструктура“, потенцира Анѓушев.
Во насока на подобрување на конкурентноста на македонските компании, вицепремиерот Анѓушев нагласи дека се донесени мерки за поддршка на стопанството со кои се стимулира технолошкиот развој на компаниите, нови инвестиции и отворање нови работни места за граѓаните. „Планот за економски раст особено внимание посветува на интернационализацијата на македонските компании, односно поддршка за унапредување на нивната конкурентност и зголемување на нивното присуство и учество на странски пазари. Особено е значајно дека Владата, препознавајќи ја потребата на бизнисите за пристап до поголеми пазари, односно до повеќе потрошувачи, креира мерки токму за неповратна финансиска поддршка за компании што ја зголемиле својата конкурентност на нови пазари, како и поддршка на компаниите за освојување нови пазари и пораст на продажбата“, истакна Анѓушев.
Тој претстави дел од мерките од планот за економски раст, со кои се поддржуваат развојни проекти на малите и средните компании. „Најзначајна мерка што сакам особено да ја потенцирам е поддршката на малите и средните претпријатија за подобрување на иновативноста. Преку оваа мерка обезбедена е финансиска поддршка за развој и примена на иновативни решенија кај компаниите преку покривање до 70 отсто од директните трошоци во инвестициски проекти. За малите и средните претпријатија предвидена е финансиска поддршка за технолошки развој на компаниите преку покривање до 30 отсто од директните трошоци во инвестициски проекти“, нагласи Анѓушев.
Преку Законот за финансиската поддршка на инвестициите, кој важи за сите компании, независно од големината и сопственоста, се овозможува голема поддршка за интернационализација и технолошки развој на македонските компании. „Компаниите ќе бидат финансиски поддржани со поврат на 10 отсто од инвестициските трошоци (или 20 отсто доколку станува збор за економија од Западен Балкан) за зголемување на конкурентноста на нови пазари. Дополнително, со цел да се поттикне технолошкиот развој на компаниите и компаниите да применуваат модерни трендови во нивното функционирање, планот за економски раст ќе поддржува воспоставување одделенија за технолошки развој и истражување преку поврат до 50 отсто од вкупните оправдани трошоци за индустриско истражување“, посочи Анѓушев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

