Економија
(Видео) Бектеши: Финансиска полиција ќе ги гони фирмите што го злоупотребија енергетскиот систем
Универзалниот снабдувач ЕВН Хоме ќе ги исфрли од регулираниот пазар сите фирми и општини кои во последните седум месеци го злоупотребија енергетскиот систем и плаќаа цена како домаќинства.
Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави дека тие имаат рок до 1 декември сами да излезат од пазарот, во спротивно универзалниот снабдувач ќе преземе обврска да ги отстрани и тие да продолжат да купуваат струја на слободниот пазар.
– Злоупотребите што ги направија компаниите и општините, а кои нашето министерство ги детектираше уште во месец март, веднаш по почнувањето на енергетската криза, ќе завршат наскоро. Сите имаат рок до 1 декември да се исклучат од регулираниот пазар, по тоа ЕВН ќе преземе обврска да ги отстрани. Ние како министерство доставивме извештаи со сите компании до финансиската полиција. Нивната цел беше да избегнат плаќање на ДДВ од 18% затоа што на регулираниот пазар ДДВ е 5%. Финансиска ќе ги гони сите фирми кои во период од седум месеци го злоупотребија енергетскиот систем – рече Бектеши.
Тој додаде дека од 100 компании кои се префрлиле на регулиран пазар, некои имале право да го направат тоа, а некои не.
– На листите има и големи фирми со над 50 вработени и казина и супермаркети – кажа Бектеши.
Министерот истакна дека граѓаните ќе добијат празнични цени на основните прехранбени производи по склучувањето на договорите на малите компании со ЕВН Продажба, најави министерот за економија, Крешник Бектеши.
Се очекува да бидат потпишани околу 1.000 договори со компаниите кои произведуваат храна, училиштата и малите фирми кои добија можност да купат струја по повластена цена од ЕВН Продажба. Меѓу нив се околу 600 пекарници и тоа треба директно да влијае врз цената на намалување на лебот.
Орце Костов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

