Економија
(Видео) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено
Бербата на винското грозје е при крај а состојбата со откупот на терен е алараманта, рече денеска на прес-конференција, Трајан Димковски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.
„После месец дена од почетокот на откупот над 20 милиони килограми грозје стојат неоткупени. Лозарите се оставени сами, без поддршка од власта, во исчекување дали родот ќе им биде откупен. Ако оваа количина не се откупи во следните неколку дена, грозјето ќе изгуби на квалитет, ќе изгуби во тежина, и дали е тоа целта на Владата на ВМРО ДПМНЕ да грозјето под изговор дека е неквалитетно и како такво биде собрано по многу пониска цена. Затоа и јавно прашуваме дали е ова играта која ја води ВМРО ДПМНЕ“, рече Димковски.
Тој кажа дека Владата ги оставила лозарите на цедило и дозволила винариите да манипулираат и со цените и со откупот на грозјето.
„Деновиве повоторно ветува дека „сѐ ќе било откупено“. Но реалноста на терен е сосема поинаква – откупот се одвива забавено, без јасна стратегија и без одговорност. Манипулациите на власта одат до таму што сега на крај од бербата и откупот најавуваат дека наводно винаријата „ Вардар “ ќе го откупела вишокот грозје – над 20 милиони килограми. Дали владата знае дека оваа винарија последен пат откупувала во 2020 година, и тоа со капацитет од едвај 7 милиони килограми и дали воопшто е познато финансиското портфлио на оваа винарија? Го повикуваме премиерот Мицкоски да излезе на терен меѓу вистинските лозари да ги погледне лозарите в очи, и да понуди реално решение за откуп на грозјето. На лозарите не им треба нов Свед Милк, ново Повардарие, потребна им е вистинска поддршка и конкретни решенија“, рече Димковски.
Оцени дека „оваа влада покажа целосна незаинтересираност за една значајна земјоделска и извозна гранка како што е лозарството од која егзистираат над 11.000 лозарски семејства“.
„Владејачкото мнозинство на ВМРО ДПМНЕ застанаа против лозарите и не го поддржа предлог законот на СДСМ за дополнителна финансиска поддршка за лозарите од 3 денари по килограм грозје и против укинувањето на одредбата која дозволува 8% намалување на откупната цена. СДСМ ќе продолжи да се бори за нивните права, за фер услови и поддршка за секој лозар“, вели Димковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

