Економија
(Видео) Димковски: Третиот пакет економски мерки нуди поголема поддршка на земјоделците
Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, одржа прес-конференција на која беше презентиран третиот столб од новиот пакет економски мерки, а кој е наменет за поддршка на земјоделството. Министерот Димковски посочи дека по завршување на здравствената криза, треба да продолжи развојот на земјоделството, да се искористат сите потенцијали, кои ќе овозможат заживување на секторот по кризата, поголемо производство на земјоделско-прехранбени производи, продолжување на инвестициите.
„Во периодот што следува за земјоделците е важно да имаат рентабилно земјоделско производство, помали производствени трошоци, а поголеми приходи. Затоа, го зголемивме покривањето на трошоците за набавка на зелена нафта од досегашните 30 на 50 отсто. Со оваа мерка ќе бидат опфатени 50.000 земјоделци, а вредноста изнесува 4,6 милиони евра. Обезбедена е поддршка од 5 милиони евра преку поволни кредити од Развојната банка на Северна Македонија. Се работи за веќе постојна редовна кредитната линија за која сега се подобрија и олеснија кредитните услови. Конкретно, се зголеми максималниот износ за кредит од досегашните 300.000 на 500.000 евра. Рокот за отплата на кредитот е зголемен на 24 месеци за кредити за обртни средства, односно на 10 години за кредити за основни средства. Кредитите се со фиксна поволна каматна стапка од 2 отсто“, изјави министерот Димковски. Притоа министерот Димковски посочи дека за оваа постојна линија од Развојната банка на Северна Македонија, со подобрени услови, може да аплицираат микро, мали и средни претпријатија, кои вршат примарно земјоделско производство, преработка на земјоделски производи и извоз на примарни земјоделски производи и нивни преработки.
„Се воведува поддршка за семејниот агробизнис преку финансирање стартап семејни винарници и фарми. Преку новата програма отвораме можност за добивање грантови до 10.000 евра, за опрема за преработка и маркетинг на вино, растителни, месни и млечни производи“, рече министерот Димковски. За да може да ги користат грантовите, земјоделците ќе треба да се регистрираат во согласност со правилниците: правилник за мали винарници во МЗШВ и правилниците за флексибилност за производи од животинско и растително потекло во АХВ. Грантовите, освен за вино, млеко и месни производи, наменети се и за производство за нетрадиционални производи, ароматични, лековити и зачински билки.
Ќе се овозможи продажба на државното земјоделско земјиште и со овој модел земјоделците и стопанствениците ќе имаат поголема сигурност и предвидливост во производството, како и можност да бидат кредитоспособни за да влезат во нови инвестиции и да може да конкурираат за мерките од националните и европските програми. Една од мерките се однесува на издавање на пасиштата на долгорочен закуп. На овој начин сточарите ќе имаат на располагање речиси 500.000 хектари пасишта за напасување на добитокот, ќе имаат стабилност во производството и можност за користење субвенции за одржување на пасиштата.
„Во насока на искористување на сите потенцијали и производство на нови продукти, ќе ги стимулираме винарниците да произведуваат алкохолен дестилат, кој подоцна ќе биде искористен од домашните хемиски компании за производство на средства на дезинфекција. Преку јавно-приватно партнерства во главните извозни гранки – лозарството, тутунскиот сектор и градинарството, ќе овозможиме побрз развој и определена стабилност токму во годините кога се соочуваме со вишок производство. Мапирани се капацитети кои може да бидат обновени и модернизирани и крајно ставени во функција во производство на преработки од тутун, грозје и градинарски производи. На краток рок се очекуваат инвестиции од 10 милиони евра, што ќе значат бенефит не само за земјоделците туку и за домашниот бруто-производ.
Со 50 милиони евра, кредит од Светската банка, ќе го модернизираме нашето земјоделство и ќе ги зголемиме конкурентноста и профитабилноста. Дел од оваа сума ќе се искористи за изградба на откупно-дистрибутивни центри во Скопје, Струмица и во Ресен“, заклучи министерот Димковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

