Економија
(Видео) Заев: Со поддршка од САД ќе спроведеме енергетски проекти од големо значење за земјата и регионот
Од земја што беше ставена на последниот изолиран и маргинален енергетски колосек, Северна Македонија денеска е земја интегрирана во енергетски проекти и вклучена во иницијативи за енергетско поврзување, кои отвораат широки перспективи за брз економски развој, истакна премиерот Зоран Заев на прес-конференција со помошник-државниот секретар за енергетика и ресурси на САД, Францис Фeнон.
На прес-конференцијата беше кажано дека со поддршка на САД, како наш стратешки партнер и сојузник во НАТО, Северна Македонија во претстојниот период ќе забрза и ќе иницира неколку проекти од енергетиката од особено значење за земјата и за регионот и дека како земја што си ја има поставено енергетската независност како цел, за Северна Македонија поврзувањето на енергетските коридори преку Бугарија и Грција се од суштински и долгорочен интерес.
„За време на мојата посета на Атина пред две недели, добивме поддршка од конзорциумот ‘Гастрејд’ за вклучување на Северна Македонија во изградбата на терминалот за течен природен гас во близина на Александрополис во Грција. Со овој проект се создава можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас за нашата земја, која истовремено ќе стане точка од која потоа гасот ќе се дистрибуира и пошироко во регионот и во земјите што ќе покажат интерес“, соопшти премиерот Заев на прес-конференцијата.
„Со државниот секретар Фенон разговаравме и за значењето на поддршката за интерконекторот за гас со Грција“, рече Заев и додаде дека со тоа добиваме уште една можност на снабдување со природен гас од Азербејџан, а истовремено и можност за поврзување на ЛНГ-терминалите во Грција за стабилно и континуирано снабдување со гас, независност и конкурентни цени, што е во согласност со нашата долгогодишна енергетска стратегија.
На заедничката прес-конференција премиерот Заев и помошник-државниот секретар за енергетика и ресурси на САД, Фeнон, информираа и за иницијативата за повторно ставање во функција на нафтоводoт Солун – Скопје, кој е изграден во 2000 година и кој по престанокот со работа на рафинеријата „Окта“ во 2013 година, не е во функција.
Грчката компанија „Хеленик петролеум“ е заинтересирана повторно да го стави овој капацитет во функција и да го надгради како продуктивод на деривати. На тој начин ќе биде создаден ХАБ-центар во Скопје и од овде, освен домашниот пазар, би се снабдувале со деривати како и пазарите на другите земји во регионот.
Премиерот Заев нагласи дека со ова поврзување на Северна Македонија со Грција, со поддршка на Соединетите Американски Држави и на Европската Унија, ја прави нашата земја енергетски коридор за земјите од Југоисточна Европа за алтернативен пристап до значајни енергетски ресурси.
Помошник-државниот секретар за енергетика и ресурси на САД, Фeнон, на прес-конференцијата рече дека вклучувањето на Северна Македонија во овие енергетски проекти ја прави земјата значаен регионален партнер како земја што постигнала многу на планот на енергетските политики и дека со конектирањето со главните енергетски коридори преку Грција ќе се постигнат огромни придобивки за земјата и за сите земји од Западен Балкан и Југоисточна Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

