Контакт

Економија

(Видео) Ковачевски: Годинава постигнавме договор за 30 отсто зголемени откупни цени на грозјето

Објавено пред

Ние сме исклучително среќни што оваа година постигнавме договор со кој што имаме 30 отсто зголемени откупни цени на грозјето“, порача претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање, на манифестацијата „Тиквешки гроздобер 2022″, што се одржува во Кавадарци.

dobivaj vesti na viber

Во продолжение е интегралната изјава на премиерот Ковачевски:

Како што посочи, оваа година покрај тоа што откупната цена на смедеревката и на вранецот беше зголемена на 13 и на 19 отсто, дополнително државата во услови на најголема светска криза издвои дополнителни два денари за секој килограм предадено грозје и дополнително за секој литар извезено грозје уште 2 денари, односно од 2 до 4 денари во просек 3 денари, зависно од амбалажата во која што се извезува. Исто така, како што истакна Ковачевски, поддршка на винариите што е директно поддршка и на лозаропроизводителите.

„Тој договор со винариите и со лозаропроизводителите практично овозможи да имаме успех од почеток на бербата, јас посакувам на сите плодот да им биде на високо ниво, а на винариите им посакувам успех во пласманот на виното надвор од државата. Она што радува е што ние сме втор најголем извозник на вино во регионот. Исто така сме еден од најголемите извозници во светски рамки на вино покрај тоа што сме еден од најголемите извозници во европски рамки и квалитетот на виното секоја година е на повисоко ниво. Веќе за 2/3 е зголемен извозот на флаширано вино во однос на наливно вино што беше случај во минатото и тоа само потврдува дека политиките кои што Владата ги спроведува во изминатите 5 години се на бенефит на винариите и на лозаропроизводителите и секако на државата, бидејќи извозот на вино од државата надмина веќе 61 милион евра во текот на изминатата година што е за 19% повеќе од 2020 година“, изјави премиерот.

На новинарското прашање поврзано со проблемите за откупот на црното грозје, премиерот одговори:

„Сите отворени прашања и нормално сите предизвици кои се јавуваат како и во секој откуп веќе ги има нотирано Министерството за земјоделие на самиот состанок кој што го имавме со сите, Министерот за земјоделие јасно кажа дека инспекторатот е на располагање на сите лозаропроизводители за да интервенираат во секој случај кој што ќе се појави, во кој што ќе има различно толкување на информациите кои што ги имаат и откупувачите и продавачите на грозје.“

Економија

Од 1 декември поскапува парното: сметките повисоки за околу 130 денари

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека од 1 декември цената на топлинската енергија ќе се зголеми за дел од потрошувачите.

dobivaj vesti na viber

Според одлуката, за домаќинствата што се снабдуваат од најголемиот систем – ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Снабдување и ЕСМ Производство – цената се зголемува во просек за 5,9%. За потрошувачите на ЕСМ Енергетика зголемувањето е во просек 7,6%, а за корисниците на Скопје Север – Енерџи Еко Линк во просек 7,7%.

„Од 1 декември просечната сметка ќе биде зголемена за 130 денари – од 2.200 денари на 2.330 денари“, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Тој нагласи дека во следниот период е потребно долгорочно стратешко планирање и сериозна санација и модернизација на топловодната мрежа. Според него, овие инвестиции ќе ги намалат дефектите, ќе го подобрат квалитетот на снабдување и ќе овозможат проширување на мрежата, што би довело до зголемување на конзумот.

Бислимоски повтори дека греењето на парно и понатаму е најекономично, додавајќи дека анализите покажуваат дека доколку сите исклучени потрошувачи се вратат на системот, сметките би се намалиле за околу 10%.

Вкупно 65.000 потрошувачи се снабдуваат со топлинска енергија.

Прикажи повеќе...

Економија

За мерката Самовработување се издвоени 2,5 милијарди денари, кажа Мицкоски

Објавено пред

Од

Самовработувањето е многу важна мерка и во Буџетот се издвоени средства коишто се од износ отприлика 2,5 милијарди денари, или околу 40 милиони евра, што е за 7,5 милиони повеќе од минатата година. И ова е историски највисока поддршка којашто до сега се случила, кажа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на денешната седница за поставување на пратенички прашања.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Мицкоски истакна дека Оперативниот план за самовработување е доказ дека државата инвестира во младите.

„Со овој план во 2025 година ќе бидат опфатени нешто повеќе од 16.500 лица. Нешто што мислам дека е најголем опфат до сега и јасен доказ дека државата практично инвестира во луѓето, а посебно во младите“, рече Мицкоски.

„До пред една недела издадени се вкупно 2.916 ваучери за изработка на бизнис план и дел од тие ги промовиравме во Владата. Оценети се 2.681, при што 1.140 се за млади до 29 години, 912 за лица над 29 години, а 629 за правни субјекти регистрирани како друштва со ограничена одговорност. Во моментот повеќе од 2.500 лица веќе се во процес на потпишување договори. Финансиската поддршка е значително зголемена: 7.000 евра за лица над 29 години или 14.000 евра ако се здружат во ДОО, и 10.000 евра за млади до 29 години или 20.000 евра ако се здружат во ДОО“, нагласи Мицкоски и додаде дека ова е нешто коешто за прв пат се случува во Македонија.

„Морам да кажам дека ги изненади и нашите очекувања и во годините коишто следат очекувам поддршката којашто е дел од овој Оперативен план за самовработување само да се зголемува, бидејќи ако ние со 40 милиони евра успеавме да анимираме повеќе од 16.500 луѓе, тоа е сериозна бројка и убеден сум дека од тие бизниси ќе излезат многу бизниси старт-ап коишто понатаму ќе донесат додадена вредност во македонската економија“, дециден е Мицкоски.

„Ваква поддршка за младите немало. Генерално зборувам, реконструкција на студентските домови, ваучерите за студентите за електронски уред и кога сето ова ќе се земе во предвид, ценам дека како Влада правиме нешто коешто до сега никој не го направил во независна Македонија за младите“, објасни Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Економија

Божиновска: ЕБОР останува еден од нашите најважни партнери во енергетскиот сектор

Објавено пред

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која беше потврден силниот заеднички фокус кон унапредување на енергетската инфраструктура и забрзување на реформските процеси во земјата.

dobivaj vesti na viber

На средбите се разговараше за неколку стратешки проекти што ќе започнат во следната година, меѓу кои и проектот за батериски енергетски систем со капацитет од 300 MWh.

„ЕБОР останува еден од нашите најважни партнери во енергетскиот сектор. На средбата се усогласивме околу финализацијата на неколку стратешки проекти важни за 2026 година, меѓу кои и проектот за батериски енергетски систем на ЕСМ со вкупен капацитет од 300 MWh. Овој проект е клучен за стабилноста и флексибилноста на електроенергетскиот систем,“ истакна Божиновска.

На средбата се разговараше и за следните чекори во подготовката за воведување на ESCO-моделот во земјата. Двете страни ги разгледаа можните области за пилот-проекти и моделот на институционална соработка што ќе обезбеди несметана имплементација.

„ESCO-моделот е нова можност за граѓаните, институциите и целиот систем – модел кој дава реални резултати. Нашата цел е да создадеме јасна рамка, предвидливи процедури и подготвеност за негово постепено воведување,“ додаде министерката.

Министерството за енергетика и ЕБОР договорија во наредниот период да продолжат со заедничка техничка подготовка, со јасен фокус кон обезбедување услови за брза и успешна реализација на проектите што директно ќе ја зајакнат енергетската сигурност на земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

Во мусаката од првата смена пронајдени бактерии, истите откриени и на чешмите во училиштето „Димо Хаџи Димов“

По стомачните тегоби кај десетици ученици во „Димо Хаџи Димов“, инспекциите утврдија нехигиена на чешмите во училниците и кујната. На...

Економија1 час

Од 1 декември поскапува парното: сметките повисоки за околу 130 денари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека од 1 декември цената...

Македонија2 часа

(Видео) Не тргнувајте кон Бит Пазар и Чаир: прославата на албанското знаме направи хаос во сообраќајот

Поради прославата на Денот на албанското знаме, сообраќајот во Чаир попладнево е силно отежнат, а делови од улиците кон Бит...

Македонија3 часа

Мицкоски: Имам информации дека судија известител ставил потпис на извештајот со кој се укинува линеарното покачување на пензиите

„Ќе кажам дека вчера за време на пратеничките прашања бев многу прецизен и кажав дека имам информации дека е отпочната...

Топ4 часа

Mаж најден починат утрово на тротоар на „Илинденска“

Утрово околу 07:00 часот, во полицијата било пријавено дека на тротоар на булеварот „Илинден“ во Скопје бил пронајден починат Т.К....

Македонија5 часа

(Видео) Мицкоски: Без ефикасна и чесна даночна администрација нема силна економија и одржливи јавни финансии

Без ефикасна и чесна даночна администрација нема ниту силна економија, ниту одржливи јавни финансии, ниту држава што може да планира...

Топ5 часа

Струмичанецот што со шприц сакаше насилно да ѝ вшприца на сопругата пестицид ќе одговара за обид за убиство

Струмичанец со шприц сакал насилно да ѝ вбризга на сопругата пестицид. Таа почнала да вика, а двете малолетни деца слушнале...

Македонија6 часа

Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ е исправна и може непречено да се употребува, велат од „Водовод“ по труењето во училиштето

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека по извршениот вонреден мониторинг, водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во...

Македонија6 часа

(Фото) Отстранета дивоградба на улицата Орце Николов, Герасимовски најави расчистување на бесправните објекти

Во рамките на обемната акција за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на деловен објект на улица „Орце...

Свет9 часа

Норвешки ветеран: НАТО влегува во фаза на распаѓање

Во блиска иднина, НАТО не само што би можел да ослабне, туку и да престане да постои како релевантен воено-политички...

Македонија9 часа

Жителите на Чучер-Сандево тргнаа во наплата на изборните ветувања: ја бараат ветената канализација од градоначалникот Зоран Бајовски

Со уредно платени комуналии за куќите жителите на четири улици, кои припаѓаат на Општина Чучер-Сандево, иако се многу поблиску до...

Свет10 часа

Путин постави клучен услов за завршување на војната, Зеленски го отфрла

Рускиот претседател, Владимир Путин, вчера изјави дека ќе ја запре офанзивата во Украина само ако Киев се повлече од териториите...

Свет10 часа

Трамп со драстична мерка: „Трајно ја забранувам миграцијата од третиот свет“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави драстична мерка – трајно суспендирање на миграцијата од сите земји од третиот свет. Шокантната...

Свет19 часа

Зеленски: Украинските и американските делегации ќе изработат „формула за мир“ оваа недела

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денес изјави дека украинските и американските делегации ќе се состанат оваа недела за да ја изработат...

Македонија23 часа

Мицкоски: Ако се жалат судиите со 3-4.000 евра месечни примања, тогаш како им е на дечињата во градинка кои немаат играчки за играње

Реновираме градинки, училишта, цениме дека е поголем приоритет отколку да ги зголемиме платите на судиите и обвинителите. Мислиме дека е...

Македонија1 ден

Поради превенција од свлечиште на Водно надлежните на итна координација

Поради превенција за активирање на свлечиштето на падините на Водно, во близина на улиците „Белградска“ и „Партенија Зографски“, и реалната...

Македонија1 ден

Филков до СДСМ: Груевски има политички азил, се занимавате со циркус, а не со реална работа

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање од Миле Талески од СДСМ, зошто не се бара екстрадиција на...

Македонија1 ден

Мицкоски: Главен фокус в година ќе бидат капиталните инвестиции, целта е да дојдеме до раст на БДП над 4 отсто проценти

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница во Собранието за пратенички прашања истакна дека в година главен фокус на Владата ќе...

Регион1 ден

Нема да биде екстрадиран: Ацо Боцевски, 28 години по убиството, живее во Грција и издава соби

Солунскиот жалбен совет одлучи да не го екстрадира во Македонија 60-годишниот Ацо Боцевски, познат под прекарот Циганот, осуден на повеќегодишна...

Регион1 ден

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: четири лица загинаа во судир на комбе и работна машина – валјак

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово, околу 6:20 часот, на патот помеѓу Ириг и Рума во Србија,...