Економија
(Видео) Ковачевски: Со поедноставените процедури за фотоволтаични централи стимулираме обновливи извори на енергија
Со поедноставените процедури за фотоволтаични централи ги стимулираме инвестициите во обновливи извори на енергија, изјави претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во Делчево при посета на компанија од областа на дрвопреработувачката дејност, која постојано инвестира во нови технологии во производството, а последната инвестиција е во фотоволтаична централа за електрична енергија.
„Грижата за развојот на домашните компании и нашата определба за домашно производство на електрична енергија даваат резултати. Пример за тоа е компанијата Алпин ком каде што сум денес. Мотивација е да се слушне дека една домашна компанија, основана во 2004 година, со дејност во дрвопреработувачката индустрија, прераснува, прво во една од најголемите фирми во регионот во оваа област во која во моментов работат 240 лица, со плата над просечната. Но уште поголема мотивација е да се чуе за нивната нова инвестиција, фотоволтаична централа, на површина од 35 декари, со моќност од 1,8 мегавати, за продажба на електрична енергија“, рече Ковачевски.
Додаде дека компанијата успева да опстои на пазарот, дури и да се развива, во услови на пандемија, а потоа и на економската и енергетската криза предизвикани од светските случувања, со инвестициите во нови технологии на производство, за што во голем дел помогнале антикризните мерки од Владата.
„Овие мерки кои Владата ги донесе во време на ковид-кризата, а кои беа во вкупна вредност од 1.2 милијарди евра, се само еден од пакетите мерки кои ги обезбедивме за граѓаните во изминативе кризни години. Само во 2022 година пакетот мерки за поддршка на граѓаните и стопанството во време на криза достигнаа над 760 милиони евра, пакет кој според Светската банка е најголемиот пакет за поддршка во регионот кој е обезбеден за граѓаните за поддршка за справување со енергетската криза“, рече Ковачевски.
Покрај субвенционирањето на струјата со 80 проценти за домаќинствата и малите потрошувачи, зголемувањето на минималната и просечната плата и пензиите грижата за најранливите категории граѓани и пензионерите со државна помош меѓу 3.000 и 6.000 денари, од вчера обезбедуваме и поевтина струја за компаниите коишто произведуваат основни прехранбени производи за истите да бидат поевтини за граѓаните во оваа тешка зима.
Вчерашните мерки кои ги донесовме на владината седница, вели Ковачевски, ќе овозможат стабилизирање и намалување на цените на основните прехранбени производи и ќе обезбедат непречено функционирање на виталните институции.
„Донесовме одлуки со кои обезбедуваме поевтина струја од 80 евра по мегават/час за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи. Со оваа одлука цените на основните прехранбени производи, лебот, брашното, млекото и млечните производи, маслото за јадење, месото и живината, пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија ќе се стабилизираат. Веќе беше јавно соопштено од производителите на основни производи дека со ваква одлука цените би требало да се намалат за најмалку 10 отсто“, додаде премиерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем
Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.
Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
· Кабинетски батерии
· Контејнерски батериски системи
Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
· проектирање на батерискиот систем
· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
· пуштање на батеријата во работа
· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
· 24/7 мониторинг на батерискиот систем
· одржување на батерискиот систем
· приклучување во нашата балансна група
· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/5122 809
075 277 354
ПР
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

