Економија
(Видео) Мицкоски: За три месеци, потрошени се 120 милиони евра од буџетскиот дефицит за корумпирање избори
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција изјави дека и без пандемијата на коронавирусот, Владата ја туркала економијата кон банкрот. Како што рече Мицкоски, врз буџетот од страна на Владата бил направен смислен и добро организиран грабеж на народните пари, а тоа го покажува и реализацијата на буџетот, што го објави Министерството за финансии.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ обвини дека во првите три месеци од годината, со цел да се покријат изборите што требаше да се случат, потрошени се 43 проценти од буџетскиот дефицит планиран за целата година, или 120 милиони евра.
„Потрошиле 120 милиони евра повеќе од тоа што собрале во буџетот, а нас нè убедуваа дека блескаме и дека буџетот е ликвиден. Или со други зборови, го задолжиле секое македонско семејство со дополнителни 15 илјади денари во просек, само од почетокот на годината заклучно со крајот на март. Оваа состојба денес надополнета со корона-кризата е уште полоша“, тврди Мицкоски.
„Замислете, во исто така изборна година – 2019, буџетскиот дефицит во првите три месеци, односно тоа се средства помалку собрани од буџетот отколку потрошени во периодот јануари, февруари и март, изнесува нешто над 18 отсто, а за истиот тој период во 2020 година Зоран Заев и ова раководство на СДСМ, водејќи се исклучиво од лукративни мотиви, а со цел да постигнат подобар резултат на предвремените парламентарни избори во услови кога во светот владее пандемија на Ковид-19, извршуваат грабеж на народните пари во буџетот и трошат 43 отсто од буџетскиот дефицит. Односно, да бидам попрецизен, во првите три месеци СДСМ и Владата на Зоран Заев потрошиле 120 милиони евра, народни пари, повеќе отколку што за тој период собрале во буџетот. Ако се анализираат трите години наназад – 2019, 2018 и 2017 – ќе може да се забележи дека тој буџетски дефицит во првите три месеци се движи помеѓу 50 и 57 и пол милиони евра. Два и полпати повеќе е направен грабеж од страна на СДСМ и Зоран Заев на народните пари преку буџетот на Република Македонија, а со една цел – обид за поткуп и постигнување подобар резултат на предвремените парламентарни избори, кои требаше да се одржат на 12 април оваа година“, додаде Мицкоски.
Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со стотици експерти од земјава и странство работи на изготвување сериозен план кој ќе ја врати Македонија повторно на победничките патеки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

