Економија
(Видео) Николовски: Ги преземаме сите мерки за заштита на пчелите и развој на пчеларството
Од оваа година првпат и земјава се вклучи во одбележување на Светскиот ден на пчелата. По тој повод, денеска министерот Љупчо Николовски присуствуваше на манифестацијата организирана од Сојузот на пчеларските здруженија, а поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. На денешниот Светски ден на пчелата целиот свет се потсетува на важноста на пчелите за животната средина и се испаќаат пораки за заштита на пчелите.
Министерот изрази посебна благодарност до Република Словенија и до Амбасадата на Словенија во Република Северна Македонија за нивната заложба и иницијатива до Организацијата на Обединетите нации 20 мај да биде прогласен за Светски ден на пчелата.
„Република Северна Македонија беше дел од земјите што ја поддржаа оваа иницијатива и активно се вклучи во политиките за заштита на пчелите. Минатата година во Словенија, кога првпат се одбележа Светскиот ден на пчелата, потпишавме декларација со која се обврзавме на преземање мерки за поддршка и заштита на пчелите и на другите опрашувачи. Владата на Република Северна Македонија и МЗШВ ќе дадат силен придонес во процесите на зачувување на пчелите и развој на овој сектор бидејќи пчеларството е навистина важна стопанско-прехранбена гранка. Денес, испраќаме порака дека зависиме од пчелите и од другите опрашувачи. Затоа, наша должност и обврска е секојдневно да работиме на заштита на пчелите бидејќи тоа е важно за нашата иднина, за решавање на проблемите поврзани со глобалното снабдување со храна и за справување со гладот во светот“, изјави министерот Николовски.

Пчелите се под голема закана од комбинираните ефекти на климатските промени, интензивното земјоделство, пестицидите, загубата на диверзитетот и загадувањето. Со поддршка од Светската здравствена организација, Организацијата за храна и земјоделство -ФАО го разви меѓународниот кодекс на управување со пестициди, што обезбедува најдобри практики што може да помогнат во намалување на изложеноста на опрашувачите на пестициди. РСМ како држава активно се вклучува во преземање сите мерки што ќе придонесат за заштита на пчелите преку едукација особено во делот на правилна употреба на пестицидите.
Пчеларството е гранка што има важен придонес во земјоделскиот сектор и во зачувување на животната средина. Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е силно посветена на развојот на оваа значајна земјоделска гранка. Преку програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и ИПАРД-програмата создаваме институционална поддршка за пчеларството, со што директно го поттикнуваме зголемувањето на пчелните семејства и целокупниот капацитет на пчеларскиот сектор. Бројот на пчелни семејства последните три години бележи пораст и според последните податоци за пријавени субвенции за 2018 година изнесува 240.000 пчелни семејства. Со техничка поддршка од словенечкото Министерство за земјоделство, шумарство и прехрана, МЗШВ ќе почне да работи на модел на пребројување на пчелните семејства со цел да се добие точна бројка, што е важно за понатамошните политики за развој на оваа гранка и за поделбата на субвенциите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

